Пустец (општина)
Општина Пустец ― општина во Областа Горица во Албанија.[1] Службеното име на општината било Општина (Комуна) Лиќенас од 1973 до 2013 година, а Општина (Комуна) Пустец во 2013-2015 година, каде што била преобразена во општина од повисок ранг, според административно-територијалната реформа.[1]
Општина Пустец | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
| |||
![]() | |||
Држава | Албанија | ||
Област | Горица | ||
Седиште | Пустец | ||
Население (2013) | |||
• Вкупно | 4.400 | ||
Мреж. место | https://www.bashkiapustec.gov.al |
Општината порано припаѓала во Округот Горица.
Населението на пописот од 2011 година било 3.290, со површина од 243,60 км2. Знамето на општината го има древниот македонски симбол Ѕвездата од Кутлеш. Општината се состои од 9 села населени претежно со македонско малцинство. И албанскиот и македонскиот се службени јазици на администрацијата.
Градоначалник на општината бил Едмонд Темелко (победник на изборите одржани на 18 февруари 2007 година), а сите членови на советот на општината се исто така етнички Македонци. Грбот на општината го содржи Ѕвезда од Кутлеш над кое стои натпис на македонски Општина Пустец, а под него на албански. Тоа е всушност прв случај на службена употреба на македонскиот јазик во Албанија.
Населени места
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „LIGJ Nr. 115/2014 PËR NDARJEN ADMINISTRATIVOTERRITORIALE TË NJËSIVE TË QEVERISJES VENDORE NË REPUBLIKËN E SHQIPËRISË“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 24 септември 2015. Посетено на 4 април 2025.
Надворешни врски
уредиОваа статија за место во Албанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |