Абортус
Неутралноста на оваа содржина е оспорена. Ве молиме видете ја дискусијата на разговорната страница. Ве молиме не отстранувајте ја оваа порака сѐ додека спорот не е завршен. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Оваа статија бара повеќе извори за проверливост. Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Абортус или пометнување — прекин на бременост. За абортусот не постои единствено гледиште. Бранителите на абортусот своето гледиште го темелат на тоа дека жената има неотуѓиво право на своето сопствено тело. Темата на абортусот е централна во феминистичката теорија и во политиката. Аргументите за абортусот се темелат на ставот дека жената треба да има контрола над своето тело и моќ за самоопределување, бидејќи тие се најпогодени од репродукцијата и тие и треба да одлучат; според други гледишта абортусот претставува убиство. Сепак, правото на жената да избира е значајно и политички и поединечно и значи повеќе од борба за права.[1]
Абортусот може да биде намерен или спонтан. Спонтаниот абортус има тек сличен на породувањето и ретко има компликации. Во нашата средина под абортус често се подразбира само намерен, со цел да се прекине бременоста – arteficialis. Предизвиканиот абортус е многу чувствителна тема и имa многу проблеми кои не можат да се запостават. Познато е дека во нашата земја се прават сè повеќе абортуси и покрај тоа што многу приватни клиники не го пријавуваат тоа. Одлуката дали да се роди или да се абортира е тешка да се донесе и едната и другата одлука самата по себеси носи последици, затоа добро треба да се размисли што е најдобро за вас и за луѓето кои се важни во животот.
Законски одредби
уредиДенес право на барање за прекин на бременоста има секоја бремена, полнолетна жена. Барањето се подава во здравствена установа (генеколошко-акушерско одделение и клиники) со доказ дека бременоста нема повеќе од десет недели и прекинот на бременоста нема да го загрози здравјето на жената.
По Законот за прекин на бременост, абортусот го извршува лекар специјалист во здравствена установа која располага со соодветна медицинска опрема. Ако е почеток спонтан абортус, а е загрозен животот на плодот или на бремената жена или нејзината репродуктивна способност, прекинот на бременоста може да се изврши во здравствена установа која не ги исполнува горе споменатите услови од страна на лекарот кој не е специјалист.
Индикација за прекинување на бременоста
уредиДоколку бременоста е постара од десет недели, задолжително се состанува комисија која ќе одлучи дали треба да се изврши абортус. Прекинот на бременоста која е постара од десет недели ќе биде одобрена ако постојат одредени причини. Тие причини се:
- медицински - постојано боледување кое би можело да го загрози здравјето и животот на жената;
- етички и правно - криминалистички - бременост предизвикана од силување или прељуба направена над немоќна или малолетна личност, прељуба предизвикана со злоупотреба на службената должност и инцест;
- Eugenike - биолошки генетски фактор кој го оштетува плодот, заболување на мајката во првите три месеци од бременоста од рубеола, употреба на тетрациклин, несоодветна крвна група;
- Социјални - лоша материјална состојба, поголем број деца, вонбрачна бременост.
Ризици и компликации
уредиСекоја медицинска интервенција, па и абортусот со себе носи ризик од компликации. На зачестеноста на компликациите влијаат многу фактори: Староста на жената, здравствената состојба и траење на бременоста, техниката на зафатот, анестезијата, додатни операции, стручноста на гинекологот, хигиенски услови .
Процентот на ризикот и можните компликации кај абортусот во првото тромесечие е многу мал. Колку е постара бремената жена можни сè поголеми компликации после абортусот. Сите компликации освен инфекциите се релативно ретки.
Компликациите во однос на времето на настанување можат да се поделат на рани и доцни.
Можни компликации
уреди- Инфекции - и покрај употребувањето на стерилни инструменти и задолжително примање на антибиотици после извршениот зафат, инфекцијата претставува најчеста компликација на абортусот. Значи инфекции се висока температура, болки во стомакот и појава на непријатен мирис на вагиналниот секрет. Ако не се излечи, инфекцијата може да предизвика сериозни заболувања, стерилитет, сепса и смрт.
- Долготрајното крвавење - големо крвавење од матката во текот на абортусот и после завршувањето на абортусот најчесто се случува кај абортус кој се извршва во текот на третото тромесечие на бременоста. Понекогаш прекумерното крвавење може да биде знак на заостанато ткиво, перфорација или неможност матката да се собере. Доколку забележите сериозно крвавење известете го докторот.
- Заостанато ткиво - лекар кој го изведува абортусот не може да ја види внатрешноста на матката, па може да се случи во матката да остане извесна количина на ткиво од плодот. Значи заостанатото ткиво е силно крвавење кое може да трае повеќе од две недели, исфрлање на парчиња од згрутчена крв, грчеви или можни знаци на бременост. Понекогаш се даваат лекови кои предизвикуваат контракции на мускулите на матката и го исфрлаат остатокот од ткивото.
- Постабортален синдром (крв во матката) до овие компликации доаѓа кога матката не се собира нормално, па се задржува крвта во неа и кога згрутчената крв го блокира излезот. Собраната крв ја зголемува болката, предизвикува грчеви и тешкотии. Понекогеш е можно да се истисне згуснатата крв со силно притиснување директно над матката, а ако ова не успее се извршува аспирација.
- Перфорација - перфорацијата претставува пробивање на ѕидот на матката со помош на инструмент со кој се врши абортусот. Матката е силен мускул и доколку се оштети површно, раната зараснува сама. Доколку се повреди поголем крвен сад или некој орган неопходна е операција. Затоа абортусот се извршува во клиники кои имаат операциони сали.
- Кинење на cerviks (грлото на матката) кај абортусот кој се изведува во второто тромесечие од бременоста поголема е веројатноста да дојде до повреда на грлото на матката отколку кај абортусот кој се изведува до десеттата недела од бременоста. Можеби жената нема да ја почувствува повредата која се случила, но лекарот мора да ја извести и да внесе податоци за повредите во нејзиниот картон. Малите процепи зараснуваат и без интервенции. Сериозните повреди бараат зашивање.
- Емболија - Емболија претставува затнување на крвните садови на некое тело-embolusom, најчесто со воздух или згрутчена крв. После абортус најчесто доаѓа до клучна емболија, при која embolus ги затвора гранките на белодробната артерија која доведува до инфаркт на белите дробови и попуштање на десната половина на срцето. Клинички се претпоставува дека се појавуваваат болки во градите, отежнато е дишењето, појава на кашлање и искашлување на крв.
- Копликација од Анестезија - Локалната анестезија може да предизвика зуење во ушите, пецкање на дланката и стапалата, и се чувствуваат празнини во главата. Сериозни алергиски реакции се ретки. После будењето, после општата анестезија, често се јавува малаксаност, тешкотии и дезориентација. Можно е да се разбуди со грчеви слични на оние после абортус. Многу ретко е можна реакција која може да го оштети црниот дроб или други органи, општа анестезија незначајно го зголемува ризикот од самиот абортус. Крвавењето е посилно бидејќи мускулите на матката се опуштени.
- Неуспешен абортус (продолжување на бременост) - многу ретко се случува абортусот да биде неуспешен, односно жената да продолжи со бременоста. Поради тоа после секој абортус се проверва дали е секое ткиво отстрането. Привремено прекин на бременоста се случува во ситуации кога плодот е целосно неотстранет, кога е во прашање повеќекратна бременост па само едниот фетус да бидe изваден, и кога постои таканаречена двојна бременост. Ова пореметуваење е почесто ако абортусот се изврши пред време т.е. ако има поминато помалку од 6 недели од првиот ден на последната менструација. Ако вакво нешто се случи, значи бременоста нема да се прекине и абортусот мора да се повтори за една недела.
Кои се најчести причини поради кои жените се одлучуваат да абортираат?
уреди- не е подготвена да стане мајка;
- не може да го одгледува детето;
- не сака да биде самохрана мајка;
- не сака да дознае никој дека била сексуално активна или дека е бремена;
- премногу е млада или пак незрела за да има дете;
- веќе има деца колку што сака;
- нејзиниот маж или партнер сака да абортира;
- била жртва на силување.
Во кој период од бременоста абортусите се извршуваат?
уредиНајголемиот број на жени абортираат до десеттата недела од бременоста. Бидејќи тоа е период кој е дозволен според законот. После овој период одлуката ја донесува првостепената или второстепената комисија доколку постојат индикации за прекинување на бременоста. Абортусите кои се пред десеттата недела се полесни, посигурни и поевтини во однос на оние кои се после десеттата недела од бременоста.
Како жените се чувствуваат после абортусот?
уредиПоголемиот број од жените чувствуваат олеснување, но треба да се има предвид дека хормонските промени кои настануваат можат да предизвикаат чувство на тага, лутина или вина. Сериозните, долготрајни емоционални проблеми после абортусот се ретки и невообичаени, за разлика од самото породување каде се многу чести.
Овие проблеми најчесто се јавуваат ако:
- бременоста била посакувана, а мајката или фетусот биле загрозени
- одлучувањето за абортусот да предизвика сериозни проблеми во врската или бракот.
- жената која се одлучила за абортус веќе била емотивно нестабилна.
Дали абортусот влијае врз наредната бременост?
уредиНе, не постојат докази дека правилно извршен абортус може да доведе до пореметување на наредната бременост: бременоста која е надвор од матката, пореметување на плодот, спонтан абортус, предвремено породување или раѓање на мртво дете во иднина.
Спонтан абортус
уредиПрекинувањето на бременоста пред плодот да наполни 28 недели чија телесна тежина изнесува помалку од 1000 грама и не е способен да преживее.
Најчести причина се:
- тумори на слузокожата на матката
- недостаток на прогестерон
- наследните или стекнати неправилности во развојот на –спермазоидот или јадрената ќелија
- промената на грлото на матката
Видови на спонтани абортуси
уреди- Abortus habitalis - хабитален абортус
- Abortus imminens - ризичен абортус
- Abortus incipiens - почетен абортус
- Abortus completus - целосен абортус
- Abortus incompletus - нецелосен абортус.
Наводи
уреди- ↑ „„Водич во феминистичката и родовата терминологија", Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје, 2007“. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.
Надворешни врски
уреди- Рубеола, Рингераја(македонски)
- Абортус- прекинување на бременоста(македонски)
- Спонтан абортус(македонски)