Попово Село (Драмско)

село во Драмско, Егејска Македонија

Попово Село (грчки: Παππάδες, Пападес[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Попово Село
Παππάδες
Попово Село is located in Грција
Попово Село
Попово Село
Местоположба во областа
Попово Село во рамките на Драма (општина)
Попово Село
Местоположба на Попово Село во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°22′N 24°10′E / 41.367° СГШ; 24.167° ИГД / 41.367; 24.167
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&10000000000000590000000590 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно35
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 37 километри северно од градот Драма, на надморска височина од 590 метри.

Историја

уреди

Отоманско Царство

уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Попово Село се состоело од 42 семејства и 120 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 380 македонски муслимани[5].

Грција

уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 533 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 359 луѓе[6].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Пападес[7].

Демографија

уреди

Во 1928 година во селото биле населени 49 грчки бегалски семејства со вкупно 175 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 175 лица, додека во 1940 година селото броело 318 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 513 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 142 жители, во 1971 година имало 62 жители, во 1981 година имало 21 жител, додека во 1991 година имало 54 жители[6]. Денеска, населението на селото е 35 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 318 513 142 62 21 54 35
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Παππάδες
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 130-131.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 196.
  6. 6,0 6,1 6,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 41.
  7. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.