Рудиште (Пехчево)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Рудиште

Карта

Местоположба 41°45′38″N 22°53′08″E / 41.76056° СГШ; 22.88556° ИГД / 41.76056; 22.88556
Основни податоци
Место Пехчево
Општина Пехчево
Тип

 населба  црква


Период доцноантичко време
среден век
Портал „Археологија“

Рудиште (познато и како Раковец) — доцноантичка и средновековна рударска населба. На околу 3 километри источно од градот Пехчево, во подножјето на Буковиќ, на една пространа ледина на потокот Раковец се зачувани остатоци од темели на објекти, многу градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и питоси. На долниот крај на наоѓалиштето има и темели од старохристијанска црква. Во овој простор се откриени десетина рударски јами и доста згура од топено железо. Било најдено депо на железни рударски алатки и еден епиграфски споменик кој исчезнал во времето на Втората светска војна.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069