Портал:Стара скопска чаршија

уреди   

Стара скопска чаршија

Старата скопска чаршија (турски: Eski çarşı Üsküp; албански: Çarshia e Vjetër e Shkupit) е трговски и културно-историски дел во Скопје и една од најголемите знаменитости на градот. Се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Според административната поделба на градот, просторот на чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар.

Првите документирани податоци за постоење на трговски центар на местото на денешната чаршија се стари од 12 век. Во време на отоманското владеење со Скопје, местото забрзано прераснало во најголем трговски дел од градот, во кој се наоѓале околу 30 џамии, бројни сараи и анови, како и други турски споменици. Чаршијата претрпела големи штети со земјотресите од 1555 и 1963 година, пожарот во 1689 година, како и двете светски војни, по што неколку пати била обновувана. Но, и покрај претрпените штети, чаршијата претставува единствен споменик на културата во Македонија, во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање. Прочитајте повеќе...


уреди   

Избрана статија

Исхак-беговата џамија е џамија во Скопје, којашто се наоѓа во непосредна близина на пазариштето Бит-пазар. Изградена е по наредба на вториот отомански управител на градот, Исхак-бег, во 1438 година. Низ историјата, џамијата претрпела големи штати, па неколкупати била обновувана и доградувана. Во нејзин состав се наоѓале и турбе, медреса, имарет и конаци; а во неа, Исхак-бег ја основал и една од првите исламски библиотеки во Европа. Своето име, џамијата го добила по наредбодавачот за нејзината изградба, Исхак-бег. Освен како „Исхак-бегова џамија“, позната е и под името „Шарена џамија“, што произлегува од шарените керамички плочки со кои се украсени фасадата и сводовите. Прочитајте повеќе...


уреди   

Дали сте знаеле...


уреди   

Избрана слика

Карактеристична улица во чаршијата


уреди   

Историја

Историјата на Старата скопска чаршија го опфаќа периодот од постоењето на првите населби на нејзината територија, преку почетоците на нејзиното настанување, нејзиниот понатамошен развој, па сè до неодамнешните случувања.

Просторот во околината на Старата скопска чаршија и на Скопското кале бил населен уште 4.000 години п.н.е., а за тоа сведочат археолошките пронајдоци ископани на Скопското кале. Голем развој бил постигнат за време на римското владеење со ргадот Скупи, кога започнале да се градат храмови, театри и други знаменити градби. Своите почетоци како трговски центар, чаршијата ги имала во времето на визнтиското владеење со градот во 11. век, кога управата на манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“ организирала годишен панаѓур. Во следниот период, просторот започнал забрзано да се развива како трговски центар, а за тоа голем придонес имале и трговците од Дубровник и Венеција. Прочитајте повеќе


уреди   

Знаменитости

Анови
Бр. Знаменитост Слика Време на изградба Време на рушење Намена Состојба Пристапност Културно добро
1 Капан ан
15. век цивилен објект добра добра да
2 Куршумли ан
околу 1540 цивилен објект добра добра да
3 Сули ан
15. век цивилен објект добра добра да
Амами
Бр. Знаменитост Слика Време на изградба Време на рушење Намена Состојба Пристапност Културно добро
4 Даут-пашин амам
1497 уметничка галерија добра добра да
5 Ѓулчилер амам
15. век 1963 лоша добра да
6 Стара нова бања
15. или 16. век 1963 лоша добра да
7 Чифте амам
15. век уметничка галерија добра добра да
Цркви
Бр. Знаменитост Слика Време на изградба Време на рушење Намена Состојба Пристапност Културно добро
8 Црква „Св. Димитрија“
16. век, обновена во 19. век верски објект добра добра да
9 Манастир „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“ 11. век пред 1436 лоша лоша не
10 Црква „Св. Спас“
16. век музеј добра добра да
Џамии и турбиња
Бр. Знаменитост Слика Време на изградба Време на рушење Намена Состојба Пристапност Културно добро
11 Џамија Араста
15. век, обновена во 18. век 1963 добра добра не
12 Џамија Дуќанџик
пред 1549, обновена во 2002 верски објект добра добра да
13 Џамија Ибни Пајко непознато Втора светска војна лоша лоша не
14 Иса-бегова џамија
1475 верски објект добра добра да
15 Исхак-бегова џамија
1438 верски објект добра добра да
16 Јигит-пашина џамија 1445 1963 лоша добра не
Турбе на Јигит-паша 1426 1963 гробен објект[б] лоша добра да
17 Џамија Казанџилер 17. век 1963 лоша добра не
18 Мурат-пашина џамија
15. век верски објект добра добра да
19 Мустафа-пашина џамија
1492 верски објект добра добра да
20 Султан-муратова џамија
1436, обновена во 16. век и во 1712 верски објект добра добра да
Турбе на Бикиј Хан 16. век гробен објект добра добра не
Турбе на Али-паша од Дагестан 1774 гробен објект добра добра не
21 Турбе на Исхак-бег
15. век гробен објект незадоволителна добра да
22 Џамија Ќосе Кади
18. век, обновена во 1996 верски објект добра добра не
23 Џамија Хаџи Балабан
1430 верски објект добра добра да
24 Хаџи-касамова џамија 1490 непознато лоша лоша не
25 Џамија Худаверди 15. или 16. век верски објект добра добра да
Споменици
Бр. Знаменитост Слика Време на изградба Време на рушење Намена Состојба Пристапност Културно добро
26 Споменик на Скендербег
2006 споменик добра добра не
Музеи
Бр. Знаменитост Слика Време на изградба Време на рушење Намена Состојба Пристапност Културно добро
27 Музеј на Македонија
1976 музеј добра добра да
28 Музеј на современата уметност 1970 музеј добра добра да
Административни градби
Бр. Знаменитост Слика Време на изградба Време на рушење Намена Состојба Пристапност Културно добро
29 Вилаетски конак „Уќумат“
19. век цивилен објект добра добра да
30 Стара турска пошта
19. век цивилен објект добра добра да
Други знаменитости
Бр. Знаменитост Слика Време на изградба Време на рушење Намена Состојба Пристапност Културно добро
31 Безистен
15. век, обновен во 19. век цивилен објект добра добра да
32 Синагога Бет Јаков
обновена во 19. век Втора светска војна лоша лоша не
33 Бит-пазар
11. век пазариште добра добра не
34 Камен мост
6., 14. или 15. век мост добра добра да
35 Саат-кула
1573 цивилен објект добра добра да
36 Тврдина Кале
праисторија археолошко наоѓалиште задоволителна добра да


уреди   

Поврзани портали