Ѓулчилер амам
Ѓулчилер амам (познат и како Шенѓул амам или Кури амам) — некогашен амам во Старата скопска чаршија кој се наоѓал во непсоредна близина на Куршумли ан. Го изградил Мула Муследин Оџа во втората половина на XV век. Објектот претставувал амам сè до пожарот од 1689 година. Подоцна е разрушен во земјотреост од 1963,[1] а денес се останати само остатоци од неговите ѕидини.[2] Познато е дека објектот спаѓал во групата на единечни амами, при што неговите димензии биле со складна големина. Имал живописна фасада, што се должи на градежните материјали од кои бил изграден, камен и тула. Во амамот се влегувало од јужната страна, а влезната порта била богато украсена. Внатрешниот дел бил сталактитно украсен, што може да се забележи и од остатоците.[3] Кај народот, амамот бил познат и како „Кури амам“, што во превод од турски значи „сува бања“.[4]
Ѓулчилер амам | |
---|---|
Остатоци од Ѓулчилер амам | |
Општи податоци | |
Стил | Османлиска архитектура |
Град | Стара скопска чаршија Скопје |
Земја | Македонија |
Почната | 15 век |
Урната | 1963 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Мула Муследин Оџа |
Во минатото, Ѓулчилер амам, заедно уште со џамијата Казанџилер и Куршумли ан, образувале една целина, од која денес е преостанат само Куршумли ан, кој бил обновен по делумното разрушување во земјотресот.[4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ослободувањето и катастрофалниот земјотрес во 1963 г Архивирано на 12 септември 2011 г., sataracarsija.mk.
- ↑ Казанџилер џамија Архивирано на 28 март 2012 г., sataracarsija.mk.
- ↑ Ѓулшен амам[мртва врска], Скопско наследство.
- ↑ 4,0 4,1 Кури амам бил сува бања Архивирано на 8 март 2016 г., Вест, 29 декември 2008.