Федерален округ (Бразил)

Федералниот округ (порт. Distrito Federal) е наменет за Бразилија, престолнината на Бразил. Се наоѓа во регионот Планалтоl, Фд е поделен на 19 административни региони.

Бразилски Федерален округ
Знаме на ФД Грб на ФД
Знаме Грб


Положба на ФД
Положба на ФД
Главен град Бразилија
Најголем град Бразилија
Службен јазик Португалски
 - Гувернатор Жозе Роберто Аруда
 - Вице Гувернатор Пауло Октавио
Површина  
 - Вкупно 5,802 км² ({{{површина поредок}}}.)
 - Вода (%) {{{вода}}}%
Население  
 - 2006 2,383,784 ({{{население поредок}}}.)
 - Густина 410/km² ({{{густина поредок}}}.)
БДП (ПКС) 2007 приб.
 - Вкупно 80,517,000,000 ({{{БДП поредок}}}.)
 - По глава на жител 37,510 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.)
ИЧР (2007) 0.874 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок
Валута
Часовен појас UTC {{{часовен појас}}}
НДД [[]]
Повикувачки број +

Историја уреди

Владата на Бразил е преселена во ФД на 2 април 1960, којшто тогаш е отделен од Гојас и Минаш Жераис. Пред тоа седиштето било во Рио. Во почетокот населението биле работници коишто го граделе градот и државни службеници. По оригинален проект е планиран за милион жители но веќе одамна го надминал тој број.

Демографија уреди

Според БИГС 2007, 2,393,000 лиѓе живеат во ФД. Густината е 410.9 ж/km2.

 
Централна автобуска станица (Rodoviária)

Урбанизација: 94% (2006); Прираст: 2.8% (1991-2000); Домаќинства: 697,000 (2006).[1]

Структура: 1,160,605 Пардо (48.5%), 1,052,920 Бели Бразилци (44.0%), 157,000 Афро-Бразилци(6.6%), 21,000 Азијати или Домородци (0.9%).[2]

Туризам и рекреација уреди

Градсиот парк – Сара кубитчек

 
Парк.

“Parque da Cidade” градскиот парк, крстен по бразилскиот претседател Жисќелињо Кубитчек, се протега на четири милиони квадратни метри.

Метрополиска Катедрала на Бразилија

 
Метрополиска Катедрала Носа Сњора Апаресида

Проектирана од Оскар Ниемејер, е со кружна форма, со 16 извиени столбови украсени со стакло, дизаннирани од Маријана Перети. Содржи слики од Ди Кавалканти и Атос Булкао.

Плоштад “Три Моќи”

Praça dos Três Poderes ги концентрира едни од најважните згради и е проектиран од Оскар Ниемејер – Planalto, седиштето на Бразилското претседателство; националниот конгрес, комората на пратеници;

Тривијалност уреди

Возила: 910,502 (март/2007); Мобилни телефони: 2,7 милиони (април/2007); Телефони: 884 илјади (Април/2007); Градови: 1 (2007).[3]Површина: ДФ е двапати колку Токио, островот Мауи (Хаваи, САД). Колку: Француска Полинезија, Род (САД), Капе Верде (Африка).

Економија уреди

Секторот за услуги зазема најмногу од БДП со 92.5%, следен од индустрискиот сектор со 7.1%. Земјоделието зазема 0.4% од БДП (2004). БФД извезува: соја 77.1% и злато 16.4% (2002).

Удел во Бразилската економија: 3.7% (2005).

Образование уреди

Португалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.

 
Национален музеј на Бразилија.

Образовни институции уреди

  • Бразилиски Универзитет (UnB);
  • Универзитетски центар на Бразилија (UniCEUB);
  • Универзитетски центар на Федералниот округ (UniDF);
  • Евроамерикански Универзитетски центар (UNIEURO);
  • Паулистички Универзитет (UniP);
  • и други.

Инфраструктура уреди

Меѓународниот аеродром уреди

Бразилискиот меѓународен Аеродром е трет по големина во Бразил во однос на патници. Поради стратегиската местоположба е значајна воздухопловна точка. Поради тоа има голем број на летови. Капацитетот е 7,4 милиони патници годишно.

Метро уреди

 
Метро во Бразилија.

Brasília Metro е метро мрежа на федералниот округ. Се оперира од Companhia do Metropolitano do Distrito Federal. Системот има десет станици и две линии.

Спорт уреди

Слободно летање

Бразилија е позната како почетна точка на Слободно летање, спорт што се практикува со параглајдови крилја. Престолнинава била домаќин на Светското првенство во слободно летање во 2003 г.

Знаме уреди

Белата ппозадина на знамето го означува ирот, и ја дава идејата за безкрајност, односно големата Бразилска земја. Зелената и црвената боја во средината се врска со националното знаме како претсавители на Бразил Четирите жолти стрелки ги претставуваат домородните народи на Бразил, нивната насока во четирите кардинални насоки на компасот го означуваат централното водство на Бразилија, како престолнина. Жолтите стрели исто така формираат крст, симболизирајќи го Јужниот Крст, виден само во јужната полутопка е римокатолички симбол донесен од Педро Алварес Кабрал.

Знамето е создадено од поетот и хералдичарот Гуиљерме да Алмеида, и е адоптирано со декрет на 25 август 1969.

Гласачки права уреди

Граѓаните на Федералниот округ избираат 8 претставници и три сенатори.

Наводи уреди

Поврзано уреди

Координати: 15°46′48″S 47°55′48″W / 15.78000° ЈГШ; 47.93000° ЗГД / -15.78000; -47.93000

  1. Source: БИГС.
  2. Síntese de Indicadores Sociais 2007 (PDF) (португалски). Brazilian Federal District, Brazil: IBGE. 2007. ISBN 85-240-3919-1. Посетено на 2007-07-18.
  3. Source: БИГС.