Арпино

(Пренасочено од Арпинум)

Арпино (ита. Arpino) — град (општина) во покраината Фрозиноне во регионот Лацио во средна Италија.

Арпино
општина
Арпино
ЗемјаИталија
РегионЛацио
ПокраинаФрозиноне (FR)
Управа
 • ГрадоначалникФабио Форте
Население (2007)
 • Вкупно7.684
ДемонимАрпинати
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Пошт. бр.03033
Повик. бр.0776
Светец-заштитникБогородица Лоретска
Слава10 декември
Мреж. местоcomune.arpino.fr.it

Историја

уреди

Стариот град датира најмалку од VII век п.н.е. Бил поврзан со Волските и Самнитите. Потоа бил заземен од Римјаните, а во 305 п.н.е. станал „граѓанство без право на глас“. Градот се стекнал со право на глас во 188 п.н.е.,а во 90 п.н.е. му бил доделен статус на муниципиум (самоуправен град). Римското име на градот било Арпинум. Познат е како родно место на Гај Мариј и Цицерон.