Региони во Бразил
територијална единица на Бразил
(Пренасочено од Региони на Бразил)
Бразил моментално е поделен на пет региони (нарекувани исто така макрорегиони) од страна на Бразилскиот институт за географија и статистика (БИГС). Овие региони се создадени според културната, економската и иcториска сличност, како и според социjалните аспекти.
Северен Регион
уреди- Површина: 3,869,637.,9 км2 (45.27%)
- Население: 12,833,383 (3.31 ж/км2; 6.2%)
- БДП: ~$9.6 милијарди (2%)
- ИЧР: ~0.764
- Клима: Екваторска
- Држави: Акре, Амапа, Амазон, Пара, Рондонија, Рораима и Токантинс
- Поголеми градови: Манаус (1,403,796); Белем (1,279,861); Ананиндеуа (392,947); Порто Вељо (314,525); Макапа (282,745); Сантарем (262,721); Рио Бранко (252,885); Боа Вишта (220,383); Палмаш (208,000).
- Економија: Железо, енергетско производство, производство на електроника, Латекс, Туризам.
- Транспорт: Автопати се ретки и се концентрирани повеќе на исток.
- Вегетација: Скоро целиот регион е покриен со амазонска дождовна шума, освен државата Токантинс.
Североисточен Регион
уреди- Површина: 1,561,177 км2 (18.3%)
- Население: 47,700,000 (30.55 ж/км2; 27%)
- БДП: ~$48.1 билиони (~12%)
- ИЧР: ~0.716
- Клима: тропска; полуекваторска во западниот дел.
- Држави: Алагоас, Баија, Сеара, Марањао, Параиба, Пернамбуко, Пјауи, Северно Рио Гранде, Сержипе
- Поголеми градови: Салвадор (2.892.625); Форталеза (2.138.234); Ресифе (1.421.993); Сао Луиш (868.047); Масејо (796.842); Натал (789.836); Тересина (714.583); Жоао Песоа (595.429); Жабоатао дос Гуарарапес; (580.795); Феира де Сантана (481.137); Аракажу (461.083); Олинда (368.666); Кампина Гранде (354.546).
- Економија: Туризам, Кокос, Машинско производство, Текстил.
- Транспорт: Доста автопати.
- Вегетација: Во главно пустинска вегетација, со тропски шуми покрај брегот.
Централно-западен Регион
уредиБразил |
Оваа статија е дел од темата: |
|
Општо
|
|
- Површина: 1,612,077.2 км2 (18.86%)
- Население: 11,616,750 (7.2 ж/км2; 6.4%)
- БДП: ~$40 билиони (8%)
- ИЧР: ~0.818
- Клима: Тропска на исток и запад, Екваторска на север..
- Држави: Гојас, Мато Гросо, Јужно Мато Гросо, Бразилски Федерален Округ.
- Поголеми градови: Бразилија (2,043,169); Гојанија (1,090,737); Кампо Гранде (662,534); Кујаба (483,044); Апаресида де Гојанија (335,849); Анаполис (287,666).
- Економија: Соја, туризам.
- Транспорт: Автопати на централниот и источниот дел; патување по река на север.
- Вегетација: Наводнети области во западниот дел, екваторка дождовна шума на север.
Југоисточен Регион
уреди- Површина: 927,286 км2 (10.85%)
- Население: 72,300,000 (77.96 people/км2, 38%)
- БДП: ~$320 билиони (58,5%)
- ИЧР: ~0.817
- Клима: Тропска на северозапад.
- Држави: Еспирито Санто, Минас Жераис, Рио де Жанеиро, Саун Пауло
- Поголеми градови: Саун Пауло (10,405,867); Рио де Жанеиро (5,851,914); Бело Хоризонте (2,232,747); Гуаруљос (1,071,268); Кампинас (968.172); Нова Игоасу (915,366); Сао Гонсало (889,828); Дике де Каксиас (770,865); Сао Бернардо до Кампо (701,289); Осаско (650,993); Санто Андре (648,443); Контагем (600,236); Сао Жозе дос Кампос (610,965); Рибеирао Прето (505,053); Уберландија (500,488); Сорокаба (494,649); Нитерои (458,465); Жуиз де Фора (456,432); Сантос (412,243), Вила Бела (357,952), Жундиај (340,907), Бауру (310,000), Виториа (291,941)
- Економија: Производство (машинерија, електроника, автомобили и авиација), кафе, шеќер, туризам, нафта, текстил, енергетско производство.
- Транспорт: Доста развиена транспортна мрежа.
- Вегетација: тропска.
Јужен Регион
уреди- Површина: 577,214 км2 (6.75%)
- Население: 25,800,000 (43,46 ж/км2, 12.5%)
- БДП: ~$91,5 милијарди (16.5%)
- ИЧР: ~0,831
- Клима: суптропска.
- Држави: Парана, Јужно Рио Гранде, Санта Катарина
- Поголеми градови: Куритуба (1,828,092); Порто Алегре (1,441,554); Лондрина (446,822); Џонвил (429,004); Каксиас до Сул (360,223); Флорианополис (341,781); Пелоташ (323,034); Каноаш (305,711); Маринга (288,465); Понта Гроса (281,000); Блуменау (277,500); Каскавел (273,000); Фоз до Игоасу (269,585); Санта Марија (243,396), Рио Гранде (238,000)
- Економија: Машинска и автомобилска индустрија, текстил, туризам.
- Транспорт: Доста развиена транспортна мрежа.
- Вегетација: Дождовна шума покрај брегот.
Белешка
уреди- Населението на градовите е дадено без агломерацијата.