Долна Горица
Долна Горица — село во Општина Пустец, Мала Преспа, управно во Горичката област на југоисточна Албанија.
Долна Горица Goricë e Vogël | |
---|---|
село | |
![]() Долна Горица и заливот Завир во Преспанското Езеро | |
Координати: 40°52′37.92″N 20°55′30″E / 40.8772000° СГШ; 20.92500° ИГДКоординати: 40°52′37.92″N 20°55′30″E / 40.8772000° СГШ; 20.92500° ИГД | |
Држава | Албанија |
Област | Горица |
Општина | Пустец |
Население (2007) | |
• Вкупно | 550 |
Часовен појас | Средно Европско Време (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Географија и местоположба Уреди
Селото е сместено под источните падини на планината Сува Гора и излегува на заливот Завир во Преспанското Езеро. Осровот Голем Град е на растојание од околу 5 км.
Историја Уреди
Истражување на крајот на XIX век покажува постоење на 75 куќи и 67 машки македонски жители.
Во февруари 1996 г. во селото се одржува конференција на која присустуваат членови на Владата на Република Македонија каде се разговара за македонското малцинство во Албанија. Во 2013 г., името на селото Goricë e Vogël се менува во македонското име Долна Горица.
Култура Уреди
- Во 2002 х. во селото се отвора библиотека исклучиво со книги на македонски јазик.
- Споменик на Македонците - бегалци од граѓанската војна во Грција е откриен во селото во 2013 г.
- Долна Горица е седиште на Денот на виното, кој се одржува секоја година во декември.
Демографија Уреди
Според Васил К’нчов во 1900 г. селото броело 42 православни Македонци[1].[1] Архивирано на 15 мај 2007 г.
Година | Население |
1900 | 42 |
1926 | 511 (со Горна Горица) |
1945 | 149 |
1960 | 108 |
1969 | 210 |
1979 | 271 |
1989 | 253 |
2000 | 364 [2] Архивирано на 11 февруари 2012 г. |
Родови Уреди
Долна Горица е македонско село.
Родови во селото се: Вурмовци (доселени се од Туминец во 1955 година), Горичени, Доневци, Трајковци, Калешковци, Шумкаровци и Шулиновци (доселени се од Шулин).[2]
Општествени установи Уреди
Културни и природни знаменитости Уреди
Редовни настани Уреди
Личности Уреди
Култура и спорт Уреди
Иселеништво Уреди
Наводи Уреди
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Јовановски, Владо (2016). Населбите во Преспа. Скопје.