Петар Омчикус
Петар Омчикус (Сушак, кај Риека, 6 октомври 1926 — Белград, 26 април 2019) – српски сликар и член на Српската академија на науките и уметностите. Неговото дело ги опфаќа повеќето сликарски жанрови, а го карактеризирал духот на Медитеранот[1][2][3][4]
Петар Омчикус | |
---|---|
Роден(а) | 6 октомври 1926 Сушак, Кралство СХС |
Починал(а) | 26 април 2019 Белград, Србија | (возр. 92)
Националност | српска |
Познат(а) по | сликар |
Животопис
уредиРоден е во 1926 година во Сушак кај Риека, а од 1936 година живеел во Белград. По Втората светска војна започнал да студира сликарство на Академијата за ликовни уметности, кај професорот Иван Табаковиќ. Заедно со сопругата, сликарката Косара Бокшан, ги напуштил студиите и заминал во Задар, каде станал еден од основачите на Задарската група, во која се наоѓале Миќа Поповиќ, Вера Божичковиќ Поповиќ, Бата Михаиловиќ, Љубинка Јовановиќ[1]. По шестомесечен престој во Задар се вратил во Белград и ѝ се приклучил на Групата на единаесетмината, а својата прва самостојна изложба ја има во 1951 година[1]. Непосредно после тоа, Петар Омчикус во 1952 година со Косара Бокшан ја напуштил Југославија и дефинитивно се преселил во Париз. Од 1965 година повремено престојувале во Вела Лука на Корчула каде организирале бројни средби на уметниците, филозофите и критичарите. Учествувал на бројни групни изложби во змејата и странство.
Творештво
уредиПочетоците на творештвото на Омчикус се поврзуваат со неколку уметници, сите од класата на Иван Табаковиќ, кои на неколку месеци се собрале во Задар во 1947 година, создавајќи ја тогаш првата југословенска уметничка комуна – Задарска група. Освен Омчикус, во оваа група биле неговата идна сопруга Косара Бокшан, Миќа Поповиќ, Вера Божичковиќ, Бата Михаиловиќ, Љубинка Јовановиќ, Милета Андрејевиќ, Бора Грујиќ и нивниот пријател, студенто по книжевност Борислав Михајловић Михиз. Излегувањето од академските ателјеа во природа им отворил на овие уметници нови патишта на слободно творештво на кои, на различни начини, ќе останат во текот на целокупното творештво. Во 1951 година Омчикус ѝ се придружува на „Групата на единасетмината“ која го охрабрува понатаму да трага по сопствени патишта на творештво, тогаш сè уште во доменот на поетската фигурација по социјалистичкиот реализам. Но, правиот пресврт во неговата уметност се случува во Париз. Средбата со апстрактната уметност од тоа време дефинитивно го насочува Омчикус кон слободниот израз, потез кој не трага по реалното, туку по индивидуален стил. Геометризираната асоцијативна апстракција од тој период, веќе од почетокот на седмата деценија на 20 век прераснала во своевидна гестуална колористична фигурација, која ги задржала претходните елементи на неговиот израз. Во подоцнежните периоди, Омчикус го тематизирал сликарството кон портрети, цртежи на Белград, фантастичен реализам и вајарството.
Самостојни изложби (избор)
уреди- 1951 Уметничка галерија на УЛУС, Белград
- 1955 Galerie Arnaud, Париз
- 1958 Galerie Jeanne Bucher, Париз
- 1962 Galerie Formes, Лил
- 1965 Салон Модерне галерије, Белград
- 1972 Grand Palais, Париз
- 1974 Galleria 'IlGrifo', Рим
- 1976 Galerie de Seine, Париз
- 1983 Galerie Plexus, Chexbres (Швајцарија)
- 1985 Galerie des Platanes, Женева
- 1988 Galerie Plexus, Chexbres (Швајцарија)
- 1989 Ретроспективна изложба, Музеј савремене уметности, Београд, Галерија ликовне уметности - Поклон збирка Рајка Мамузића, Нови Сад
- 1990 Народни музеј, Вараждин, Музеј сувремене умјетности, Загреб
- 1992 Maison de l'UNESCO, Париз
- 1994 Bibliothèque Universitaire, Нанси
- 1995 Galerie René Descartes: 'Atelier Dedouvre', Париз
- 1996 Galerie Plexus: 'Atelier Dedouvre', Chexbres (Switzerland), Galerija grafičkog kolektiva : 'Atelier Dedouvre', Белград
- 1998 Галерија САНУ, Белград
- 2012 Галерија САНУ, Белград
Позначајни награди
уреди- 1972 Награда за сликарство, Октобарски салон, Београд
- 1979 Прва награда на 4. Изложба на југословенски портрет, Тузла
- 1982 Прва награда за цртеж на 2. Интербифеп, Тузла
- 1984 Прва награда на 9. Меѓународна изложба на оригинални цртежи, Риека
- 1990 Награда на Политика од фондот на Владислав Рибникар, Белград
Галерија
уреди-
Мило Милуновиќ, дело од Омчикус
-
Катарина де Леобарди, дело на Омчикус
-
Плоча на колумбариум во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ђ., М (27 ноември 2009.). „Арт азбука: Петар Омчикус“. Политика. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help); Отсутно или празно|url=
(help) - ↑ ODLAZAK ČLANA SANU: Preminuo slikar Petar Omčikus novosti.rs
- ↑ Преминуо академик Петар Омчикус (РТС, 26. април 2019)
- ↑ Преминуо сликар Петар Омчикус („Вечерње новости”, 26. април 2019)
Литература
уреди- Michel Seuphor, Dictionnaire de la peinture abstraite, s. 235, Fernand Hazar, Paris, 1957
- Омчикус, И. Петар, Енциклопедија ликовних умјетности, 3, pp. 594, Југославенски лексикографски завод, Загреб, 1964
- Миодраг Б. Протић]], Српско сликарство XX века, pp. 443–445, Нолит, Београд, 1970
- Катарина Амброзић]], Модерна уметност у Југославији, Општа енциклопедија Larousse, књ. 1, pp. 860–870, Вук Караџић, Београд, 1971
- Luc Menaše, Evropski umetnostno zgodovinski leksikon, s. 1526, Mladinska knjiga, Ljubljana, 1971
- Лазар Трифуновић]], Апстрактно сликарство у Србији, pp. 33–41, Београд, 1971
- George Boudaille, Pour un art d'expression. Pierre Omcikous, Les Lettres Françaises, Paris, 3 mai, 1972
- Gérald Gassiot Talabot, Omcikous, Opus International No 36, Paris, juin 1972, pp. 64–65
- Anne Tronche, Pierre Omcikous, Opus International No 61-61, Paris, janvier-fevrier 1977, pp. 108–109
- Лазар Трифуновић, Портрети Петра Омчикуса, pp. 134–138, Београд, 1979
- Лазар Трифуновић, Од импресионизма до енформела, Нолит, Београд, 1982
- Миодраг Б. Протић, Сликарство XX века, Уметност на тлу Југославије, Југославија, Београд, Спектар, Загреб, Прва књижевна комуна, Мостар, 1982
- Georges Haldas, Un grand espace pour l'homme à propos de l'oeuvre de Pierre Omcikous, Repères, Ženeva, No 8, 1984, pp. 174–179
- Мала енциклопедија Просвета]], pp. 875, Просвета, Београд, 1986
- Ликовна енциклопедија Југославије, pp. 497, Југославенски лексикографски завод 'Мирослав Крлежа', Загреб, 1987
- Ђ., М (27 ноември 2009.). „Арт азбука: Петар Омчикус“. Политика. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
уреди- Биографија на сајту САНУ
- Да нисам сликар био бих музичар („Политика“, 23. јун 2011)
- Петар Омчикус - Медитеран на Дорћолу („Вечерње новости“, 17. септембар 2011)
- Петар Омчикус: Опстајемо на инату („Вечерње новости“, 3. новембар 2012)
- Из морнарице сам побегао авионом („Политика“, 12. фебруар 2016)
- Слике Петра Омчикуса уз помоћ полиције однете у САНУ („Политика“, 28. април 2016)
- Потрага за сликама Омчикуса („Вечерње новости“, 29. април 2016)
- Шерет, шмекер, господин („Политика”, 29. април 2019)
- Духовни портрети - Петар Омчикус
- ДЕЛА ОМЧИКУСА КУПИО И ДОБИО: Шта пише у првостепеној ослобађајућој пресуди Недиљку Фарчићу, оптуженом за утају („Вечерње новости”, 30. октобар 2020)
- Меморијална поставка у два изложбена простора галерије „Арте” („Вечерње новости”, 19. фебруар 2021)