Јужно Рио Гранде

сојузна држава во Бразил


Јужно Рио Гранде (португалски: Rio Grande do Sul) е најјужната држава во Бразил. Во оваа држава се наоѓаат најјужните градови на федерацијата и градови силно влијание од европската култура и архитектура.

Јужно Рио Гранде
Знаме на Јужно Рио Гранде Грб на Јужно Рио Гранде
Местоположба на Јужно Рио Гранде во Бразил
Главен град
(и најголем град)
Порто Алегре
Демоним Гаучо
Влада
 -  Гувернер Једа Крусиус
 -  Заменик гувернер Пауло Афонсо Феижо
Население
 -  2006 , проценка 10.963.216 (5-та)
 -  2005 , попис 10.854.343 
 -  Густина 38.9/км2 (101/sq mi) (13-та)
БНП 2006 , проценка
 -  Вкупно R$ 156.883.000.000 (4-та)
 -  По глава на жител R$ 14.310 (6-та)
ИЧР (2005) 0.832 (high) (4-та)
Кратенка BR-RS
Часовен појас BRT (UTC-3)
 -  Лето (DST) BRST (UTC-2)

ГеографијаУреди

КлимаУреди

 
Кањонот на Итаимбезињо.

ЕкорегиониУреди

Неколку екорегиони се протегаат низ државава. Во северниот агол, помеѓу Сера до Мар/Сера Жерал и атлантикот, лежи јужната наставка на Сера до Мар брежни шуми, синџир вечно зелении тропски шуми се протега по северната брегова линија се до државата Рио де Жанеиро. Парања-Параибска внатрешна шума лежи во јужниот дел шумите Араукариа.

Јужниот дел на државава е покриоен со Уругвајска савана или пампа, која се протега и во Уругвај, во долина наречена Сераш до Судесте (Југоисточна планинска верига.


ИсторијаУреди

За време на колонијалниот период, ЈРГ била место на крвави војни: спорот помеѓу Португалија и Шпанија за Колонија Сакраменто, и Гуаринитинската војна.

Гуаранитинска војнаУреди

(Main article: Гуарани војна)

Касплатинанска војнаУреди

(Main article: Аргентинско-Бразилска војна)

фарапош војнаУреди

(Main article: Татерска војна)

Заселување на Јужно Рио Гранде било главна тема за португалците. Поради тоа Метрополитанската круна делела земја на доста пданици[1]

Во веќе доделената земја, одгледувањето на говеда било основната економска активност. Гуараните, под Језуитска управа, почнале да одгледуваат говеда во Миссоес[2].

Азорските запоседници, од друга страна, биле заинтересирани за одгледување на пченица, се до почетокот на 19-ти век ЈРГ основно извезувала пченица[3].

Сепак, со започнувањета на производство на чаркеади покрај јужниот брег, отворило нови возможности, и од тогаш, наместо добитокот да се мести од Сао Паоло, може веке да се продава и во регионот Пелоташ, и потоа да се транспортира по море до Сантош, Рио де Жанеиро и други бразилски држави.[4].

Се до 1830, политичката нестабилност во Аргентина и Уругвај идела во прилог на производството на месо во Пелоташ. Но со воспоставувањето мир, тие станале конкуренција.[5], and by their use of free labour, instead of slavery[6]. Ова ескалирало во бунт во 1835.

Бунтов, познат како Фарапош Војна траел десет години. Бунтовниците повеќепати го напаѓале Порто Алегре, но од таму се изгонети во јуни 1836, од тогаш империјата ставила под контрола доста од крајбрежните територии. 1839 бунтовниците ја окупирале Санта Катарина, и ја прогласиле Република Јулиана. Скоро империјата ја вратила свијата власт.[7].

 
Бунтовничка коњаница за време на Фарапош војната.

Провинцијава истрпела доста за време на војнава, но брзо се обновила, во главно поради новата нестабилност во Аргентина и Уругвај[8].

Конфликт со соседитеУреди

Во средината на 19-от век. Јужно Рио Гранде циклично предизвикувала војна помеѓу соседите. Војни против Аргентина и Уругвај (симнувањето на Хуан Мануел Росас, аргентински диктатор, и Мануел Сеферионо Орибе и Вијана, Уругвајски претседател, 1852) и интервенцијата во Уругвај (симнувањето на Атанасио Круз Агуире, 1864), ова по себе довело до интервенцијата на Парагвај и војна на тројната алијанса. Во војната против Росас, 75% од бразилските трупи биле гаучоси. [9].

Парагвајска војнаУреди

(Main article: Војна на тројната алијанса)

За време на оваа долга и крвава војна против Парагвај, Јужно Рио Гаранде била втор фронт. Но, во 1865-та Парагвајска дивизија навлегла во државава, окупирајки ја Уругвајана до 5-ти август. До 16-ти авгист, трупи на тројната алијанса ја опколиле Уругвајана, и до 17 септември, ултиматум бил доставен го Генерал Естигарибиа, командант на парагвајската дивизија, немајки можност за одбрана на местото парагвајците се предале под условност наредниот ден[10].

Доцна ИмперијаУреди

Политичка агитација била доста застапена во ЈРГ, но не толку важна револуција се случила по договорот од Понче верде во 1845-та.

Револуцијата во 1893-таУреди

Во војнава револуционерите успеале да ги окупираат Санта Катарина и Парања, заземајки ја Коритиба, но биле победени поради недостиог на муниција.

Револуцијата во 1923-таУреди

Во 1923-та, граѓанска војна избила помеѓу подржувачите на Државниот претседателc Боргеш де Медејрош и опозиционите приврзаници на Партијата за Слобода и Асис Бразил.

Револуцијата во 1930-таУреди

Во 1930-та, Државниот претседател Гетуљо Варгаш, по неуспешната изборна трка со проотивканддатот од Сао Паоло, Жулио Престеш, повел револт против федералната управа, и успеал да ја симне. Што довело ди негова диктатура во 1937.

ДемографијаУреди

 
Куќа изградена во 19-от век од страна на Италијански имигранти во каксиас до Сул.

Според БИГС, 2008-ма, населението брои 11,103,000, со густина на населеност 38.53 ж/km2.

Урбанизација: 80.8% (2004); Национален прираст: 1.2% (1991-2000); Домаќинства: 3,464,544 (2005).[11]

Структура: 9,137,769 Бели (82.3%), 1,265,742 Пардо (11.4%), 655,077 Црни (5.9%), 44,412 Азијати или Домородци (0.4%).[12]

Луѓе со Португалско потекло предоминираат во крајбрежните области и во југот. Луѓе со Германско потекло предоминираат во долината Синош (Ново Хамбурго, Сао Леополдо, итн) и во делови од централните и западните области. Луѓе со Италијанско потекло предоминираат во планините (Серра Гауча, Каксиас до Сул, Бенто Гонсалвес, итн) и во делови од централните и западните региони. Постои бројно Полско и Украинско население низ државава.[13]

 
Споменик во Порто Алегре во чест на Азорските имигранти.

Луѓе со Африканско потекло се концентрирани во престолнината и во некои градови на југот, како Пелоташ и Рио Гранде. Во јужниот дел на државава исто така има и бројно Домородно население.

Регионот што денес е Јужно Рио Гранде прво бил населен од Домородни народи, воглавно Гуарани и Каинганг.[14] Европјани почнале да се населуваат од 1627, воглавно Шпански Језуити. Португалски Језуити основале основале Индијански редуктори (населени места со цел асимилирање на домородци) во 1687 и задоминирале во регионов. Повеќето Индијанци од регионов преминале кон католицизам. Овие редукционизми биле уништени од страна на Бандеирантите (знаменосците) од Сао Паоло во 18 век, кои што сакале да ги поробат индијанците. Португалскиот град Јужно Рио Гранде значајно се зголемил помеѓу 1748 и 1756, со доаѓањето на 2.000 имигранти од Азорските острови, Португалија. Црнците представувале 50% од населението на ЈРГ во 1822. Оваа пропорција намалила на 25% во 1858 до само 5.2% во 2005..[15]

Германски имигранти прво пристигнале во Јужен Бразил во 1824. Првиот ницен град бил Сао Леополдо. .[16]

Италијански имигранти започнале да доаѓаат во ЈРГ во 1875. Повеќето биле сиромашни селани од Венето, Северна Италија, кои биле привлечени во Јужен Бразил заради можноста да имаат свои фарми.[17]

ЕкономијаУреди

 
Порто Алегре, престолнина.

Индустрискиот сектор зазема 42.6%, следен од секторот за услуги со 41.1%. Земјоделието представува 16.3% од БДП (2004).

Удел во бразилската економија: 6.7% (2005).

Ова е една од најпросперитетните бразилски држави, државава е позната по производството на жито, лозарство, ранчеви и цвојата индустрија. Главно извезува чевли, тутун, автомобили, жито, телешко месо, кожа (материјал) и хемиски производи.

ТривијаУреди

Возила: 3,716,440 (март/2007); Мобилни телефони: 7.7 милиони (април/2007); Телефони: 2.6 милиони (април/2007); Градови: 496 (2007).[18]


ОбразованиеУреди

Португалскиот е официјален. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

Образовни институцииУреди


ИнфраструктураУреди

Интернационални аеродромиУреди

Интернационален аеродром Салгадо Фиљо, Со 37.6 илјади квадратни метри конструкција од четири нивоа, терминалот на аеродромов може да земе 28 големи авиони симултано. Дневна квота (полети и долети) 174.

Меѓународен аеродром Краемер лоциране е во руралната зона Баџе, 60 км од Уругвајската граница и 380 км од Порто Алегре.

Лоциран на границата со Аргентина (на Paso de los Libres (Преминот на Слободните)), Уругвајана се смета за главен внатрешен аеродром на Латинска Америка, благодарение на стратегиската положба помеѓу земмјите на Меркосур.

АвтопатиУреди

BR-101, BR-285, BR-290, BR-290.


КултураУреди

 
Локалното население (Гаучо) во традиционални носии.

Јужно Рио Гранде е абривеирана како една од ржавите со најбогата култура во Бразил. Музиката во Јужно Рио Гранде е мешавина од многу стилови (Прата ритми во основа), вклучувајки Шамаме, Милонга, Полка и Чакарера. Жителите се познати по пијалокот чимараро, локална верзија на мате коешто се пие во соседните Уругвај и Аргентина.

Секој регион во државава си има своја културна приказна. Помеѓу пампаите, културата е сѐ уште под силно влијание на старите Гаучоси. Гаучо е термин којшто може да се користи за посочување на било кој роден во Јужно Рио Гранде.

Други делови од државава имаат "пост-гаучо" култура, влијаена главно од Германски или Италијански имигранти.

ЈазикУреди

Како и во цел Бразил, Португалскиот е основен, но, сепак во државава има некои свои особености. Изрази од Шпанско потекло се присутни, поради близоста на Аргентина и Уругвај и нивното заедничко Гуачо минато. Жителите на Јужно Рио Гранде зборуваат португалски со шпански акцент..[се бара извор] Зборови од домородниот гварански јазик исто така ја соочинуваат локалната граматика. Има исто така и влијание од Германскиот и Италијанскиот.[се бара извор]

Туризам и рекреацијаУреди

 
Плажа Гуарита во Торес.
  Главна статија: „Палеорота.

Јужно Рио Гранде има голем потенцијал во палеонтолошкиот туризам, со многу палеонтолошки знаменитости и музеи во геопаркот палеорота. Голем дел од централноста припаѓа на тријасот. Овде живееле Rhynchosaur, thecodont, exaeretodon, Staurikosaurus, Guaibasaurus, Saturnalia tupiniquim, Sacisaurus, Unaysaurus и други.

Екотуризамот е доста популарен во огрманените градови Грамадо и Канела; Нивната ладна клима привлекува доста туристи. Туризмот е исто така развиен и во вино регионите на државава, посебно во Каксиас до Сул и Бенто Гонсалвес. Пампасите од домородниот Блазилски етникум Гаучо се домашна и меѓународна љубопитност.

Плажа Нова до Мар, во градот Ксангри-Ла, Јужно Рио Гранде, Бразил.

Поголеми градовиУреди

 
Бразилскиот супермодел Жизел Бундшен е по потекло од Јужно Рио Гранде.

Порто Алегре (престолнина), Каксиас до Сул, Пелоташ, Каноас, Санта Марија, Сао Леополдо, Нов Хамбург, Рио Гранде, Пасо Фундо, Озорио, Санта Круз до Сул, Ерехим, Граватај, Бенто Гонсалвес, Нова Прата, Уругванија, Сантана до Ливраменто, Грамадо, Игрежиња, Нов Петрополис, Канела и Баѓе.

НаводиУреди

  1. Luddock, John. Notes on Rio de Janeiro and the Southern Parts of Brazil; cited by Love, Joseph, op. cit., p. 10.
  2. Love, Joseph. Op. cit, p. 10
  3. Love, Joseph. Op. cit, p. 10
  4. Love, Joseph. Op. cit, p. 10-11
  5. Love, Joseph. Op. cit, p. 11
  6. Cardoso, Fernando Henrique. Capitalismo e Escravidão no Brasil Meridional
  7. Love, Joseph. Op. cit, p. 15
  8. Love, Joseph. Op. cit, p. 16, footnote
  9. Love, Joseph. Op. cit., p 16
  10. http://www.momentodeuruguaiana.com.br/menu/memoria/memoria187.htm
  11. Извор: PNAD.
  12. (на Portuguese) (PDF). Rio Grande do Sul, Brazil: IBGE. 2008. ISBN 85-240-3919-1. http://www.ibge.gov.br/home/estatistica/populacao/condicaodevida/indicadoresminimos/sinteseindicsociais2008/indic_sociais2008.pdf. посет. 4 февруари 2009 г. 
  13. RS VIRTUAL - O Rio Grande do Sul na Internet - História - Colonização
  14. Página do Gaúcho - Índios - Os grupos indígenas e sua distribuição
  15. RS VIRTUAL - O Rio Grande do Sul na Internet - História - Colonização - Negros - A história dos gaúchos sem história
  16. Germans
  17. Italians
  18. Извор: БИГС.

  Оваа статија вклучуваат текст од дело кое сега е во јавна сопственост „“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press. (англиски)


Види исто такаУреди