Петер Надаш
Петер Надаш (унгарски: Nádas Péter), (роден 14 октомври 1942, во Будимпешта, Унгарија) е современ унгарски писател, есеист и фотограф.
Животопис
уредиПетер Надаш е роден во 1942 година во Будимпешта. Работел како фоторепортер и новинар, потоа како уредник во весници и лектор на театарот во Ѓер, а од 1969 година е професионален писател. Живее во малото село Гомбосег. Во 1993 година, станал член на Академијата за уметност "Сечењи".[1]
Творештво
уредиДелата на Надаш се преведени на повеќе европски јазици: шпански, шведски, норвешки, дански, германски, англиски, француски, бугарски, словенечки, чешки, полски, естонски, летонски, фински и руски. Два негови расказа се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2] На македонски јазик во 2012 година се објави и романот „Крајот на еден семеен роман“ во издание на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Преводот на расказите и романот е на Анамарија Цинеге-Панзова и Златко Панзов.
Негови поважни дела се:[1]
- ''Библија'' (раскази), 1967 година
- Игра, барањето на клучот (раскази), 1969 година
- Крајот на еден семеен роман (роман) 1977 година
- Сцена (есеи за театарот), 1983 година
- Пронајденото ливче и други мешани списи (есеи и медитации), 1992 година
- ''Минотаур'' (кратки раскази), 1997 година
- Малку светлина (есеи и фотографии), 2000 година
- Паралелни приказни (роман) 2006 година
Признанија
уредиНадаш е добитник на повеќе унгарски и меѓународни награди, како што се:[3]
- Наградата "Милан Фушт", 1978 година
- Наградата "Атила Јожеф", 1985 година
- Наградата "Тибор Дери", 1988 година
- Наградата на Фондацијата Сорос "Ѓула Круди", 1990 година
- Österreichische Staatpreis für Europäischen Verständigung, 1991 година
- Наградата "Кошут", 1992 година
- Leipziger Buchpreis zur Europäischen Verständigung, 1995 година
- Prix du Meilleur Livre Étranger "Vilenica", 1998 година
- Наградата "Франц Кафка", 2003 година
- Наградата "Шандор Мараи", 2006 година
- Орден за заслуги на Република Унгарија - Крст, 2007 година