Споменик на Скендербег (Скопје)
Споменикот на Скендербег — спомен-обележје на албанскиот средновековен водач Ѓерѓ Кастриот во Скопје. Споменикот е висок 5,5 метри и тежи 2,7 тони.[1][2][2] Споменикот бил откриен на 28 ноември 2006 година, а по тој повод била организирана и свеченост, на која присуствувале високи претставници од земјата и странство.[3]
Споменик Скендербег | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Почната | 2006 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Тома Томаи |
Непосредно пред споменикот, над булеварот Гоце Делчев и веднаш до мостот кој ги поврзува Даут-пашиниот амам и црквата „Св. Димитрија“ со остатокот од чаршијата, на 17 јануари 2012 година бил поставен камен-телник за изградба на плоштадот „Скендербег“.[4]
Наводи
уреди- ↑ Споменикот на Скендер-бег - највисокиот споменик во Македонија Архивирано на 16 август 2014 г., makedonskibiser.com.mk.
- ↑ 2,0 2,1 Скендер-бег пречекан со еуфорија во Македонија, Утрински Весник, 26 ноември 2006.
- ↑ Скендер-бег пречекан со еуфорија во Македонија, Утрински Весник, 26 ноември 2006.
- ↑ Поставен камен-темелник на плоштадот „Скендербег“, Утрински Весник, 17 јануари 2012.
Оваа статија споменик во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |