Џамија Ибни Пајко

Ибни Пајко — некогашна џамија во Скопје, која се наоѓала во Старата скопска чаршија, во познатото Пајко Маало. Неа ја изградил Ибни Пајко, со цел да им се додвори на муслиманите и да оствари поблиски врски со власта, за подобро да му оди трговското работење. Во 1938 година, во непосредна близина на џамијата била подигната зградата на познатиот Дом Ибни Пајко. Џамијата се споменува некаде до 1946 или 1947 година, а најверојатно била урната за време на Втората светска војна или по неа.[1] Денес, на местото се наоѓа и зградата на Македонската филхармонија.[2]

Џамија Ибни Пајко
Основни податоци
МестоСкопје, Македонија
Припадностислам
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска

Наводи

уреди
  1. Градот ќе го врати името „Дом Ибни Пајко“ ако го има на стари фотографии [мртва врска], Утрински Весник, 16 октомври 2006.
  2. „Ибни Пајко Маало - следно барање на ИВЗ“. Канал 5. 26 март 2010. Посетено на 2012-05-01.