Ослободување на Скопје (филм)
Ослободување на Скопје — македонски филм, во режија на Раде Шербеџија.
„Ослободување на Скопје“ | |
---|---|
Режисер | Раде Шербеџија |
Продуцент | Роберт Насков Горјан Тозија Владимир Анастасов Игор Нола |
Сценарист | Дарко Митревски |
Главни улоги | Луција Шербеџија Силвија Стојановска Раде Шербеџија Ратка Радмановиќ Петар Мирчевски Владо Јовановски Борис Чоревски Петре Арсовски Ненад Милосављевиќ Игор Џамбазов Јана Стојановска Небојша Глоговац Аксел Мехмед Дениз Абдула |
Кинематографија | Дејан Димевски |
Јазик | македонски германски бугарски |
Екипа
уредиГлумечка екипа
- Раде Шербеџија како Ѓорѓија
- Силвија Стојановска како Ленче
- Ратка Радмановиќ како Вида
- Владо Јовановски како Васил
- Давид Тодосовски како Зоран
- Луција Шербеџија како Лица
- Небојша Глоговац како Душан
- Дејан Лилиќ како Милчо
- Денис Абдула како Бале
- Јари Вирман како Рудолф
- Петар Мирчевски како Агент Господинов
- Мико Ноусаинен како Ханс Милер
- Борис Чоревски како Златарот
- Игор Џамбазов како музичар
- Петре Арсовски како Димчо
- Никола Ристановски како Трендафилов
- Јана Стојановска како пејачка
- Ненад Милосављевиќ како Свештеникот
- Игор Ангелов како Беким
- Ана Стојановска како Преведувач во кафана
- Николина Кујача како Сара
- Владимир Јачев како Јаков
- Звездана Ангеловска како Жена во депо
- Ефтим Трајчов Ѓаурски како Агент
- Калина Наумовска како Донка
- Александар Михајловски како Ацо
Техничка екипа
- Раде Шербеџија - Режија и Сценарио
- Душан Јовановиќ - Сценарио
- Директор на фотографија - Дејан Димевски
- Продуценти: Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов, Игор Нола
- Ко-продуценти: Данило Шербеџија, Арто Халонен
- Костимографија - Жељка Франуловиќ
- Шминка - Ана Булајиќ Чрчек
- Композитори - Влатко Стефановски, Томас Кантелинен
- Дизајнер на продукција - Иван Бартлиг
За филмот
уредиФилмот започнал да се снима на 1 октомври 2014 година во Велес, а продолжил да се снима во Битола и во Скопје. Филмот го продуцирале „Партизанс“ од Македонија, „Лијени филм“ од Хрватска и „АРТ Филмс“ од Финска. Филмот бил поддржан од Агенцијата за филм на Македонија со 1.250.000 евра, а европскиот фонд „Еуримаж“ доделил 15 отсто од буџетот, односно околу 316.000 евра.
Во септември 2016 година, Друштвото на филмските работници на Македонија го кандидирало филмот за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје. Во текот на истиот месец, филмот започнал да се прикажува во кино-салите, а официјалната премиера ја имал на 1 октомври, во киното „Милениум“ во Скопје.[1]
Награди
уреди- 2016: Наградата за најдобар дебитант на Давид Тодосовски од Мостар Филм Фестивал [2]
- 2016: Специјално признание на Раде Шербеџија од Мостар Филм Фестивал [2]
- 2017: Специјална награда од жирито на филмскиот фестивал „Банеф“ (BaNeFF – Balkan New Festival) [3]
- 2017: Награда за најдобра продукција од Интернационален филмски фестивал на филмска режија во Лесковац, Србија [4]
- 2017: Награда за најдобро сценарио од Арпа Филм Фестивал, Холивуд, САД [5]
- 2017: Најдобар долгометражен филм од Фестивал на македонски филм, Торонто, Канада [6]
Наводи
уреди- ↑ „Ослободувањето на Скопје македонски кандидат за Оскар“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 21.
- ↑ 2,0 2,1 http://makfax.com.mk/kultura/film/%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80-%D1%84%D0%B8%D0%BB%D0%BC-%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D0%BB-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D0%BB%D0%B0/
- ↑ http://vesti.mk/read/news/12129649/4230796/osloboduvanje-na-skopje-nagraden-na-festival-vo-shvedska[мртва врска]
- ↑ „„Ослободување на Скопје" со награда за најдобра продукција“. Агенција за филм на Македонија. Архивирано од изворникот на 2017-11-24. Посетено на 12 ноември 2017.
- ↑ „„Ослободување на Скопје" со награда за најдобро сценарио на Арпа Филм Фестивал“. Агенција за филм на Македонија. Архивирано од изворникот на 2017-11-24. Посетено на 12 ноември 2017.
- ↑ „Објавени наградите на 12. Издание на Фестивалот на македонски филм во Торонто, Канада“. Агенција за филм на Македонија. Архивирано од изворникот на 2017-11-24. Посетено на 12 ноември 2017.