Езерце (Пехчево)

место за разонода во Пехчево

Езерцебара и парк односно место за разонода во Пехчево.

Рекреативен центар Езерце
Паркот во 2023 година
Карта
ВидГрадски парк
МестоПехчево, Македонија
Координати41°45′33″N 22°53′32″E / 41.75917° СГШ; 22.89222° ИГД / 41.75917; 22.89222
Површина0,36 хектари[1] (3,360 м2) (паркот)
1,200 м2 (езерцето)

Географија и местоположба

уреди

Барскиот екосистем Езерце, заедно со паркот, се наоѓа на југоисточната страна на гратчето Пехчево, во долината на Пехчевска Река. Барскиот екосистем Езерце се наоѓа на надморска височина од 1.023 до 1.029 м.[2]

Особини на барата

уреди

Во ова природно создадено езерце/бара, има посебен жив свет (водни растенија и животни) кои се важен ресурс за биолошката разновидност. Просторот околу езерото е исполнет со природа, разни автохтони видови на растенија, вклучувајќи и дрвја.[2]

Како место за разонода

уреди

Во февруари 2014 година, започнале градежните активности на паркот. Заедно, тогашниот градоначалник на Општина Пехчево, Игор Поповски и тогашниот министер за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, присуствувале на службеното почнување на изградба. Активностите биле вложување од 3.423.905 денари обезбедени од Агенцијата за финансиска подршка за земјоделието и руралниот развој (АФПРЗ) и Општина Пехчево.[1]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Започнаа градежните работи за уредување на рекреативниот центар Езерце“. Општина Пехчево. 11 февруари 2014. Архивирано од изворникот 2020-09-18. Посетено на 29 јуни 2023.
  2. 2,0 2,1 „БАРСКИ ЕКО-СИСТЕМ ЕЗЕРЦЕ“. Нова Македонија. Архивирано од изворникот 2021-04-20. Посетено на 29 јуни 2023.

Надворешни врски

уреди