Очајни домаќинки (турска ТВ серија)

„Очајни Домаќинки“ (турски: Umutsuz Ev Kadinlari) е турска комична теленовела од 2011 година, адаптирана од американската телевизиска серија Очајни домаќинки. Теленовелата е снимана од продукциската куќа Medyapim, а се прикажува на турската телевизиската мрежа Kanal D. Втората сезона сѐ уште се снима и ќе се емитува од 11 Октомври 2012.[1]

Umutsuz Ev Kadinlari
Очајни домаќинки
Очајни домаќинки (турска ТВ серија) - плакат.jpg
УлогиЈавуз Бингол
Серхат Тутлумер
Бену Јилдирмлар
Сонгул Оден
Еврим Солмаз
Озге Оздер
Џејда Дувенџи
Земја на потеклоТурција
Првичен јазиктурски
Продукција
МестоположбаИстанбул
КинематографијаMedyapim
КамераМултикамера
Времетраење90 минути
Прикажување
Првична мрежаKanal D
Сликов формат480i (SDTV)
Звучен форматстерео

Во други земјиУреди

Серијата исто така се прикажува во Македонија (македонски: Очајни домаќинки) на телевизиската мрежа Канал 5 и во Бугарија (бугарски: Другите отчаяни съпруги) на телевизиската мрежа Нова телевизия.

ПриказнаУреди

Оваа е приказна за доживувањата на петте Очајни домаќинки (Маке, Биба, Таци, Гоца и Кате)

УлогиУреди

Глумец/глумица Лик
(како што е адаптиран на македонски)
Опис на ликот
Сонгул Оден Таци Таци е домаќинка која живее во првата куќа од десниот ред на улицата Ружина бб. Има ќерка од својот бивш маж. Вљубена е во Стефан.
Еврим Солмаз Гоца Гоца е домаќинка во мода, мажена е за Кузман и имаат многу несреќен брак.
Бену Јилдиримлар Биба Најдобрата домаќинка која ја пратат само несреќи, мажена за Бранко има две деца Никола и Јана.
Џејда Дувенџи Маке Најубавата од сите домаќинки е Маке, мажена за Вања. Има четири деца.
Озге Оздер Кате Љубовџивка и ненаситна заводничка на улицата Ружина бб. Најголем душман и е Таци.
Серхат Тутлумер Стефан Чудниот човек, како што го велат во маалото. Вљубен е во Таци а истовремено е и татко на Мики.
Џенк Ертан Кузман Богат бизмисмен, женет за Гоца.
Батухан Карачкаја Мики 14 годишно дете, син на Стефан.
Инџилај Сахин Стојне Најголемата озборувачка во маалото.
Метин Буктел Емил Емил е вдовецот, мажот на покојната Христина.
Фуркан Андич Леон Синот на госпоѓа Анка, соседот на Гоца. Вљубен е во Гоца.
Ердал Билинген Бранко Мажот на Биба. Татко на Никола и Јана.
Ирем Ким Јана Ќерка на Бранко и Биба. Сестра на Никола

Очајни домаќинки во МакедонијаУреди

Во Македонија серијата започнува на 28 Април 2012 година, на Канал 5 Телевизија,секој викенд во 19:50 часот со македонска надсинхронизација. Во актерската екипа учествуваат Рубенс Муратовски, Анастас Тановски, Катерина Шехтанска, Марија Кондова, Трајанка Илиева-Таци, Горазд Цветковски, Билјана Беличанец-Алексиќ и Анкица Бенгинова.

НаводиУреди