Џамија Араста
Џамија „Араста“ — џамија во Скопје, сместена на просторот меѓу Безистенот и Куршумли ан во Старата скопска чаршија. Џамијата е еден од првите позначајни објекти околу кој се создавала чаршијата. Денешниот облик го добила по нејзиното обновување коешто започнало во 2010 и завршило во 2014 година.
Џамија Араста | |
---|---|
Поглед на џамијата и шадрванот | |
Основни податоци | |
Место | Скопје, Македонија |
Припадност | ислам |
Водство | ИВЗ |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | отомански |
Завршен | 2014 |
Особености | |
Куполи | 1 |
Минариња | 1 |
Име
уредиИмето „Араста“ е име кое го добивале големите и важни чаршии во градовите, а покрај нив и големите и значајни џамии. Според тоа, се претпоставува дека џамијата го добила своето име по некогашната чаршија Араста која се наоѓала во Старата скопска чаршија.[1]
Историја
уредиСе претпоставува дека џамијата за првпат била изградена во текот на 15. век, кога биле изградени најстарите џамии во Скопје. Најстарите податоци поврзани со џамијата се пронајдени во сиџил од 1699 година, во кој се наведува дека од завештанието на Паша Јигит-бег се исплатувал хатибот во џамијата со 8 акчиња на ден. Познато е дека џамијата била обновена во 18. век, а целосно била разрушена во земјотресот од 1963 година.[2] Во април 2010 година, Исламската Верска Заедница во Македонија започна со обновување на објектот, што од страна на Националниот конзерваториски центар на Македонија беше оспорено како незаконски и без дозвола.[3][4] Освен тоа, директорот на Националниот конзерваториски центар истакна дека со започнувањето на обновувањето е причинета голема штета и притоа се урнати и последните остатоци од некогашната градба.[5][6]
Галерија
уреди-
Шадрванот на џамијата
-
Тремот на џамијата
-
Влезот на џамијата
-
Сводец на тремот
-
Друг поглед на тремот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Лидија Кумбараџи-Богоевиќ: „Османлиски споменици во Скопје“, Скопје, 1998.
- ↑ Араста-џамијата имала високо минаре, Утрински Весник, 23 април 2010.
- ↑ Џамијата Араста се обновува без дозвола, Утрински Весник, 22 април 2010
- ↑ Ја урнаа џамијата за да изградат иста[мртва врска], Нова Македонија, 23 април 2010.
- ↑ Штетите на Араста-џамија се огромни, Утрински Весник, 2 мај 2010.
- ↑ Араста џамија целосно уништена[мртва врска], Дневник, 11 јули 2010.