Одре
планина во Егејска Македонија
Одре (грчки: Όντρια или Όδρυα, Одрија) — мала планина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Има издолжен облик со насока исток-запад и по неа минута границата меѓу општините Рупишта (Костурски округ) од север и Горуша (Кожански округ) од југ. На запад е планината Горуша (Војо), поради што Одре често се смета за нејзин огранок. Областа во која се наоѓа Одре се нарекува Костенарија. Највисоки врвови се Големо Одре (Μεγάλα Όντρια) со 1.589 м и Мало Одре (Μικρή Όντρια) со 1.530 м.[1][2]
Одре Όντρια | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.589 м |
Географија | |
Место | граница на Костурско и Кожанско, Егејска Македонија, денес во Грција |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Γιώσσης, Χρυσόστομος. Ο Βράχος και τα Όντρια : λαογραφικά, - Αθήνα, 1998.
- ↑ „ΕΛΛΗΝΟ - ΑΛΒΑΝΙΚΟ ΟΛΟΚΛΗΡΩΜΕΝΟ ΣΥΣΤΗΜΑ ΔΙΑΧΕΙΡΙΣΗΣ ΠΥΡΟΣΒΕΣΗΣ ΣΤΗΝ ΟΡΕΙΝΗ ΠΕΡΙΟΧΗ ΤΩΝ ΕΛΛΗΝΟ - ΑΛΒΑΝΙΚΩΝ ΣΥΝΟΡΩΝ“. Архивирано од изворникот на 2011-11-27. Посетено на 2014-06-08.
Оваа статија место во Егејска Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |