Разговор со корисник:Brainmachine/Архива 12
Благодарам за помошта
уредиВи благодарам за одговорот,не ги прочитав упатствата.Затоа сум ви благодарен за исправката.Поседувам голема колекција книги со која можам да си помагам при уредување.Сепак доколку имам потреба од помош ке ја побарам,исто така и јас можам да се понудам за помош.мило ми е што можеме на нашиот јазик и писмо да уредуваме,како наше неотуѓиво право.благодарам уште еднаш. Jovicaleksandar (разговор) 00:04, 5 април 2012 (CEST)јовицалександар
Статии за мрежни места
уредиЗдраво, како си? Видов си ја кандидирал статијата Ин магазин за бришење поради нпознатост. Статијата ја избришав бидејќи имаше грешни информации, не зошто била непозната. Тука се појавува проблем. На нашава Википедија немаме правилник или некое начело за статии од ваков тип (мрежни места). Не знаеме кои да ги оставиме, а кои не (барем не сум видел јас такво нешто). Истово важи и за статии за живи лица. На ен Вики имаат такви правила. На пример, ќе треба да ги оставаме статиите од типот Ин магазин, бидејќи веќе имаме статија kajgana.com која е од сличен вид. Поздрав--Никола Стоіаноски 16:36, 21 април 2012 (CEST)
- Да, ама каде ќе ја повлечеме границата? Моментално единствено знам дека не може сите сајтови ќе бидат доволно значајни за да имаат сопствена статија. Мора да напишеме јасни правила што ја претставува значајноста и како таа да се докаже, особено за живи лица (се сеќаваш ли на дискусијата за Дејан Велкоски?). Ајде, и тоа е за сработување во блиска иднина. --Brainmachine (разговор) 22:19, 22 април 2012 (CEST)
Македонски интерпункција
уредиЗдраво ! Ви благодариме за информации. Јас направив истата грешка и за други артикли : Can't Get You Out of My Head, In Your Eyes, Love at First Sight, Come into My World, Slow, All the Lovers. Јас ќе ја поправи. -- Hypuxylun (разговор) 16:44, 30 април 2012 (CEST)
Наводници
уредиЗдраво Зоки. Со наводници се пишуваат: наслови на сите творби - пишани дела (белетристички или стручни, списанија, весници) цели музички дела (албуми и сл.) и нивни делови (на пр. нумери, композиции); имиња на организации, установи, фирми доколку не се чисто описни (на пр. Еколошко друштво „Спас за животните“, ОУ „Гоце Делчев“, Вселенски центар „Кенеди“ наспроти Завод за статистика, Лабораторија за млазен погон, кои немаат наводници), имиња на музички групи и состави. Игрите, како творби, би требало да имаат наводници, но бидејќи најчесто се на латиница, повообичаено да се само закосени. Се надевам дека со ова ги покрив сите случаи. Потпрашај ме ако испуштив нешто. --Б. Јанкулоски (разговор) 23:12, 30 април 2012 (CEST)
Дрогба
уредиЕте друже го ставив во статија остана само уште викифицирањето ќе го сторам тоа кога ќе имам време, ако можеш ти среди го тоа.(Carshalton (разговор) 19:22, 1 мај 2012 (CEST))
Корица
уредиБлагодарам за помошта...--Јоханес Климакус (разговор) 20:14, 4 мај 2012 (CEST)
Неделно Вики-чистење
уредиЗдраво Зоки. Мислам дека помина доволно време откако се договаравме да започнеме со неделното средување на статии, па мислам дека би било добро да воведеме една мала новина и наскоро да започнеме. Според мене, најдобро би било секој да може да средува статии кога ќе посака, а во временскиот период кога ќе биде организирано неделното чистење, трудот да се вреднува двојно. Кажи ми што мислиш и дали си заинтересиран на крајот од оваа седмица да започнеме? Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:30, 15 мај 2012 (CEST)
- Ајде, заинтересиран сум да почнеме! --Brainmachine (разговор) 00:01, 17 мај 2012 (CEST)
Посредување во спор
уредиЗдраво. Ќе замолам доколку е можно посредување во спорот на оваа страница за разговор, во којшто погрешно бев обвинет дека: сум одобрил измена којашто ја има одобрено друг корисник; сум примил порака на Facebook, која што излезе дека била испратена на погрешен профил; и дека мој налогодавач е господинот Љубомир Цуцуловски, што на неколку наврати беше споменато без никакви докази. Освен тоа, на корисникот му ги посочив основните правила на Википедија кои беа прекршени и кои е неопходно да се почитуваат, а за возврат добив дополнителни обвинувања, се разбира, без никакви докази. Сметам дека посредувањето ќе биде од помош и спорот наскоро ќе биде разрешен. Благодарам. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 02:44, 28 мај 2012 (CEST)
Предлог за систематско решавање на спорот
уредиЗдраво. Сакам да Ве известам дека поднесов предлог за систематско решавање на спорот во врска со статијата Љубомир Цуцуловски. Вашето мислење е од големо значење. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:41, 28 мај 2012 (CEST)
- Не сакам да барам дополнителна помош, но во претходниот коментар побарав и дисциплинска мерка за однесувањето на корисникот. Некоклку пати бев обвинет за работи кои не сум ги направил и за тоа дека добивам налог од господинот Љубомир Цуцуловски, се разбира, без никаков доказ. Поради неучтивост и неосновани обвинувања, барам корисникот да биде казнет со соодветни казнени мерки. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:01, 29 мај 2012 (CEST)
56.000 статии
уредиЗдраво. Потсетување дека по обичај повторно избираме јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:05, 5 јуни 2012 (CEST)
Солидарност кон Википедија на руски јазик
уредиЗдраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:59, 10 јули 2012 (CEST)
Наградени сте!
уредиНаграда за трудољубивост | |
супер си ја вршиш работата M4r51n (разговор) 19:00, 12 јули 2012 (CEST) |
- Благодарам за наградата! --Brainmachine (разговор) 14:33, 13 јули 2012 (CEST)
:)
уредиhttp://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA:Filipdimitrovski само кажи дека не треба да добијам награда за најпаметно користење на функцијата за профил и хакирање lvl. 100 :) и те молам не го бриши , барем нека седи еден ден.
:)
уредиизгледа не си го видел логото на Корисник: Filipdimitrovski :D инаку знам за тоа , ама така го пејстнав.
Слика на страница
уредиЗдраво,одлучив да станам Википедијанец,но незнам како да ставам слика на страницата Очајни Домаќинки. --Oliver Ivanov (разговор) 13:55, 5 август 2012 (CEST)
- Здраво, Оливер! За ставиш слика на Очајни домаќинки (турска ТВ серија), прво треба да ја најдеш сликата во некоја статија за истата тема на друг јазик, на пример, на турската Википедија: Umutsuz Ev Kadınları. Таму има слика од плакатот на серијата, кликаш на неа (Dosya:Umutsuz Ev Kadınları afişi.jpg) и ја зачувуваш сликата на твојот компјутер (десен клик > save image as).
- Понатаму, одиш на страницата Специјална:Подигање. Во долниот дел имаш Изворно име на податотеката: и копче Browse.... Кликаш на Browse и ја селектираш сликата на твојот компјутер. Секојпат кога подигаш слики кои се плакати на филмови или серии, како во овој случај, во поширокото поле Опис кое се наоѓа подолу го додаваш следниов код:
{{subst:ф_плакат|Името на статијата}}
- што во овој конкретен случај би било:
{{subst:ф_плакат|Очајни домаќинки (турска ТВ серија)}}
- На дното од страницата кликни на Подигни и си ја подигнал сликата.
- Најпоследно, останува да го додадeш насловот на сликата (на пример, Umutsuz_Ev_Kadınları_afişi.jpg, без Податотека:) кај параметарот
image=
во инфокутијата (најгорниот код) на статијата.
- Следи ги упатствата внимателно и пробај да го направиш ова сам, но ако имаш потешкотии, слободно пиши ми. Поздрав, Brainmachine (разговор) 20:45, 5 август 2012 (CEST)
Помош за лиценца
уредиБидејќи сум нов овде, не знам некои работи како точно се одвиваат. Направив статија за ТВ серијата „Декстер“ со материјал преведен од англиската и српската википедија. Имам проблем со сликата во инфобоксот, бидејќи ја немаше на македонскава википедија, сликата ја презедов и ја закачив истата од англиската и ја наведив како извор. Сега имам предупредувања за недоволно наведени информации и авторски права и објаснување дека ако не се исполни условот ќе биде тргната. Како што напишав погоре, не знам како се одвива процесот, дали треба администратор да прифати/измени или јас да внесам додатни одередени информации. Фала однапред, Кристијан (Thanatos (разговор) 21:46, 5 август 2012 (CEST))
- Здраво, Кристијан! Сите плакати за филмови или серии, како сликата во инфокутијата, се неслободни слики (со задржани авторски права). Ти ја имаш подигнато сликата на Заедничката Ризница, која хостира само слободни слики. Остави ја нека ја избришат таа слика на Ризницата; праксата е неслободните слики да се подигаат локално, на секое вики посебно.
- На локалното вики слики можат да подигаат само автопотврдени корисници — корисници чија сметка е постара од четири дена и имаат повеќе од десет уредувања. Ти имаш повеќе од десет уредувања, само почекај уште до 9 август и ќе можеш да подигаш, затоа сега јас ќе ја средам сликата за Декстер, а во иднина ќе можеш сам да си свршуваш работа.
- За да подигнеш слика која е плакат на филм/серија, прво одиш на Специјална:Подигање, ја бираш сликата од твојот компјутер (онаа што си ја симнал од англиската статија), а потоа во полето Опис кое се наоѓа подолу го додаваш следниов код:
{{subst:ф_плакат|Името на статијата}}
- што во овој конкретен случај би било:
{{subst:ф_плакат|Декстер (ТВ серија)}}
- Кликаш на Подигни и готово: Податотека:Dexter TV Serija Pocheten Tekst.jpg. Понатаму само го ставаш насловот на сликата во инфокутијата на статијата.
- Ако ти затреба уште нешто, слободно прашувај :) Поздрав, Brainmachine (разговор) 03:57, 6 август 2012 (CEST)
Потешкотии во прикачувањето
уредиИмам потешкотии во прикачувањето можете вие да ја прикачите истата фотографија од Турската Википедија.Ќе ви бидам многу благодарен ако го сторите тоа. --Oliver Ivanov (разговор) 11:38, 6 август 2012 (CEST)
Благодарност
уредиМногу сум ви благодарен,не знам како да ви се одолжам. --Oliver Ivanov (разговор) 23:10, 6 август 2012 (CEST)
Рак на бели дробови
уредиМило ми е што ти ја испраќам и на тебе Зоки оваа порака. Секоја чест за статијата, а воедно и за иницијативата за уредување на статии од областа на медицината.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:47, 7 август 2012 (CEST)
- Фала, Кире :) Се надевам дека ќе најдам време да напишам уште повеќе избрани статии :) -Brainmachine (разговор) 16:23, 7 август 2012 (CEST)
ВикиПроект Филм
уредиЕј, не знам дали ме памтиш порано кога беше активен проектот, а воедно кога првпат станав корисник соработувавме. Па имавме некое недоразнирање, па престанавме итн. Мислам дека беше ти...
Како и да е, што било-било. Што се однесува до проектов - сметам дека ќе можам и сам да го ре-активирам, но се разбира дека штом се нудиш, земајќи во предвид дека и ти го создаде, чекам да почнеме. Но знам дека си зафатен на целата википедија, а и искрено судејќи по тоа како се третираат проектите кај нас мислам дека ќе биде тешко да го обновиме целосно, кога постојат поприоритетни работи од самиот проект. Но тоа не не спречува да се обидеме.
Мој предлог за почеток е да ја расчистиме главната страна и да архивираме се што сме работеле претходно. Да направиме листа на задачи и да ги известиме поранешните корисници. Потоа преку дискусија ќе видиме што ќе правиме. Што се однесува до порталот - тоа е сосем друга ситуација. Но би било супер и тој да се обнови, иако предлагам прво да се зајакне самиот проект, да добиеме број нас статии и потоа ќе мислиме на порталот.
Ова се можам и сам да го направам, ако дозволиш (знам дека е слободна енциклопедија и можам да постапам како мислам, но сепак сакам да се договориме) веднаш би се фатил на работа. Што викаш? Огормен поздрав --Макс(разговор) 17:04, 7 август 2012 (CEST)
- Слободно уредувај! Кажи ми, дали би сакал ВикиПроект Филм да има вакво нешто? --Brainmachine (разговор) 18:06, 7 август 2012 (CEST)
- Да, тоа е одлично! Мислев дека тоа е како универзален систем за оценување на целата википедија, незначајно кој проект. Тој систем го користам на англиската википедија постојано, не знаев дека го има и кај нас. Што треба да направам во тој случај да го преземам само ова и да го ставам на ВикиПроектот Филм или? --Макс(разговор) 18:40, 7 август 2012 (CEST)
- Не е универзален, тука функционира само во склоп на ВикиПроекти. Работата е што на англиската Википедија има ВикиПроект за сè, па затоа изгледа така, дека секаде го има :) Јас ќе ја средам целата работа со оценувањето, баш сакав да видам како ќе функционира и на друг ВикиПроект. --Brainmachine (разговор) 18:48, 7 август 2012 (CEST)
- Да, тоа е одлично! Мислев дека тоа е како универзален систем за оценување на целата википедија, незначајно кој проект. Тој систем го користам на англиската википедија постојано, не знаев дека го има и кај нас. Што треба да направам во тој случај да го преземам само ова и да го ставам на ВикиПроектот Филм или? --Макс(разговор) 18:40, 7 август 2012 (CEST)
ВикиПроект Филм
уредиЗдраво, што се однесува до проектот јас сум заинтересиран и би сакал да помогнам, но колку што би можел во слободното време како и обично бидејќи моментално имам и други обврски, не сакам да имам преголема одговорност. Се надевам се разбираме и нема да има замерки. Инаку се познавам со Мартин, се договоривме и тој колку што можи да се вклучи во проектов, па да се надеваме ќе се приклучат и некои други :) Поздрав, (Thanatos (разговор) 02:10, 8 август 2012 (CEST))
Ако можеш види го ова...
уредиВиди ги овие два песоци ако можеш. Двата ќе бидат на страната на проектот Филм. Од тебе ми треба ако можеш само да го ставиш системот за оценување.
Корисник:SmartM&M/Песок - овде во секцијата оценување само два-три збора и критериуми. Корисник:SmartM&M/Песок 2 - а овде во статистики една табела ми е во план, ја имаат речиси на сите прокети на англиската википедија. На пример како ова. Табела во која се бројат статиите со одреден статус. Мислам дека тоа е бројач кој сам си се ажурира кога на некоја статија во страната за разговор ќе ставиш шаблон со оцена. Сто посто ме разбираш.
Ќе ти бидам благодарен ако го напрвиш тоа. Има уште неколку работи да се средат и после на главната страна ќе го ставам ова па имам план како да ги известам сите дека проектот е реактивиран. И како што можеш да видиш, имам ставено нешто ново - административен одбор. Тоа до сега сме го немале, го имам видено на француската првпат, а гледам дека некои проекти и на англиската го користат. Координатор би рекол да бидеш ти, освен ако си презафатен би бил јас. Другите позиции ќе ги договориме со сите (двајца-тројца сме ама пак) и ќе почнеме со работа.
Не е преамбициозно, и нема да имам не знам какви задачи, затоа што тешко дека многу луѓе ќе се заангажираат. Ама да не пресудувам ќе видиме. --Макс(разговор) 21:43, 9 август 2012 (CEST)
- Здраво! Ова изгледа добро. Сега ќе почнам да го правам оценувањето, а таа големата табела за статистики веќе ми беше во план да ја направам.
- Во врска со административниот одбор, не знам дали ќе функционира, оти ми се чини дека членовите во одборот имаат сериозни задачи, а моментално немаме толку членови и не сме до толку активни. Јас можам да помагам околу технички работи, но не би се нафатил за координатор, така што тоа го препуштам на тебе. Поздрав, Brainmachine (разговор) 13:48, 10 август 2012 (CEST)
- Супер, фала многу за помошта. Да административниот одбор најверојатно нема да функционира, но нека биде во „бета“ фаза, ќе им објаснам се на членовите. Ако не функционира го тргаме...--Макс(разговор) 16:33, 10 август 2012 (CEST)
Извинете што си ве мешам, но во последно време корисникот Kekev заврши одлична работа со уредувањето на статии за филмовите кои добиле оскар. Можеби и тој би бил заинтересиран да се вклучи во проектот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:37, 10 август 2012 (CEST)
- Да, во право си, Кире. Ќе го известиме и него. --Brainmachine (разговор) 16:39, 10 август 2012 (CEST)
- Обавезно ќе го известиме. Инаку ОГРОМНО благодарам за тоа, го видов кај мене на страната за разговор. Денес-утре го стартувам. Уште едно благодарам --Макс(разговор) 16:36, 11 август 2012 (CEST)
Твоја потстраница
уредиЗдраво Зоки. Како си? Една од твоите потстаници се појавува во категоријата за брзо бришење. Дали е грешка или треба да се брише? Поз--Никола Стоіаноски 12:58, 10 август 2012 (CEST)
- Здраво, Никола! Ти благодарам што ми го укажа ова. Станува збор за грешка некаде во кодот на страницата. Не е страницата за бришење, ќе се обидам да го поправам кодот. Поздрав, Brainmachine (разговор) 13:38, 10 август 2012 (CEST)
Прашање
уредиЗдраво Зоки. Ти беше од Штип, нели? Ај види ја црквава на сликава? 2 години ме мачи и сеуште неможам и го најдам името. Еве ти и координати на точната локација. Патем кажи ми и што е белата зграда со црвен кров до неа? Данке--Р ашо 23:54, 10 август 2012 (CEST)
Р.Ѕ. Лошо испаѓа на Гугл мапс...координатите се 41.738088,22.191202 Најдобро види на оваа слика. Доле лево (сликата има таг)
- Здраво, Рашо! Не сум сигурен, ама ќе се распрашам и ќе се обидам да дознаам. Поздрав, Brainmachine (разговор) 00:20, 11 август 2012 (CEST)
- ОК. Позз--Р ашо 10:51, 11 август 2012 (CEST)
- Еј фала ти многу. Значи тоа е оваа црква. Супер...Позз--Р ашо 19:02, 25 август 2012 (CEST)
Мал проблем.
уредиКонечно го ставив новиот дизајн, еве го: [ВикиПроект: Филм. Но не изгледа како што треба има некој проблем со кодот. Најдов еден проект на англиската и тој код го следев, еве го и тој. Како што можеш да видиш шаблонот - лев и десен дел треба да бидат еден до друг, а не еден под друг. Како може ова да се среди? Однапред благодарам. --Макс(разговор) 17:01, 11 август 2012 (CEST)
- Ќе пробам да го поправам. --Brainmachine (разговор) 17:40, 11 август 2012 (CEST)
- Фала многу, ќе направм мали промени за да не биде левиот дел толку стиснат. Инаку е ОК! Супер! Поздрав --Макс(разговор) 01:02, 12 август 2012 (CEST)
Слики
уредиЗдраво Зоран. Некое време работам на статии за македонски села во Егејска Македонија, но за повеќето не можам да најдам слободни слики. За статијата за селото П’пли ги подигнав сликите заедно со авторот на монографијата и не знам дали треба да имам некој вид на писмена дозвола за тоа. За останатите села, односно Сетина, Д’мбени и Оровник, имам монографии во кои има слики и ако не се лажам истите (со скенирање) не смеам да ги подигам на википедија. Сакам да знам дали може на некој начин да добијам дозвола од авторите или, пак, треба да ги контактирам издавачките куќи. Доколку може, пиши ми и како треба да изгледа таа дозвола. Поздрав Kekev (разговор) 20:00, 11 август 2012 (CEST)
- Здраво, Филип! Точно, мора да имаш дозвола, а ако успееш да ја земеш, тоа би било супер. Викимедија има еден систем за подигање на слики со дозволи преку е-пошта; без да должам многу, следи ги упатствата на commons:Commons:OTRS/mk и праќај мејлови на авторите. Таму имаш и пример како треба да изгледа стандардниот одговор, а примери за барања имаш овде: en:Wikipedia:Example requests for permission. Јас, лично, досега го немам користено овој систем, ама работава ми изгледа едноставна. Известувај ме за работава. --Brainmachine (разговор) 01:17, 12 август 2012 (CEST)
Официјален почеток!
уредиГотово е се, сега почнуваме. Нема што да ти кажувам, можеш на кој било начин да се приклучиш, и активно и пасивно. Огромен поздрав и фала за се. --Макс(разговор) 17:40, 12 август 2012 (CEST)
Работа со бот
уредиЗдраво, Зоки. Во скорешните промени забележувам дека има бројни промени зад твоето име, коишто се сотојат од додавање на шаблони на страниците за разговор. Претпоставувам дека ги правиш со помош на бот и притоа го користиш твоето корисничко име наместо она на ботот. Мислам дека тоа создава „спам“ и непрегледност во списокот на промените. Пожелно е да се користи сопственото корисничко име, но само во оние случаи кога станува збор за работи за коишто на ботот му се потребни администраторските алатки (пр. бришење страници и категории, заштитување на страници и сл.). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:48, 17 август 2012 (CEST)
- Здраво, Кирил. Проблемот е што имам бот (Корисник:BrainmachineBot) со кој можам да правам автоматизирани уредувања, имам направено тест-уредувања со него и имам поднесено барање за бот-статус, но веќе пет дена никој не ми одговара на барањето, а исто така, постои барање на истата страница кое е старо повеќе од 3 месеци од страна на друг управувач на бот. Очигледно, моментално немаме бирократи кои будно ги следат овие барања. Промените кои ги направив, а за кои ми пишував, јас сметав дека се во релативно мал број и дека нема значајно да ги пренатрупаат скорешните промени, а бев желен да ги направам. Сепак, штом ме предупредуваш, од сега ќе бидам внимавам на ова и ќе чекам на одобрување на ботот. --Brainmachine (разговор) 01:19, 18 август 2012 (CEST)
- Можеби е добро да им пишеш на бирократите за барањето. Не гледам дека има многу голема активност од нивна страна. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 04:56, 18 август 2012 (CEST)
Морам да признаам дека воопшто не се разбирам од ова и немам претстава што да правам. Ќе ми требаат напатствија пред да можам да направам било што. --Б. Јанкулоски (разговор) 02:28, 19 август 2012 (CEST)
- Одобрување на статус за бот и доделување на знаменце може да го врши само бирократ. Мислам дека Зоки направи грешка со тоа што го извести Б. Јанкулоски во врска со барањето, кој всушност не е бирократ на Википедија на македонски јазик (список на брирократи). Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:10, 19 август 2012 (CEST)
- Моја грешка! Си мислев дека овој Бојан е бирократ, а всушност е другиот Бојан :) --Brainmachine (разговор) 17:16, 30 август 2012 (CEST)
Избор на јубилејна статија
уредиЗдраво. Само потсетување дека е во тек гласањето за избор за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:02, 29 август 2012 (CEST)
Ревизија на избрани статии
уредиЗоки, забележав дека автоматски си ја отстранил ѕвездичката за избрана статија од статијата „Владетелот“, што мислам дека не е во ред, бидејќи веќе неколку години си постои процес на ревизија на избрани статии, каде што секој може да ја предложи било која избрана статија за ревизија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:40, 29 август 2012 (CEST)
- Едно прашање: дали истото важи и за оваа промена? Во наведениов пример, статијата е избрана, а нема ниту еден извор. Дали е потребна дискусија за овој случај, или и тој мора да помине преку процесот на ревизија? --Brainmachine (разговор) 14:54, 29 август 2012 (CEST)
- Се разбира дека треба, бидејќи не е пропишано поинаку. Освен тоа, не е ниту коректно кон авторите на статијата. Кога веќе се работи за статии од областа на математиката, треба ли истото да се направи со избраните статии „Диференцијално сметање“ и „Интеграл“, коишто исто така не содржат наводи? Неопходно е кај ваквите статии да постојат пониски критериуми, од проста причина што нема многу материјал којшто треба да се потврди со извори. Сигурно нема да бараме извор за равенството 2+2=4. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:20, 29 август 2012 (CEST)
- Сигурно дека не, точно се знае кога треба да се наведат извори. Ама, постојат и други фактори кои треба да се согледаат: целосно покривање на темата, соодветен стил, правилно форматирање (статиите кои ги имаш наведено содржат наслови од прво ниво за пасусите и виолетови кутии за појаснување) итн. За сите претходно наброени статии, според мене, е дефинитивно јасно дека не се за избрани. Ама добро, нека поминат низ процесот на номинација/гласање/одземање. --Brainmachine (разговор) 15:49, 29 август 2012 (CEST)
- Не сакам да ме сфатиш погрешно, но речиси сите статии што биле ревидирани досега, воопшто немале наводи или имале во многу мал и недоволен број. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:43, 29 август 2012 (CEST)
- Се разбира дека треба, бидејќи не е пропишано поинаку. Освен тоа, не е ниту коректно кон авторите на статијата. Кога веќе се работи за статии од областа на математиката, треба ли истото да се направи со избраните статии „Диференцијално сметање“ и „Интеграл“, коишто исто така не содржат наводи? Неопходно е кај ваквите статии да постојат пониски критериуми, од проста причина што нема многу материјал којшто треба да се потврди со извори. Сигурно нема да бараме извор за равенството 2+2=4. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:20, 29 август 2012 (CEST)
Уредничка војна
уредиЗдраво Зоран. Благодарам за наградата. Му пишав на Кирил пред некој ден во однос на неколку уредувања на две статии. Веќе подолго време не ми одговорил, па доколку имаш време погледни тука најдоле и кажи ми што мислиш. Поздрав Kekev (разговор) 16:30, 30 август 2012 (CEST)
- За Матеја Матевски: по двете измени (што беа без наведен извор, па беа вратени), гледам дека нема повторни измени на содржината и дека сега за сега, нема потреба од реакција.
- За Израелската академија: логото го ставив во склоп на инфокутија, а двете слики ги ставив во галерија, долу (вака). Сега мислам дека нема да има проблеми. Попрегледно од ова — здравје!
- Ајде, поздрав! --Brainmachine (разговор) 17:14, 30 август 2012 (CEST)
Алан Тејт
уредиАлан Тејт статијата што си ја оставил вчера треба да се избрише затоа што јас истиот текст го копирав и го ставив во друга статија со истиот наслов поради тоа што во оваа првата има некој проблем, ако гледаш долу во шаблонот кај играчот чија статија е отворена секогаш треба да биде со болд црна боја, а тука не го прави тоа. Во втората статија е се во ред. Избришија првата затоа што кога ќе влезеш во категориите долу, Алан Тејт статија има двапати и глупо изгледа. Поздрав Carshalton (разговор) 12:54, 7 септември 2012 (CEST)
- Готово: Гледам дека Рашо ја избришал, а јас од тој наслов направив пренасочување кон овој, правилниот (Алан Тејт). --Brainmachine (разговор) 16:23, 7 септември 2012 (CEST)
Молба
уредиАко можеш да ги средиш сликите на албумите Rust in Peace и Ride the Lightning. Не знам зошто не ми ги прифаќа сликите кои ги ставам. Фала однапред. Digor (разговор) 12:55, 11 септември 2012 (CEST)Игор
- Готово: Сликите сега се прикажуваат (види: Rust in Peace, Ride the Lightning). --Brainmachine (разговор) 11:42, 12 септември 2012 (CEST)
Втора молба
уредиПовторно јас. Ми треба помош околу сликите на сите албуми од Металика, како и на Killing is my Business од Мегадет. Многу благодарам.--Digor (разговор) 16:49, 15 септември 2012 (CEST)
Здраво живо. Повторно јас и повторно со ново барање. Ми треба текстот за да одобрам некои слики кои ги сметам за незаменливи, како и текст за одобрување за слики од филмови или весници. Знаеш, онака како што ми прати за омотот на албумите. --Digor (разговор) 09:46, 23 септември 2012 (CEST)
Јубилејна статија
уредиЗдраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:58, 18 септември 2012 (CEST)
Објавување на слики
уредиKoki2008 (разговор) 00:06, 19 септември 2012 (CEST)
Новиот член Andrej_LJ планира да отвори нови или да уреди веќе постоечки статии за јавниот превоз во Скопје, поконкретно за шинскиот превоз, поради што ме замоли да закачам слики кои тој не може да ги закачи бидејќи е штотуку регистриран член, поради што нема такви привилегии ако добро го разбрав (или не знае да се снајде, па затоа ме замоли да ги закачам сликите за него).
Првите две слики, Bucharest tram и LRT boulevar view се избришани од страна на Raso mk, најверојатно бидејќи не беа искористени во ниту една статија и бидејќи не беа наведени никакви референци за истите.
Andrej_LJ веќе ги внесол референците за останатите 13 слики кои ги закачив, но не можам повторно да ги закачам првите две слики, Bucharest tram и LRT boulevar view.
Ми треба дозвола за да ги закачам сликите повторно, а Andrej_LJ ќе ги искористи истите во статиите во кои планира да ги искористи и ќе внесе соодветни референци за истите. -Koki2008 (разговор) 00:06, 19 септември 2012 (CEST)
- Ги избришав, бидејќи сликите не само што не се користеа во артикли, туку беа јасно кршење на авторските права. Википедија не дозволува користење на слики со заштитени авторски права. Сликите мора да бидат исклучиво ваши (или со СС лиценца) за да смеете да ги подигнете тука.--Р ашо 10:45, 19 септември 2012 (CEST)
За проектот ФИЛМ
уредиГо видов рестартираниот проект за филм, па решив колку-толку да помогнам. Изработив една статија за Кевин Спејси. Не е којзне колку голема, ама мислам задоволува. Е сега, ако можеш некако да ја поврзеш со страниците на странските вики-статии и да поставиш некаков шаблон ќе можеме да ја прогласиме за готова. Јас дополнително ќе ставам надворешни врски и литература. Ајде се слушаме.--Вик Ретлхед (разговор) 20:35, 4 октомври 2012 (CEST)
Здраво Зоки. Се разбораш повеќе од овие технички работи, па би сакал да те прашам да видиш зошто не се појавива edittools при уредување. Дали е грешка кај нас или општо? Јас разгледав набрзина и не видов што е проблемот. Позз--Никола Стоіаноски 19:25, 20 ноември 2012 (CET)
- Здраво, Никола. Сега го забележав проблемот. Ги разгледав трите страници одговорни за прикажување на алатникот (МедијаВики:Edittools, МедијаВики:Common.js, МедијаВики:Common.css) и видов дека нема промени во нив кои би го предизвикале ова. Останува можноста дека со промената на верзијата на МедијаВики, скриптите станале нефункционални, па најверојатно ќе треба нов код за алатникот. Ќе го разгледам ова подетално во текот на денов. Поздрав, Brainmachine (разговор) 07:49, 22 ноември 2012 (CET)
- Ажурирање: Пробав неколку работи, но не можам да го отстранам проблемот. Можеби ќе треба да го пријавиме на bugzilla. --Brainmachine (разговор) 19:35, 22 ноември 2012 (CET)
- Пробав и ги разгледав скриптите и мене ми седеше ОК. Ова ќе да е кај нас само. Најверојатно ќе треба да прашаме. --Никола Стоіаноски 20:20, 22 ноември 2012 (CET)
Hi! This page is in category Категорија:Сите неслободни логоа and may be in some others is it ok? I think you should surround code with
//<nowiki>
…
//</nowiki>
Or change {{ to {' + '{ of templates which do autocategorization --Base (разговор) 21:05, 26 ноември 2012 (CET)