Манојло Вељановски
Манојло Василев Вељановски (1925 во Растојца, Демирхисарско — 28 август 1944 во Кичево) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиМанојло Василев Вељановски е роден во селото Растојца. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил во јуни 1944 година. Меѓутоа како симпатизер ја помагал од порано. Припаѓал на Првата македонско-косовска бригада. Загинал во борбите околу Кичево, на 28 август 1944 година.[1]