Милорад Бата Михаиловиќ

Милорад Бата Михаиловиќ (8 февруари 1923 – 23 април 2011 година) бил српски сликар.

Биографија

уреди

Михаиловиќ е роден во Панчево, белградска област. Од 1946 година студирал во класата на професорот Иван Табаковиќ на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот за уметности во Белград. Една година подоцна, Михаловиќ отишол во Задар и бил еден од младите српски сликари кои ја основале уметничката комуна Задарска група. Групата ја сочинуваа и млади и надарени сликари како Миќа Поповиќ, Љубинка Јовановиќ, Петар Омчикус, Коса Бокшан и Вера Божичковиќ. Работел и живеел во Задар од март до август 1947 година. Во 1951 година, тој е еден од основачите на уметничката група Единаесет (Jedanaestorica grupa) во Белград. Михаиловиќ ја напушти Југославија и замина во Париз со сопругата Љубинка Јовановиќ во мај 1952 година. Следните децении живеел и работел наизменично во Париз и Белград. Во 1985 година, Михаиловиќ беше избран за член на Српската академија на науките и уметностите. Починал во Париз.[1][2][3]

Работни и самостојни изложби (избор)

уреди

Михаиловиќ бил еден од првите претставници на српската постмодерна уметност. Сликал пејзажи, мртви природи, портрети, автопортрети и ентериери. Неговото сликарство било под влијание на експресионизмот и апстрактната уметност. Од 1947 година, кога првпат изложувал во Белград, Михаиловиќ имал околу сто групни изложби на сите континенти. Во 1951 година, неговата прва самостојна изложба била организирана во Белград и ретроспектива на уметничкиот павилјонот Цвијета Зузориќ во 1981 година.

  • Galerie Rive Gauche Paris во 1957, 1958, 1959 и 1968 година [4]
  • Галеријата Jeanne Bucher Париз во 1958 година.[5]
  • Галеријата Ариел Париз во 1961, 1966, 1970, 1974, 1980 и 1985 година [6]
  • Галерија Нова Спектра Хаг во 1962 година.
  • Galerie Le Zodiaque Брисел во 1963 година.
  • Galerie Birch Копенхаген во 1964 година.[7]
  • Салон Музеј Савремене Уметности Белград во 1965 година.[8]
  • Galerie Nord Лил во 1967 и 1970 година.[9]
  • Галери Хакен Осло во 1969 година.[10]
  • Galleri Eklund Умео (Шведска) во 1975 година.
  • Galerie Médicis Остенде (Белгија), Kunsthandel ML de Boer Амстердам и Galleri Galax Гетеборг во 1976 година.
  • Галеријата Надар Казабланка во 1978 и 1983 година.[11]
  • Galerija likovnih umetnosti poklon zbirka Rajka Mamuzića Нови Сад во 1979 година [12]

Наводи

уреди
  1. Biography (PDF), SerbianAcademy of Sciences and Arts, Retrieved on 2017-01-27.
  2. Odlazak Bate Mihailovića, Article by Politika, 24 April 2011, Retrieved on 2017-01-27.
  3. Preminuo slikar Bata Mihailović, Article by Vreme, 23 April 2011, Retrieved on 2017-01-27.
  4. Official Website by Galerie Rive Gauche Paris, Retrieved on 2017-01-27.
  5. Official Website by Galerie Jeanne Bucher Paris, Retrieved on 2017-01-27.
  6. Official Website by Galerie Ariel Paris, Retrieved on 2017-01-27.
  7. Official Website by Galerie Birch København, Retrieved on 2017-01-27.
  8. Official Website by Salon MSUB Архивирано на 13 јули 2021 г., Retrieved on 2017-01-27.
  9. Official Website by Galerie Nord Lille Архивирано на 21 август 2019 г., Retrieved on 2017-01-27.
  10. Official Website by Galleri Haaken Oslo, Retrieved on 2017-01-27.
  11. Galerie Nadar on Facebook, Retrieved on 2017-01-27.
  12. Official Website by Galerija likovnih umetnosti Novi Sad Архивирано на 24 јануари 2019 г., Retrieved on 2017-01-27.

Литература

уреди
  • Стојан Ќелиќ, Сликарство Милорода Бате Михаиловиќ: памќење земја, величе, САНУ, Белград 1989 г.
  • Динко Давидов, Милорад Бата Михаиловиќ, Галерија Српске Академија Науке и Уметности, Белград 2005 г.ISBN 86-7025-382-8 .