Атанас Костовски
Атанас Костовски (Пехчево, 1 август 1938) — македонски новинар и спортски коментатор.
Атанас Костовски | ||
Роден | 1 август 1938 Пехчево, Кралство Југославија (денес Македонија) | |
---|---|---|
Занимање | новинар, спортски коментатор |
Животопис
уредиРоден е во Пехчево на 1 август 1938 година. Завршил гимназија во Кочани во 1956 година. Во периодот од 1960 до 1964 година работел во весникот „Млад борец“, а во периодот од 1964 до 2001 година во спортската редакција на Телевизија Скопје и потоа Македонската радио-телевизија.[1] По пензионирањето во 2001 година, Костовски кратко време има работено како спортски новинар во приватната телевизија Канал 5, а неговиот глас го има позајмувано и при снимање на рекламни спотови.
Во својата кариера, Костовски има коментирано повеќе од 2500 спортски преноси. Тој известувал од осум Олимписки игри, од по 14 светски и европски првенства, пет балкански првенства, Универзијади, Средоземни игри и други настани.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 744. ISBN 978-608-203-024-1.