Сонце (астрологија)
Сонцето во астрологијата претставува централна точка, тоа го симболизира центарот на сѐ што постои околу личноста. Според положбата на Сонцето во хороскопот го дознаваме и времето во кое лицето се родило. Ако Сонцето се наоѓа над Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 10-та, тогаш лицето е родено дење. Доколку Сонцето се наоѓа под Хоризонтот, каде што се сместени од 1-та до 7-та хороскопска куќа (или хороскопски полиња) преку 4-та, тогаш лицето е родено ноќе. Во случај Сонцето да се наоѓа точно на Асцендентот тогаш моментот на раѓање е во зора, ако се најде точно на Десцендентот, се работи за залез, на точката Medium Coeli (или „Средина на Небото“ - 10-поле), тогаш лицето е родено на пладне, а ако Сонцето се најде точно на точката Imum Coeli (или „Дното на Небото“ - 4 поле), тогаш лицето е родено на полноќ.



Кога кажуваме дека некое лице е Овен во хороскоп, тоа значи дека Сонцето во моментот на раѓање се наоѓало во зодијачкиот знак Овен итн.
Симбол на Сонцето е еден круг со точка во центарот, што претставува заокруженост, единство и целосност.
Во астролошка смисла, Сонцето претставува свест за себе, за своето его, волјата за живот. Тоа укажува на делот од судбиата кој го создаваме самите. Тоа е рационален дел од човекот. Преку позицијата на Сонцето во хороскопот можеме да ги опишеме сите важни луѓе во нашиот живот: таткото, шефот, секоја личност која ја сметаме за некаков авторитет, а во женскиот хороскоп тоа ќе го претставува и сопругот.
Симболика на Сонцето на психолошко ниво
уредиСонцето во астролошка смисла на психолошко ниво го означува следново: его и свест за себе, самодоверба, самоостварување, водство, желба за моќ, амбиција, достоинство, великодушност, креативност, творештво, организираност, творечка моќ, личност, репутација, важност, лојалност, екстраваганција, тежнеењето на личноста, каде и на кој начин сака да заблеска.
Конструктивни одлики на Сонцето
уредиСонцето во астролошка смисла ги има следните конструктивни (позитивни) одлики: верност, способност, совесност, сила, волја, сигурност, независност, оптимизам, доверба, просперитет, виталност, просветлување, чесност.
Деструктивни одлики на Сонцето
уредиСонцето во астролошка смисла ги има следните деструктивни (негативни) одлики: свртеност кон себе, фалбаџиство, деструктивност, егоизам, доминирање, агресивност, неспособност, надуеност.
Симболика на Сонцето на објективно ниво
уредиЖивотни
уредиСонцето ги претставува слените животни: лав, пантер, леопард, сокол, петел, паун, орел, коњ, рис, дива свиња, славејче, лебед.
Растенија
уредиСонцето ги претставува следните растенија: врба, рузмарин, маслина, палма, пченка, сончоглед, невен, портокал, ориз, грејпфрут, грозје, камилица, лимон, лаванда, орев, лоза.
Бои
уредиСонцето ги претставува следните бои: пурпурна, златна, портокалова, сина, виолетова.
Органи
уредиСонцето ги претставува следните органи кај човекот: срце, очи, артерии, десната страна од телото, мозок, нерви, ‘рбет, тимус, десен тестис.
Ден во седмицата
уредиСонцето го претставува следнот ден: недела.
Минерали и метали
уредиСонцето ги претставува следните минерали и метали: злато и сите сјајни материи кои во себе содржат светлост.
Скапоцени камења
уредиСонцето ги претставува следните скапоцени камења: дијамант, рубин, хризолит.
Познати личности
уредиСонце во Овен
уредиОваа позиција укажува на личност која е дисциплинирана и борбена.
- Расел Кроу, роден на 7 април 1964 - Сонце на 16°47 од знакот Овен
- Чарли Чаплин, роден на 16 април 1889 - Сонце на 27°00 од знакот Овен
- Марлон Брандо, роден на 3 април 1924 - Сонце на 14°09 од знакот Овен
- Елтон Џон, роден на 25 март 1947 - Сонце на 3°33 од знакот Овен
Сонце во Бик
уредиОваа позиција укажува на личност која е конзервативна, заштитничка, ги сака недвижностите.
- Џорџ Клуни, роден на 6 мај 1961 - Сонце на 15°33 од знакот Бик
- Адолф Хитлер, роден на 20 април 1889 - Сонце на 0°48 од знакот Бик
- Леонардо да Винчи, роден на 15 април 1452 - Сонце на 4°36 од знакот Бик
- Ума Турман, родена на 29 април 1970 - Сонце на 8°59 од знакот Бик
Сонце во Близнаци
уредиОваа позиција укажува на личност која е брзоплета, талентирана за јазици и општо за комуникации.
- Мерилин Монро, родена на 1 јуни 1926 - Сонце на 10°27 од знакот Близнаци
- Никол Кидман, родена на 20 јуни 1967 - Сонце на 29°00 од знакот Близнаци
- Че Гевара, роден на 14 јуни 1928 - Сонце на 22°57 од знакот Близнаци
- Рафаел Надал, роден на 3 јуни 1986 - Сонце на 12°32 од знакот Близнаци
Сонце во Рак
уредиОваа позиција укажува на личност која е неодлучна, фина, чувствителна, со слободен хумор.
- Том Круз, роден на 3 јули 1962 - Сонце на 11°14 од знакот Рак
- Том Хенкс, роден на 9 јули 1956 - Сонце на 17°29 од знакот Рак
- Зинедин Зидан, роден на 23 јуни 1972 - Сонце на 1°42 од знакот Рак
- Карл Луис, роден на 1 јули 1961 - Сонце на 9°28 од знакот Рак
Сонце во Лав
уредиОваа позиција укажува на личност која е супериорна во однос на другите, независна, праведна.
- Џенифер Лопес, родена на 24 јули 1969 - Сонце на 1°34 од знакот Лав
- Барак Обама, роден на 4 август 1961 - Сонце на 12°33 од знакот Лав
- Мик Џегер, роден на 26 јули 1943 - Сонце на 2°10 од знакот Лав
- Роџер Федерер, роден на 8 август 1981 - Сонце на 15°38 од знакот Лав
Сонце во Девица
уредиОваа позиција укажува на личност која е премногу склона кон анализирање, незадоволна, но со нагласен интелект.
- Софија Лорен, родена на 20 септември 1934 - Сонце на 26°53 од знакот Девица
- Агата Кристи, родена на 15 септември 1890 - Сонце на 22°15 од знакот Девица
- Фабио Канаваро, роден на 13 септември 1973 - Сонце на 20°28 од знакот Девица
- Ричард Гир, роден на 31 август 1949 - Сонце на 7°54 од знакот Девица
Сонце во Вага
уредиОваа позиција укажува на личност која има префинет стил, често со убав надворешен изглед но исто така и неодлучна.
- Махатма Ганди, родена на 2 октомври 1869 - Сонце на 8°56 од знакот Вага
- Фридрих Ниче, роден на 15 октомври 1844 - Сонце на 22°07 од знакот Вага
- Владимир Путин, роден на 7 октомври 1952 - Сонце на 13°56 од знакот Вага
- Силвио Берлускони, роден на 29 септември 1936 - Сонце на 5°51 од знакот Вага
Сонце во Скорпија
уредиОваа позиција укажува на личност која е нетолерантна и не признава грешки, знае лесно да урива но и да гради.
- Бил Гејтс, роден на 28 октомври 1955 - Сонце на 5°02 од знакот Скорпија
- Пабло Пикасо, роден на 25 октомври 1881 - Сонце на 2°43 од знакот Скорпија
- Грејс Кели, родена на 12 ноември 1929 - Сонце на 19°34 од знакот Скорпија
- Џулија Робертс, родена на 28 октомври 1967 - Сонце на 4°03 од знакот Скорпија
Сонце во Стрелец
уредиОваа позиција укажува на личност која е лојална, интуитивна, го сака спортот, религијата и филозофијата.
- Бред Пит, роден на 18 декември 1963 - Сонце на 25°52 од знакот Стрелец
- Џим Морисон, роден на 8 декември 1943 - Сонце на 15°42 од знакот Стрелец
- Френк Синатра, роден на 12 декември 1915 - Сонце на 19°13 од знакот Стрелец
- Стивен Спилберг, роден на 18 декември 1946 - Сонце на 26°27 од знакот Стрелец
Сонце во Јарец
уредиОваа позиција укажува на личност која е резервирана, конструктивна, упорна, фаталистички настроена.
- Елвис Присли, роден на 1 јануари 1935 - Сонце на 17°14 од знакот Јарец
- Мартин Лутер Кинг, роден на 15 јануари 1929 - Сонце на 25°11 од знакот Јарец
- Мајкл Шумахер, роден на 3 јануари 1969 - Сонце на 12°59 од знакот Јарец
- Нострадамус, роден на 14 декември 1503 - Сонце на 1°37 од знакот Јарец
Сонце во Водолија
уредиОваа позиција укажува на личност која има чудни идеи, друштвена е, има многу пријатели и често е неконзервативна.
- Кристијано Роналдо, роден на 5 февруари 1985 - Сонце на 16°38 од знакот Водолија
- Роби Вилијамс, роден на 13 февруари 1974 - Сонце на 24°33 од знакот Водолија
- Џенифер Анистон, родена на 11 февруари 1969 - Сонце на 23°22 од знакот Водолија
- Џон Траволта, роден на 18 февруари 1954 - Сонце на 29°38 од знакот Водолија
Сонце во Риби
уредиОваа позиција укажува на личност која е срамежлива, трпелива, њубезна, понекогаш е многу чувствителна и губи чувство за реалност.
- Алберт Ајнштајн, роден на 14 март 1879 - Сонце на 23°30 од знакот Риби
- Виктор Иго, роден на 26 февруари 1802 - Сонце на 7°40 од знакот Риби
- Ева Лонгорија, родена на 15 март 1975 - Сонце на 24°29 од знакот Риби
- Осама Бил Ладен, роден на 10 март 1957 - Сонце на 19°32 од знакот Риби
Надворешни врски
уреди- Астролошко мрежно место (англиски/француски)
- Најголема светска астробаза на податоци (англиски)
- Мрежно место за бесплатна изработка на интерактивни натални карти (англиски/турски)
- Месечен хороскоп (англиски)
- Училница по астрологија Архивирано на 16 мај 2008 г. (англиски)
- Астрологија за почетници (форум) Архивирано на 21 август 2008 г. (српски)