Инки: (портал, проект)  
уреди   

Инки
Inka

Инките своите почетоци ги започнале како мала група во регионот околу градот Куско, каде легендарниот Сапа Инка, Манко Капак го создал Кралството Куско во 1200. Под водство на наследниците на Манко Капак, државата на Инките се зголемила и ги приклучила околните андски заедници. Во 1442 година Инките започнале да ги прошируваат границите подалеку под водство на Патчакути. Тој ја основал Империјата на Инките (Tawantinsuyu), која прераснала во најголема империја во Америка до пред европската колонизација.

уреди   

Избрана статија

Инките или цивилизацијата на Инките своите почетоци ги започнале како мала група во регионот Куско, каде легендарниот Сапа Инка, Манко Капак го создал Кралството Куско во 1200. Под водство на наследниците на Манко Капак, државата на Инките се зголемила и ги приклучила околните андски заедници. Во 1442 година Инките започнале да ги прошируваат границите подалеку под водство на Патчакути. Тој ја основал Империјата на Инките (Tawantinsuyu), која прераснала во најголема империја во Америка до предиот на европската колонизација.

Империјата била поделена за време на граѓанската војна, која би требало да одреди Инка Ханан и Инка Хурин. За време на оваа војна се спротивставиле браќата Хуаскар и Атахуалпа. Во 1533 година, шпанскиот колонизатор Франсиско Писаро ја искористил оваа ситуација и освоил голем дел од територијата на Инките. Во наредните години, колонизаторите ја освоиле скоро целата територија на Инките. Империјата на Инките била сосема уништена со основањето на Вицекралството Перу во 1542. Подоцна следело ослободително движење на Инките кое завршило со неуспех во 1573 година. Денес, културата и традицијата на Инките ја продолжуваат Кечуанците и Ајмарите. дознај повеќе...

уреди   

Избрана биографија

Манко Капак.
Манко Капак.

Манко Капак бил легендарен прв Сапа Инка на Кралството Куско и еден од божествата на митологијата на Инките. Постојат неколку верзии за неговата поврзаност со основањето на Куско. Манко Капак владеел со Кралството Куско околу 40 години, создавајќи закони и се верува дека го укинал човековото жртвување. Законот забранил женење со неговите сестри, но овие закони не биле имплементирани за благородничките семејства и тие се женеле со негови сестри.Со неа, Манко Капак имал дете по име Синча Рока кој станал нареден Сапа Инка. Манко владеел во периодот кога титулата се нарекувала капак што значи лидер на војна, а подоцна се наметнала титулата Сапа Инка. Дознајте повеќе...

уреди   

Избрана слика

Дел од ѕид во Куско изграден од мајсторите на Инките.


уреди   

Дали знаете...

уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Инките на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)