Јуриспруденција
Јуриспруденција е наука и филозофија на правото.
Развојот на правната наука во Рим започнува со Тибериј Корунканиј. По него дејствуваат многу учени правници кои се занимавале со практична работа или со практична работа и со наука.
Римските правници - јуриспруденти пишувале дела во кои биле содржани правни максими, правни поими кои биле прецизно изложени (regulea, definitiones), како и подробно обработени практични или апстрактни правни случаи (responsa, epistolae). Правниците пишувале и монографии во кои ги обработувале правните прописи содржани во одделни извори на правото, како и коментари на правните правила во состав на jus honorarium, коментари на преторовиот указ (libri ad edictum), како и книги од енциклопедиски карактер (digesta или pandektae). Правниците пишувале и учебници кои имале педагошки цели, да ги образоваат младите студенти по право (institutiones или enshiridia).
Римските правници го избегнувале дефинирањето на правните поими и правните институти. Тие сметале дека „секое дефинирање во граѓанското право е опасно, бидејќи е ретка дефиницијата што не може да се собори.“
Делата на римските правници се вистинска ризница од анализираните случаи (casus – и). Правниците ги создале своите дела преку суптилна анализа на воочените проблеми, преку утврдувањето на терминологијата и давање образложени заклучоци. Не е спорно дека делата на римските правници се најскапоцената правна оставина на Рим.
Оваа статија правото е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |