Европски универзитет (Скопје)
Прв приватен универзитет - Европски универзитет - Република Македонија (ЕУРМ) — приватен акредитиран универзитет на подрачјето на Република Македонија кој изникнува од темелите на Факултетот за општествени науки. Акредитиран од одборот за акредитација на 1 јуни 2005 година Европскиот универзитет – Република Македонија е приватен акредитиран универзитет кој нуди современо образование и кој постојано ги развива и надградува процесот на стекнување на знаење во согласност со современите светски образовни трендови.
Историја
уредиУниверзитет | Резултат |
---|---|
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ | 100 |
Универзитет „Гоце Делчев“ | 85,9 |
Универзитет на Југоисточна Европа | 84,3 |
Универзитет за информатички науки и технологии „Свети апостол Павле“ |
83,9 |
Универзитет „Св. Климент Охридски“ | 83 |
Универзитет Американ Колеџ Скопје | 80,7 |
Меѓународен балкански универзитет | 75,5 |
ФОН Универзитет | 58,9 |
Државен универзитет во Тетово | 56,4 |
Европски универзитет | 47,6 |
Приватна висока стручна школа за новинарство и односи со јавност |
46,8 |
Приватна висока стручна школа „Еуроколеџ“ − Куманово | 46 |
Приватна висока стручна школа „Факултет за бизнис економија“ − НЕОКОМ |
45,7 |
Универзитет за туризам и менаџмент | 43,2 |
Меѓународен универзитет Струга | 41,8 |
Меѓународен славјански институт „Г.Р. Державин“ | 41,7 |
МИТ универзитет | 41 |
Приватна висока стручна школа „Бизнис академија Смилевски“ |
40,3 |
Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА | 35,5 |
Универзитет Евро-Балкан | 20,8 |
Историјата на Европскиот универзитет – Република Македонија започнува со основањето на Факултетот за општествени науки (ФОН) во 2001 година. Активностите на Европскиот универзитет беа признати на 1 јуни 2005 кога e акредитиран од страна на Одборот за акредитација на Р Македонија.
Следната, 2006 година е впечатлива по основањето и акредитацијата (nоември 2006) на уште три нови факултети: Факултет за комуникации и медиуми, Факултет за јавна администрација и Факултет за арт и дизајн. Дотогаш постоеја Факултетот за економски науки и Факултетот за информатика. Покрај тоа, истата година sпоред одлуката Бр. 12 на Одборот за акредитација на Р Македонија, потврдена e адекватноста на програмите на Европскиот универзитет согласно европските стандарди на 3+2 модулот на студирање. Во почетокот на 2009 година Првиот приватен универзитет - Европски универзитет Република Македонија подготви елаборат за примена на решенијата и одредбите од новиот закон за високо образование.
Факултети
уредиВо моментов на Европскиот универзитет – Република Македонија постојат седум факултети:
- Факултет за економски науки
- Факултет за информатика
- Факултет за правни науки
- Факултет за политички науки
- Факултет за арт и дизајн
- Факултет за детективи и криминалистика
- Факултет за стоматологија
ЕУРМ станува членка на IACBE во 2005, а по исполнувањето на условите се здобива со статус Кандидат за акредитација на 4 август 2006 година. Тргнувајќи од насоките и начелата на IACBE, ЕУРМ разви План за проценка на резултати врз основа на кој е извршена самоевалуација во академската 2006/2007.
Надворешни врски
уреди- ↑ „Објавени резултатите од рангирање на универзитетите во Република Македонија - 2013“. Министерство за образование и наука на Македонија.