Музеј на Старата скопска чаршија

музеј во Скопје

Музејот на Старата скопска чаршија — музеј во Скопје, сместен во рамките на Сули ан во Старата скопска чаршија. Основан е како придружна институција на Музејот на Град Скопје во мај 1983 година, со задача да ја прикаже историјата, културната вредност и занаетите во чаршијата.[1]

Сули ан, објектот во којшто се наоѓа музејот

Вкупната површина која ја зафаќа просторот на кој е сместен музејот изнесува 473 м2, од кои 355 служат како изложбен простор, додека остатокот го сочинуваат придружни простории. Поставката на музејот се состои од археолошки, историски дел, уметничка галерија и етнолошки дел.[2]

Дејност

уреди

Дејноста на музејот е сложена и се состои од систематска научноистражувачка и прибирачка работа, обработка на музејски збирки и создавање информативни средства за тие збирки, прикажување на збирките преку постојани и повремени изложби и објави, како и заштита и чување на музејски предмети.[2]

Поставки

уреди

Археолошки дел

уреди

Во археолошкиот дел се прикажани предмети, добиени како резултат на археолошките истражувања спроведени на просторот на чаршијата и на тврдината Кале, кои се однесуваат на периодот од средниот век до отоманското време. Најзастапени од овој период се монетите и предметитен изработени од керами, коишто сведочат за разновидната трговија и култура на просторот на чаршијата.[3]

Историски дел

уреди

Историскиот дел бил отворен во 1985 година и во него се изложени фотографии, карти, табеларни прегледи и планови, кои сведочат за развитокот на чаршијата низ историјата.[4]

Уметничка галерија

уреди

Во уметничката галерија се прикажани уметнички дела од познати македонски сликари, на кои се прикажани мотиви од чаршијата. Така, изложени се слики од уметници од првата генерација на македонски сликари, како што се: Никола Мартиноски, Димитар Пандилов, Томо Владимирски и Вангел Коџоман; но и дела од некои современи македонски уметници, како: Родољуб Анастасов, Петар Мазев и Душан Перчинков.[5]

Етнолошки дел

уреди

Етнолошкиот дел е наменет за прикажување на животот во чаршијата низ историјата. Тоа е направено преку претставување на најшироко распространетите занаети, меѓу кои се врбојуваат: кујунџискиот, терзиско-срмаџискиот, папуџискиот и ѓурчиско-кожуварскиот занает.[6]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди