Трајан Деспотовски
Трајан Петров Деспотовски (1925 во Растојца, Демирхисарско — 28 јули 1944 во Кичево) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиТрајан Петров Деспотовски е роден во селото Растојца. По занимање бил земјоделец. Како активен помагач на движењето, во јули 1944 година, се приклучил во НОБ. Бил борец во составот на Првата македонско-косовска бригада. Загинал на 28 јули 1944 година во борба против непријателот во Кичево.[1]