Турбе на Исхак-бег

турбе во Скопје

Турбе на Исхак-бегтурбе во Скопје коешто се наоѓа во непосредна близина на Саат-кулата, во близина на Султан-муратовата џамија. Во турбето е погребан вториот отомански управител на Скопје — Исхак-бег. Денес, објектот е обновен, а од првобитниот објект се сочувани само некои делови, меѓу кои и гробот на Исхак-бег. Турбето има статус на заштитено културно добро.[1]

Турбето на Исхак-бег

Историја

уреди

Се претпоставува дека турбето било изградено во средината на 15. век, а најверојатно било урнато со силниот земјотрес во 1555 и со пожарот во градот во 1689 година. Објектот бил изграден по завет на вториот управител на Скопје, Исхак-бег, којшто бил погребан во него по својата смрт. Во завештанието на Исхак-бег, меѓудругото, била вклучена и изградбата на Исхак-беговата џамија, којашто е сместена во околината. Денес, од турбето делумно се сочувани деловите на основата, заедно со гробот на Исхак-бег.[1]

Архитектура

уреди

По својот облик, турбето претставувало градба со шестаголна основа, изградена од доста добро изработени заштитни камени блокови. Познато е дека било изградено во духот на исламската архитектура, но не е познато дали станувало збор за отворено или затворено турбе.[1]

Галерија на слики

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Турбе на Исхак-бег[мртва врска], Скопско наследство.

Надворешни врски

уреди

42°00′07″N 21°26′28″E / 42.00194° СГШ; 21.44111° ИГД / 42.00194; 21.44111