Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Пол Морфи (1837-1884) бил американски шахист. Се смета дека бил најголемиот шаховски мајстор на својата ера, еден од најголемите на сите времиња и неофицијален светски шаховски првак. Бил и едно од првите шаховски чуда во добата на современите шаховски правила.

Морфи е роден во Њу Орлеанс, Луизијана во богато и истакнато семејство. Татко му, Алонзо Мајкл Морфи бил правник, и служел во Луизијана како државен законодавец, главен правозастапник, и врховен судија. Алонзо бил од португалско, ирско, и шпанско потекло. Мајка му пак, Луиза Тереза Фелисита Телсида Ле Керпентије, била музички надарена ќерка на проминентен француски креолец. Морфи израснал во атмосфера на учтивост и култура каде шахот и музиката биле карактеристични за неделната домашна собиранка. Прочитајте повеќе


ноември

Михаил Таљ (1936-1992) бил советски и латвиски шахист, велемајстор, и осмиот светски првак во шах.

Го нарекувале и „Миша“ (деминутив од Михаил) и „волшебникот од Рига“ за неговиот извонреден комбинаторски стил на игра. Неговите партии, во најголем број се дел од најчитаните шаховски книги во светот.

Таљ ,исто така бил и познат шаховски автор. Многу критичари го сметаат за најдобриот шахист со напаѓачки стил на игра на сите времиња. Прочитајте повеќе


октомври

Ашот Наданјан (роден во 1972) е ерменски шаховски меѓународен мајстор, теоретичар и шаховски тренер. Во 1998 станал заслужен тренер на Ерменија, а во 2007 официјален ФИДЕ тренер. Познат е и по неговиот придонес во развојот на шаховската теорија. Во 1996, Надданјан вовел нова варијанта во Гринфедовата одбрана, која по него е наречена Наданјанова варијанта.

Според шахометриските методи, својот највисок ранг Наданјан го имал со игрите во октомври 2003, игра еквиваентна на рејтинг од 2568 поени, со што би бил на 216. место во светот. Сепак, својот врвен ранг Ашот го постигна во јули 1997, кога имаше рејтинг според ФИДЕ од 2475 поени. Прочитајте повеќе


септември
Арпад Ело
Арпад Ело

Арпад Ело (1903-1992) бил унгарско-американски физичар, статистичар шаховски мајстор со еврејско потекло. Тој е создавачот на Ело рејтинг системот, кој бил именуван по него, а има широка примена во игрите за двајца, како што е шахот.

Арпад Емрик Ело се родил во Еѓазаскесо, во близина на градот Папа во Унгарија. Кога имал само 10 години, неговото семејство се преселило во САД. Ело дипломирал на факултетот за природни науки при универзитетот во Чикаго. Во периодот од 1926 до 1949 година, тој работел како професор по физика на универзитетот Маркет во Милвоки. Ело бил и шаховски мајстор, кој во 1930-тите бил најсилниот шахист во Милвоки, кој во тоа време бил еден од водечките шаховски градви во САД. Прочитајте повеќе


август

Вишванатан Ананд (роден во 1969) е индиски шаховски велемајстор и актуелен светски првак во шах.

Ананд стана светски првак во шах според ФИДЕ во 200, кога светската титула беше поделена. Во 2007, Ананд стана неоспорен светски првак во шах со победата против Владимир Крамник, а во 2008 против истиот противник ја одбрани истата титула. Со оваа победа, тој стана првиот шахист во шаховската историја којшто успеал да стане светски првак во 3 различни форми на натпреварување:нокаут, турнир и меч. Прочитајте повеќе


јули

Елена Дембо (родена во 1983) е руска шахистка, која настапува за Грција, а во минатото има настапувано за Израел и Унгарија.

Научила да игра шах на тригодишна возраст, на 17 години станала женски велемајстор, а на 19 меѓународен мајстор. Најголемите успеси ги има постигнато на континенталните и светските натпревари во различни категории, на кои има освоено вкупно 8 медали.

Освен како шахистка, Елена Дембо е и познат шаховски тренер и автор. Прочитајте повеќе


јуни

Макс Еве (1901-1981) бил холандски велемајстор, математичар и автор. Тој бил петтиот светски првак во шах (1935-19370) и третиот претседател на ФИДЕ, од 1970 до 1978. Еве бил и високо почитуван шаховски автор.

Макс Еве се родил во Ватерграфсмеер, во близина на Амстердам. Тој студирал математика на универзитетот во Амстердам и го одбранил својот докторат во 1926 година и предавал математика, најпрвин во Ротердам, а потоа во женскиот лицеј во Амстердам. Тој издал многу книги со математичка анализа поврзана со шахот од аспект на интуицијата. Тој исто така ја покажал и употребата на Туе-морзеовата низа, со што докажал дека правилата на шаховската игра не ја исклучуваат можноста за бесконечни партии. Прочитајте повеќе


мај

Хосе Раул Капабланка (1888—1942) бил кубански Шаховски велемајстор, шаховски автор и дипломат, кој бил третиот светски првак во шах.

Капабланка бил еден од најсилните шахисти во светот во периодот од 1910-тите до 1930-тите, победувајќи на многу турнири, а по победата во мечот против Емануел Ласкер во 1921 година станал светски првак. Во периодот на најголема слава се стекнал со прекарот „шаховска машина“, подеднакво добро играјќи ги партиите во фазите на средишницата и завршницата, практички без да направи грешка. На официјалните партии на високо ниво (по 1909 година), Капабланка добил 34 партии, а од 1916 до 1924 година останал непобеден. Прочитајте повеќе


април

Александра Костенјук (родена во 1984) е руска шахистка, велемајстор и поранешна светска првенка во шах.

Нејзината шаховска кариера е исполнета со значајни шаховски достигнувања. Во 2001, на 17 години, таа беше финалист на женското светско првенство во шах, но загуби од Џу Чен. Три години подоцна, таа стана европска првенка, победувајќи на турнирот во Дрезден. Во 2005, таа победи на женското првенство во шах на Русија, кое се одржа во Самара, завршувајќи го тувнрот со резултат +7 =4 -0. Прочитајте повеќе


март

Веселин Топалов (роден во 1975) е бугарски шаховски велемајстор и поранешен светски првак според ФИДЕ (2005-2006).

Топалов станал светски првак според ФИДЕ во 2005. Во 2006, во мечот за обединување на титулите според ФИДЕ и ПША, Топалов загубил во меч против Владимир Крамник, меч во кој го обвинил противникот за консултирање за време на партиите. Во мечот за предизвикувач на светскиот првак, кој се одржа од 16 до 28 февруари 2009 во Софија, Топалов го победил Гата Камски, со што станал предизвикувач на светскиот првак и во април 2010 одиграл меч за светски првак против светскиот првак Вишванатан Ананд во кој загубил. Прочитајте повеќе


февруари

Јоханес Цукерторт (1842-1888) бил водечки германски шаховски мајстор со полско и еврејско потекло. Тој бил еден од водечките светски шахисти во периодот од 1870-тите и 1880-тите. Во 1886, загубил од Вилхелм Штајниц во мечот за светски првак, кој бил првиот официјален меч за светски првак.

Својот релативно краток живот, Цукерторт го исполнил и со низа други достигнувања, па така тој бил војник, музичар, лингвист, новинар и политички активист. Прочитајте повеќе


јануари

Маја Чибурданидзе (родена во 1961) е поранешна советска и грузиска шахистка, велемајстор и седмата (и најмлада) жена светски првак во шах. Таа е единствениот шахист во историја со победи на 9 шаховски олимпијади.

Маја Чибуирданидзе е родена во Кутаиси, Грузиска ССР, СССР и започнала да игра шах на возраст, од околу 8 години. Во 1976, станала младински женски шампион на СССР, а една година подоцна и сениорски женски шампион. Во 1977 станала меѓународен женски велемајстор. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Магнус Карлсен · Михаил Чигорин · Мајкл Адамс · Рихард Рети · Светозар Глигориќ · Хосе Раул Капабланка · Василиј Иванчук · Зигберт Тараш · Елена Дембо · Бент Ларсен · Алексеј Троицки · Паул Рудолф фон Билгер
2009
Михаил Таљ · Владимир Крамник · Јудит Полгар · Мигел Најдорф · Роберт Хибнер · Арпад Ело · Акиба Рубинштајн · Александра Костенјук · Ашот Наданјан · Јоханес Цукерторт · Веселин Топалов · Франсоа-Андре Даникан Филидор
2008
Макс Еве · Пол Морфи · Гари Каспаров · Вишванатан Ананд · Маја Чибурданидзе