Огњен Ѓуричин
Огњен Ѓуричин (роден во Зрењанин, на 3 септември 1995) е српски фудбалер кој моментално игра за екипата на ИМТ. Ѓуричин почнал да игра фудбал во екипата на Јединство од Нови Бечеј. По долги години играње во помладите екипи, додека настапувал за екипите на Бечеј и Банат од Зрењанин, Ѓуричин ги одиграл првите сениорски натпревари во Војводинската лига Исток, со екипата на матичниот клуб Јединство. Потоа тој бил член на екипите на Сента, Земун и Срем од Јаков, додека во средината на 2016 година настапувал за шведскиот нисколигаш Манфоркс. По враќањето во Србија, Ѓуричин повторно се приклучил на Бечеј, првпат како сениор, а за тој клуб настапувал во 4та и 3та лига од фудбалското натпреварување. Ѓуричин бил најдобар стрелец во Војводинската лига Север во сезоната 2016/17, а за екипата на Бечеј постигнал вкупно 66 гола на 50 официјални натпревари во сите рангови на натпреварувања. На крајот на 2017 година тој бил прогласен за најдобар спортист на општината Бечеј во машка конкуренција за изминатата година.
На почетокот на 2018 година, Ѓуричин го потпишал својот прв професионален договор со екипата на Спартак од Суботица, за кој многу брзо потоа го одиграл својот прв натпревар во српската Суперлига. Заедно со тимот го освоил 4-то место на табелата во сезоната 2017/18. Огњен Ѓуричин во летото истата година настапил во квалификациите за Лигата на Европа со клубот на Спартак.
Кариера
уредиПочетоци
уредиЃуричин започнал да игра фудбал во Нови Бечеј, каде што се приклучил на локалниот клуб Јединство на петгодишна возраст. По неколку години минати во клубот, Ѓуричин се преселил во екипата на Бечеј, каде што поминал една сезона во пионерска конкуренција, а потоа се вратил во матичниот клуб на Јединство.[1] Повторно настапувал во екипата на Бечеј во најквалитетната лига на Војводина во конкуренција на кадети, по што се приклучил на младинската екипа на Банат од Зрењанин.[2] Како член на тој клуб, Ѓуричин во сезоната 2012/13 бил отстапен на матичниот клуб на Јединство од Нови Бечеј,[3] каде што како бонус играч одиграл 23 натпревари и постигнал 3 гола во Војводинската лига Исток[б 1]. На крајот на сезоната со тој клуб заземале место кое води во српската лига на Војводина.[5][6] Ѓуричин го напуштил клубот и подоцна преминал во екипата Сента.[7] Тој за екипата на Сента настапувал до крајот на календарската 2014 година. Во таа полусезона тој придонел со својата игра за пласман на клубот на првото место на табелата во српската лига Војводина за натпреварувачката 2014/15 година.[8] На почетокот на 2015 година, Ѓуричин се преселил во екипата на Земун,[9] каде заедно со клубот го освоил првото место во српската лига на Белград за сезоната 2014/15. По овој успех клубот на Земун се пласирал во Првата лига на Србија.[10] На почетокот на 2016 година, Огњен играл за екипата на Срем од Јаков, како позајмен играч од екипата на Земун,[11] но подоцна го напуштил клубот, по што заминал во Шведска и му се приклучил на нисколигашот Мунфоркс, каде постигнал 11 гола на 9 натпревари.[12]
Бечеј
уредиВо летото 2016 година, Ѓуричин се вратил во Србија и се приклучил на тимот на Бечеј пред почетокот на новата сезона 2016/17. во Војводинската лига Север.[13][14] Својот прв натпревар за клубот го имал на отворањето на сезоната, против екипата на Будуќност од Гложане.[15] Ѓуричин ги одиграл сите 30 лигашки натпревари во текот на сезоната, постигнувајќи вкупно 45 гола, со што придонел за освојување на првото место на табелата на новиот тим и пласман на клубот во српската лига Војводина.[16][17] Покрај тоа, Ѓуричин ја освоил наградата за најдобар стрелец во лигата истата таа сезона. Во сезоната тој постигнал три хет-трика, а на натпреварите против екипата на Младост од Апатин во 6то коло[18] и клубот на Младост од Турија во 19 коло, тој постигнал дури и по 4 гола.[19] Три гола имал постигнато против составот на Таванкут во 11 коло.[20] Ѓуричин играл и на регионални куп натпревари под патронат на Фудбалскиот сојуз на Војводина и тоа против екипите на Војводина од Бачка Градиште,[21] Србобран[22] и Бачка 1901 од Суботица[23] и екипата на Динамо од Панчево.[24]
На крајот на сезоната, Ѓуричин привремено го напуштил клубот и заминал во Шведска, приклучувајќи се на нисколигашот Амал.[1] По едномесечен период во клубот, тој се вратил во Бечеј пред подготовките за сезоната 2017/18 во Српската лига на Војводина.[25] Постигнал два гола на сите четири воведни натпревари во тоа натпреварување.[26] Подоцна постигнал гол во натпреварите против екипите на Раднички од Сремска Митровица [27] и Бачка 1901,[28] пред повторно да постигне два гола во натпреварот од 9 коло против екипата на Цемент од Беочин.[29] Ѓуричин подоцна играл на натпреварот од регионалниот куп против екипата на Потисје од Кањижа, кога и постигнал еден од головите во победата на неговиот тим со резултат од 3:0.[30] До крајот на календарската 2017 година, Ѓуричин постигнал уште 4 гола, против екипите на Братство од Пригревица,[31] Црвена ѕвезда од Нови Сад,[32] Младост од Бачки Јарак,[33] и Борац од Сакул. натпреварот против Борац бил последниот натпревар од првиот дел на сезоната.[34] Огњен Ѓуричин на крајот на годината бил избран за најдобар спортист во машка конкуренција на општината Бечеј.[35]
Спартак Суботица
уредиВо средината на месец ноември 2017 година се појавила информација за трансфер на Ѓуричин во екипата на Спартак одСуботица.[36] Веста ја потврдил претседателот на тој клуб, Драган Симовиќ, во изјава дадена за Спортки журнал на почетокот на наредниот месец.[37] Ѓуричин му се приклучил на тимот на Спартак во првите денови од 2018 година, појавувајќи се на првиот состанок на тимот пред почетокот на зимските подготовки.[38] Набргу потоа, тој постигнал гол на првиот пријателски натпревар, против екипата на ОФК Бачка од Бачка Паланка,. Ово натпревар се одиграл на 18 јануари,[39] додека следниот ден бил официјално претставен како нов играч на клубот од Суботица.[40] Ѓуричин во српската Суперлига за прв пат настапил во 23 то коло од натпреварувањето за сезоната 2017/18, и тоа на гостински терен против екипата на Напредак во Крушевац. Натпреварот се одиграл на 16 февруари 2018 година.[41] Огњен влегол во игра на местото на Немања Главчиќ во 75. минута, а до крајот на натпреварот му еднаш му асистирал на соиграчот Миле Савковиќ за вториот гол на тој играч на натпреварот. Овој натпревар завршил со резултат од 4:3 во корист на домашниот тим, екипата на Напредак.[42] Ѓуричин играл во следните кола за тимот. Против екипата на Црвена ѕвезда, бил стартер и го постигнал единствениот гол за неговиот тим во поразот од 2ː1 Овој натпревар се одиграл на 25 февруари 2018 година.[43] По поразотод екипата на Младост од Лучани резултат 2ː0, Ѓуричин бил стрелец во следните три последователни натпревари з аекипота на Спартак и тоа против клубовоте на Земун, Раднички од Ниш и Рад.[44][45][46] Конечно, во последното коло од регуларниот дел од сезоната, против екипата на Радник од Сурдулица, Ѓуричин постигнал гол и му асистирал на Миле Савковиќ во победата на тимот од 3:1.[47] Во април 2018 година, Ѓуричин го потпишал својот прв професионален договор со Спартак од Суботица со важност до 2021 година години.[48]
Својот прв натпревар во европските натпревари го одиграл во првото коло од квалификациите за Лига Европа, влегувајќи во игра во второто полувреме од натпреварот како резервен играч на местото на Бојан Чечариќ, против тимот на Колерин од Северна Ирска.[49] Во возвратниот натпревар, против истиот противник, Ѓуричин бил во стартниот состав на екипата на Спартак.[50] Во првиот натпревар од второто коло на истото натпреварување, Ѓуричин постигнал гол во победата на неговиот тим од 2:0 над составот на Спарта од Прага. Натпреварот се одиграл на стадионот Караѓорѓе во Нови Сад.[51]
Војводина
уредиПо елиминацијата на Спартак од квалификациите за Лига Европа, Ѓуричин преминал во екипата на новосадска Војводина.[52] На 27 август 2018 година, тој потпишал тригодишен договор со клубот и во таа можност го задолжил бројот 23 на својот дрес.[53] Својот прв официјален натпревар за екипата на Војводина го имал неколку дена подоцна, на 2 септември истата година, постигнувајќи го единствениот гол за неговиот тим во поразот со 4:1 од составот на Црвена ѕвезда.[54] Ѓуричин го постигнал својот втор гол за Војводина во натпреварот од осминафиналето на Купот на Србија, против екипата на Синѓелиќ од Белград.[55] На почетокот на следната година, Ѓуричин ги поминал зимските подготовки со екипата на Војводина, под водство на тренерот Радован Кривокапиќ. На пријателскиот натпревар против тимот на Заглебје од Лубин, тој во 3 минута бил единствениот стрелец во минималната победа на својот тим, додека во 50 минута. бил исклучен поради неправилен старт над противничкиот играч.[56] Ѓуричин го постигнал својот трет гол за Војводина, во официјалните натпревари во четвртфиналето на Купот на Србија, во поразот на тимот од екипата на Раднички Ниш на стадионот Чаир со резултат од 2:1.[57] По репрезентативната пауза во март 2019 година, Ѓуричин ги пропуштил преостанатите натпревари до крајот на регуларниот дел од сезоната поради повреда.[58] По заздравувањето од повредата, Ѓуричин се вратил во составот за натпреварот од 3 коло од плеј-оф против екипата на Младост во Лучани. За тој натпревар Огњен бил во стартниот состав на својот тим, а на полувремето бил заменет од соиграчот Дејан Зукиќ.[59]
По враќањето на тренерот Ненад Лалатовиќ на клупата на екипата на Војводина, Ѓуричин се нашол на конечниот список на играчи за летните подготовки во Словенија.[60] На првиот пријателски натпревар против екипата на Брежице, Ѓуричин постигнал четири гола во победата на неговиот тим со резултат од 8:1.[61] Подоцна, играл на преостанатите подготвителни натпревари, против екипите на Триглав, Кршко односно Горица, кога постигнал уште еден гол за својот тим.[62][63] [5] Пред почетокот на сезоната, Ѓуричин, го заменил дотогашниот број на дресот со новиот број 80.[64] Иако пред крајот на подготовките тој доживеал повреда на бутниот мускул,[65] сепак се нашол во стартниот состав на неговиот тим на отворањето на сезоната 2019/20. во српската Суперлига, против екипата на Мачва од Шабац.[66] На тој натпревар настапил до 62. минута, кога на теренот бил заменет од соиграчот Дејан Зукиќ. Во второто коло од новото српско првенство, на гостувањето во Крушевац кај тимот на Напредак,[67] Ѓуричин го постигнал првиот од двата гола на неговиот тим во победата од 2:0.[68] Набргу потоа, Ѓуричин бил предупреден од страна на судијта за соблекувањето на дресот при прославата за постинатиот гол.[69] Една седмица подоцна, Ѓуричин постигнал гол и во натпреварот од третото коло против екипата на Рад,[70] Наредниот натпревар против екипата на Радник во Сурдулица го пропуштил поради проблеми со предната ложа.[71][72][73] Ѓуричин го постигнал својот трет гол во сезонава, во шестото коло, во минимална победа против градскиот ривал Пролетер од Нови Сад.[74] Во натпреварот од шеснаесетфиналето на Купот на Србија, остварил асистенција за првиот од четирите гола на неговиот тим, на гостувањето кај Златибор во Чајетин.[б 2] Тој бил стрелец на единствениот гол за тимот на Војводина на пријателскиот натпревар против составот на Бреша, одигран во истоимениот град во Италија. Овој натпревар се одиграл во паузата во месец октомври поради репрезентативниот натпревар.[78] Во натпревар од 13. коло од српската Суперлига, Ѓуричин му асистирал на соиграчот Петар Бојиќ за вториот гол на екипата на Војводина во нерешениот натпревар со тимот на Јавор од Ивањица.[79]
На отворањето на пролетниот дел однатпреварувањето, Ѓуричин отсуствувал од протоколот на средбата со екипата на Пролетер,[80] а се вратил во составот на тимот на натпреварот од следното коло, против екипата на Црвена ѕвезда во Белград.[81] Во продолжението од сезоната тренерот Ненад Лалатовиќ главно го користел како резервен играч.[б 3] Со победата во финалниот натпревар од Купот на Србија 2020, Ѓуричин го освоил својот прв трофеј во дресот на екипата на Војводина.[89] На тој натпревар, одигран на 24 мај 2020 година на стадионот Чаир во Ниш, против составот на Партизан, тој бил на клупата за резервни играчи и не влегол во игра.[90] Првиот настап во натпреварувањето во сезоната 2020/21 Ѓуричин го имал во 3 коло од српската Суперлига, против тимот на Вождовац кој се играл на покривот од Трговскиот центар. На тој натпревар Огњен влегол во игра како резервен играч.[91] Во следната коло, тој исто така влегол во игра како резервен играч и веднаш постигнал гол за конечните 3:0 во победата над екипата на Младост од Лучани.[92] Во третото коло од квалификациите за Лига Европа, кога тимот на Војводина му гостувал на составот на Стандард во Лиеж, Ѓуричин го заменил Момчило Мркаиќ во 60. минута од регуларниот дел на натпреварот. Останал на теренот до крајот на продолженијата, по што неговиот тим бил елиминиран од понатамошното натпреварување со резултат 2:1.[93] За прв пат таа сезона, Ѓуричин бил стартер во шеснаесетфиналето од Купот на Србија, против екипата на Јединство во Руменци, но подоцна бил заменет од соиграчот Миљан Вукадиновиќ по крајот на првото полувреме.[94] Тој го постигнал својот втор гол сезоната во нерешениот натпревар со екипата на Металац во Горњи Милановац. Тој натпревар бил од 14 коло од српската Супер лига.[95] Поради позитивен тест за коронавирус, Ѓуричин не бил во составот за натпреварот на последниот ден од месец ноември со екипата на Раднички Ниш.[96] По доаѓањето на играчот Вељко Симиќ во тимот на Војводина, Ѓуричин добил согласност од спортскиот сектор во клубот во јануари 2021 година дек може да ја промени средината.[97] Во дресот на Војводина, Ѓуричин одиграл вкупно 54 натпревари во српската Суперлига и при тоа постигнал 6 гола.[98]
Раднички Ниш
уредиВо средината на јануари 2021 година, Ѓуричин му се приклучил тимот на Раднички од Ниш и веднаш потоа отпатувал со тимот во Анталија на зимските подготовки.[99] Настапил во пет подготвителни натпревари колку што одиграл и тимот на Раднички.[100][101][102][103][104] Својот прв официјален натпревар за екипата на Раднички од Ниш го одиграл на отворањето на вториот дел од сезоната 2020/21. во српската Суперлига, кога екипата на Раднички одиграла нерешено со тимот на Металац во Горњи Милановац. Огњен влегол во игра при крајот на натпреварот[105] Во следниот натпревар го одиграл само првото полувреме против составот на Црвена ѕвезда, по што бил заменет[106] Ѓуричин својот прв гол во дресот на екипата на Раднички го постигнал во 34 коло од Српската Супер лига во победата над екипата на Инѓија со резултат 2:0.[107] Против неговиот поранешен клуб, Војводина, добил два жолти картони, па бил казнет со неиграње на следниот натпревар.[108] По истекување на казната, тој се вратил во тимот и ги одиграл последните два натпревари од сезоната и заедно со тимот успеале да опстанат во најдобрата лига.[109] За екипата на Раднички е во вториот дел од натпреварувачката 2020/21 година. одиграл 15 натпревари, од кои 5 како стартер и при тоа постигнал еден гол.[110]
Во текот на летото 2021 година, тимот на Ѓуричин Раднички заминал на подготовки во Словенија,[111] каде во првиот контролен натпревар бил стрелец на еден гол во победа од 8:1 против тимот на Брежице.[112] На третиот контролен натпревар, кога тимот на Раднички го совладал составот на Кршко со резултат 3:1, Ѓуричин постигнал два гола.[113]
ИМТ
уредиНа 3 септември 2021 година, на својот 26-ти роденден, Ѓуричин потпишал едногодишен договор со белградскиот тим на ИМТ.[114] Истиот ден, тој го одиграл својот прв натпревар за клубот, во минималниот пораз што го претрпел домашен терен од екипата на новосадска Младост. Во игра влегол во последните 10 минути од натпреварот на местото на Андреја Лазовиќ.[115] Во следното коло Ѓуричин постигнал гол за победата на неговиот тим над екипата на Будуќност во Добановци.[116] Наредниот гол го постигнал на наредниот натпревар во победата над составот на Тимок. Натпреварот бил од 18 коло од Првата лига и завршил со резултат од 4:0.[117]
Репрезентација
уредиВо октомври 2018 година, Ѓуричин бил на списокот на играчи на српската репрезентација до 23 години, под водство на тренерот Милан Обрадовиќ, за пријателскиот натпревар против француската репрезентација за играчи до 20 години.[118] Ѓуричин се нашол во стартниот состав на српската репрезентација на тој натпревар одигран на 15 октомври 2018 година, а на теренот се задржал до 62. минута, кога бил заменет со играчот Борко Дуроњиќ. На тој натпревар репрезентацијата на Србија била поразена со резултат од 4ː2. Натпртеварот се одиграл на теренот на Фудбалската куќа на Фудбалскиот сојуз на Србија во Стара Пазова. Огњен бил асистент за еден од двата гола кој ги постигнал соиграчот Душан Влаховиќ за вториот гол на натпреварот.[119]
Начин на игра
уредиЃуричин е фудбалер со висина од 174 сантиметри, кој подеднакво добро ги користел двете нозе и можел да игра на неколку позиции во нападот.[2][11][120][121][122] Како играч на тимот на Сента во српската лига на Војводина, Ѓуричин во 9 коло од сезоната 2013/14. постигнал хет-трик во првите десет минути од натпреварот против екипата на Текстилац од Оџак.[123] Како голгетер се наметнал во тимот на Бечеј, каде за време на својот едноиполгодишен ангажман постигнал вкупно 66 гола на 50 натпревари, одиграни во натпреварувањата од пониска лига.[124][125][126] Важел за исклучително брз играч, со дриблинг, добра техника и прецизни удари.[1][121] [4] Се споменува како изведувач на казнени удари (пенали).[19][23] Поради развојот на неговата кариера, Ѓуричина медиумите во Србија во 2018 година .го сперувале со англискиот напаѓач Џејми Варди.[48][126] Нешто порано, како член на екипите наЗемун и Бечеј, Ѓуричин најчесто го носел дресот со број 10.[12][127]
Во текот на сезоната 2016/17, Ѓуричин најчесто настаувал како најистурен напаѓач во Војводинската лига Север и на тој начин го постигнал резултатот како најдобар стрелец во лигата за таа сезона.[16] Во првиот дел од нареднта сезона во српската лига на Војводина тој најчесто играл како втор напаѓач, веднаш зад напаѓачот Младен Ковачевиќ.[127] По периодот што го поминал во Бечеј, Ѓуричин бил донесен во редовите на Спартак од Суботица, со план да го замени крилниот напаѓач Емил Абаз, кој претходно го напуштил клубот.[128] Ѓуричин според стилот на игра и физичките одлики бил споредуван со поранешниот играч на Спартак, Срѓан Плавшиќ.[40] По заминувањето на Ѓорѓе Ивановиќ, кој дотогаш важел за организатор на играта во тимот на Спартак, во екипата на Партизан, тогашниот тренер на тимот од Суботица, Александар Веселиновиќ, му ја доделил на Ѓуричин улогата во тимот да игра веднаш зад најистурениот напаѓач Немања Николиќ за сезоната 2017/18 во српската Суперлига.[129] Во нешто позатворени тактички варијанти, Веселиновиќ го користел Ѓуричин како офанзивен играч за врска,[130] кој во некои случаи ја делел минутажата на таа позиција со соиграчот Немања Главчиќ.[40][41][131] Откако тренерот Веселиновиќ ја напуштил функцијата шеф на стручниот штаб на екипата на Спартак, раководството на тимот го презел неговиот поранешен помошник Владимир Гаќиновиќ. Тој подоцна го користел Ѓуричин како играч во нападот или на крилна позиција.[11][53] По уште една краткотрајна соработка со тренерот Александар Веселиновиќ во тимот на Новосадска Војводина, кој го користел на позицијата веднаш зад напаѓачот на натпреварот против составот на Црвена ѕвезда, новоизбраниот тренер Драган Окука го преместил Ѓуричин на крилна позиција. Со доаѓањето на Радован Кривокапиќ на функцијата шеф на стручниот штаб на Војводина, Ѓуричин за време на зимските подготовки за 2019 година повторно бил вратен на позицијата зад првиот напаѓач. По натпреварот против екипата на Заглебје од Лубин, на кој единствен стрелец бил Огњен Ѓуричин, тренерот Кривокапиќ позитивно ја оценил неговата игра, а самиот играч истакнал дека таа позиција најмногу му одговара.[56][132][133]
На 24 одиграни натпревари, колку што одиграл во првата сезона во тимот на Војводина, Ѓуричин постигнал вкупно 3 гола, од кои два во Купот на Србија и еден во првенството.[134] За време на летните подготовки, под водство на тренерот Ненад Лалатовиќ, Ѓуричин одиграл четири натпревари во Словенија, на кои постигнал вкупно пет гола, од кои четири на натпреварот против составот на Брежице.[61] Во тој период, покрај постигнатите голови, учествувал и во голем број офанзивни акции на својот тим,[62][63][135] а тренерот Лалатовиќ позитивно ја оценил неговата игра.[136]
На отворањето на сезоната во Суперлигата на Србија 2019/20, тренерот Лалатовиќ го планирал Огњен Ѓуричин да игра на левата страна од маневерскиот дел од теренот во формација 4-2-3-1.[69] На тој начин добил можност да игра заедно со Петар Бојиќ и Винсент Езе веднаш зад најистурениот Бојан Матиќ, кој му бил соиграч на почетокот на сениорската кариера во тимот на Јединство од Нови Бечеј.[5] Така тренерот Лалатовиќ ги заменил страните на Ѓуричин и на Езе,[137] што им овозможил да можат да влегуваат во средината од теренот и да создадат простор за удари кон противничкиот гол.[67] Првиот гол на гостувањето на тимот на Војводина бил против Напредак од Крушевац во второто коло од српската Суперлига, Ѓуричиќ го постигнал со удар во горниот лев агол од голот. Овој гол бил поставен во конкуренција за гол на колото според анкетите во пишаните медиуми.[138][139][140]
На Ѓуричин за тој гол му бил доделен часовник, како подарок од Фудбалскиот сојуз на Србија, кој му бил врачен по завршувањето на второто коло на почетокот на месец октомври 2019 година.[141] По доаѓањето во Раднички од Ниш, Ѓуричин бил претставен како фудбалер кој може да игра на сите позиции зад најистурениот напаѓач.[142]
Статистика
уредиКлупска статистика
уредиКлуб | Сезона | Лигашки натпревари | Национален куп | Европски натпревари | Останати натпревари | Вкупно | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||||
Јединство од Нови Бечеј (како позајмен играч) | 2012/13[5] | Војводинска лига Исток | 23 | 3 | — | — | — | 23 | 3 | |||||
Сента | 2013/14[2] | Српска лига на Војводина | 30 | 6 | — | — | — | 30 | 6 | |||||
2014/15[2] | 14 | 4 | — | — | — | 14 | 4 | |||||||
Вкупно | 44 | 10 | — | — | — | 44 | 10 | |||||||
Земун | 2014/15[11] | Српска лига на Белград | 5 | 1 | — | — | — | 5 | 1 | |||||
2015/16[143] | Прва лига на Србија | 3 | 0 | 2[б 4] | 0 | — | — | 5 | 0 | |||||
Вкупно | 8 | 1 | 2 | 0 | — | — | 10 | 1 | ||||||
Срем од Јаково (како позајмен играч) | 2015/16[11] | Српска лига на Белград | 5 | 1 | — | — | — | 5 | 1 | |||||
Мунфоркс | 2016[12] | Шеста лига на Шведска | 9 | 11 | — | — | — | 9 | 11 | |||||
Бечеј | 2016/17[17] | Војводинска лига Север | 30 | 45 | — | — | 4[б 5] | 4 | 34 | 49 | ||||
2017/18[11] | Српска лига на Војводина | 15 | 16 | — | — | 1[б 6] | 1 | 16 | 17 | |||||
Вкупно | 45 | 61 | — | — | 5 | 5 | 50 | 66 | ||||||
Амал (како позајмен играч) | 2017[147] | Петта лига на Шведска | 4[б 7] | 2 | — | — | 1[б 8] | 1 | 5 | 3 | ||||
Спартак од Суботица | 2017/18[153] | Суперлига на Србија | 15 | 5 | — | — | — | 15 | 5 | |||||
2018/19[154] | 3 | 0 | — | 6[б 9] | 1 | — | 9 | 1 | ||||||
Вкупно | 18 | 5 | — | 6 | 1 | — | 24 | 6 | ||||||
Војводина | 2018/19[156] | Суперлига на Србија | 21 | 1 | 3 | 2 | — | — | 24 | 3 | ||||
2019/20[64] | 24 | 3 | 2 | 0 | — | — | 26 | 3 | ||||||
2020/21[157] | 9 | 2 | 1 | 0 | 1 | 0 | — | 11 | 1 | |||||
Вкупно | 54 | 6 | 6 | 2 | 1 | 0 | — | 61 | 8 | |||||
Раднички од Ниш | 2020/21[158] | Суперлига на Србија | 15 | 1 | — | — | — | 15 | 1 | |||||
2021/22[159] | 0 | 0 | 0 | 0 | — | — | 0 | 0 | ||||||
Вкупно | 15 | 1 | 0 | 0 | — | — | 15 | 1 | ||||||
ИМТ | 2021/22[160] | Прва лига на Србија | 14 | 2 | 0 | 0 | — | — | 14 | 2 | ||||
Вкупно во кариерата | 239 | 103 | 8 | 2 | 7 | 1 | 6 | 6 | 260 | 112 | ||||
Натпревари во репрезентативниот дрес
уредиСрпската репрезентација до 23 години | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
# | Датум | Конкуренција | Локација | Домаќин | Резултат | Гостин | Гол | Наводи | |
1. | октомври 15 2018 | Пријателски натпревар | Куќа на фудбалот, Стара Пазова | Србија | 2:4 | Франција | [119] | ||
1 | Вкупен број на натпревари, постигнати голови и минути поминати на теренот | 0 | [161] |
Трофеи и награди
уредиТимски трофеи и награди
уреди- Јединство Нови Бечеј
- Освоена е Војводинската лига Исток: 2012/13[5]
- Земун
- Освоена е Српската лига на Белград: 2014/15[10]
- Бечеј
- Војводина
- Освоен е Купот на Србија: 2019/20[89]
Индивидуални награди
уреди- Најдобар спортист на општина Бечеј во машка конкуренција за 2017 година година[35]
- Гол на колото во српската Суперлига[141]
Приватен живот
уредиОгњен Ѓуричин е роден во Зрењанин,[2][11][120] но неговото потекло е од Нови Бечеј, на околу 30 километри по воздушна линија од местото на неговото раѓање.[163] Неговиот дедо по татко, Стеван Ѓуричин Бапа, бил поранешен фудбалер, кој играл на позицијата како одбранбен играч за тимот на Пролетер од Зрењанин и Јединство од Нови Бечеј.[164] Поради неговиот начин на игра, Огњен Ѓуричин бил наречен Мангупот од Тиса.[124]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Jankov, Vlastimir (9 јуни 2017). „Fudbal: Mladi Bečejac Ognjen Đuričin "eksplodirao" u minuloj sezoni“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Ognjen Đuričin. ФК Сента, званична презентација. Архивирано од изворникот на 28 декември 2014. Посетено на 12 октомври 2018. Неважечки
|script-title=
: missing prefix (help) - ↑ Новковић, Мирјана (31 март 2018). „Живим за фудбал“. Посетено на 19 август 2019.
- ↑ „Пропозиције“ (PDF). fsrzs.com. 24 мај 2018. стр. 217. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-06-29. Посетено на 1 февруари 2019.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „Novobečejci među prvoligašima nakon 28 godina“. Дневник холдинг. webinfo.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Davidović, Stevan (9 август 2013). „Fudbaleri Jedinstva u punom pogonu“. novibechej.com. Архивирано од изворникот на 5 јули 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Četiri nova transfera. ФК Сента, званична презентација. 25 јули 2013. Архивирано од изворникот на 10 ноември 2013. Посетено на 12 октомври 2018. Неважечки
|script-title=
: missing prefix (help) - ↑ „Jesenje lovorike zasađene u Narodnoj bašti“. Крстарица. 24 ноември 2013. Архивирано од изворникот на 23 август 2017. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „ФК Сента: Главни циљ је титула у Српкој лиги“. Радио-телевизија Војводине. 24 јануари 2015. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 10,0 10,1 „GORNJI GRAD SLAVI: Zemunci ponovo u Prvoj ligi! (FOTO GALERIJA)“. srbijadanas.com. 7 јуни 2015. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 11,5 11,6 „Ђуричин, Огњен“. srbijafudbal.com. Архивирано од изворникот на 22. 01. 2019. Посетено на 12 октомври 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|archive-date=
(help) - ↑ 12,0 12,1 12,2 „Vi kan nu presentera de två första nyförvärven 2017“ [Најављујемо две нове аквизиције за 2017.]. ФК Амал, званична презентација (шведски). 22 ноември 2016. Архивирано од изворникот на 5 септември 2017. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Фудбал 31/2016“ (PDF). Фудбалски савез Србије. 29 јули 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 август 2016. Посетено на 3 август 2016.
- ↑ Jankov, Vlastimir (8 август 2016). „Fudbal: Premijera za bodove protiv Gložanaca“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (14 август 2016). „Fudbal: Trener gostiju Stanivuk presudio“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 Jankov, Vlastimir (4 јуни 2017). „Fudbal: Dobar dan, Srpska ligo!“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 17,0 17,1 Jankov, Vlastimir (7 јуни 2017). „Fudbal: Ispunili dato obećanje“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Bošković, Rajko (19 септември 2016). „Tužna subota kraj Dunava - Mladost dobila "petardu" i ostala bez trenera!“. 025info.rs. Архивирано од изворникот на 2018-07-05. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 19,0 19,1 Jankov, Vlastimir (1 април 2017). „Fudbal: Bečejci uknjižili novu pobedu i grabe ka Srpskoj ligi“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Filipčev, Vladan (23 октомври 2016). „Fudbal - Vojvođanska liga sever 11. kolo: Het-trik Đuričića u Tavankutu“. becejski-mozaik.co.rs. Посетено на 12 октомври 2018.[мртва врска]
- ↑ 21,0 21,1 Jankov, Vlastimir (31 август 2016). „Fudbal: Bečejci overili prolaz u finišu“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 22,0 22,1 Jankov, Vlastimir (29 март 2017). „Fudbal: Za pehar protiv najstarijeg kluba“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 23,0 23,1 23,2 Jankov, Vlastimir (26 април 2017). „Fudbal: Prvi pehar u vitrini“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 24,0 24,1 Jankov, Vlastimir (3 мај 2017). „Fudbal: Sad sve karte na prvenstvene bodove“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (10 јули 2017). „Fudbal: Novi srpskoligaš OFK Bečej 1918 počeo pripreme“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (11 септември 2017). „Fudbal: Đuričin četvrti put po dva gola“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Fudbal: Lider vojvođanskih srpskoligaša ne popušta“. mojbecej.rs. 16 септември 2017. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (23 септември 2017). „Fudbal: Finiš doneo potvrdu kvaliteta“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (14 октомври 2017). „Bečejci ubedljivi i u derbiju vojvođanskih srpskoligaša“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 30,0 30,1 Jankov, Vlastimir (18 октомври 2017). „Fudbal: Jubilarna deseta pobeda u sezoni“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (28 октомври 2017). „Bečejci nastavili neverovatnu seriju i zabeležili 11. pobedu“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (11 ноември 2017). „Fudbal: "Petarda" za jesenju titulu“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (18 ноември 2017). „Fudbal: Sa tri gola Kovačević na "koti 16"“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (26 ноември 2017). „Fudbal: Bečejci potvrdili titulu jesenjeg prvaka“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 35,0 35,1 Peter, Dijana (25 декември 2017). „Ognjen Đuričin i Zita Seke sportisti godine“. tvbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jankov, Vlastimir (16 ноември 2017). „Fudbal: Dve pobede za dve jesenje titule“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Ђуричин Спартаков, Јапанци хоће Чечарића“. Спортски журнал. 1 декември 2017. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Spartak započeo sa pripremama“. srbijasport.net. 9 јануари 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Спартак – Бачка 1:1 (1:1)“. ОФК Бачка Бачка Паланка, званична презентација. 18 јануари 2018. Архивирано од изворникот на 4 февруари 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 40,0 40,1 40,2 „Predstavljena nova pojačanja“. ФК Спартак Суботица, званична презентација. 19 јануари 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 41,0 41,1 Ковач, Г. (16 февруари 2018). „Суперлига: Вулић јунак драме под Багдалом“. Дневник холдинг. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Спектакуларан дуел у Крушевцу, Вулић мајсторијом у надокнади срушио Спартак“. Спортски журнал. 16 февруари 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Спартак - Црвена звезда 1:2 (1:2)“. ФК Црвена звезда, званична презентација. 25 февруари 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Fudbal: Spartak poražen od Zemuna nakon preokreta (1:2)“. subotica.com. 7 март 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Jovanović, M. (11 март 2018). „Prekinut niz Radničkog, Spartak slavio na "Čairu"“. Јужне вести. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Druga pobeda u nizu“. ФК Спартак Суботица, званична презентацију. 18 март 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Fudbal: Spartak savladao Radnik pred plejof (3:1)“. subotica.com. 5 април 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 48,0 48,1 „Spartak čuva svog "Džejmija Vardija"“. gradsubotica.co.rs. 23 април 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Spartak Subotica 1-1 Coleraine“. Би-Би-Си спорт (англиски). 12 јули 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Podvig Spartaka na Ostrvu, slede dueli sa Spartom iz Praga“. Вести онлајн. 19 јули 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Nedeljković, Darjan (26 јули 2018). „Čudo u Novom Sadu: This is Spartak! (VIDEO)“. mozzartsport.com. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Napad na Evropu!“. ФК Војводина, званична презентација. 27 август 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-20. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 53,0 53,1 „FOTO UBOD: Đuričin zvanično u Voši!“. butasport.rs. 27 август 2018. Архивирано од изворникот на 28 август 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Суперлига Србије: Војводина - Звезда 1:4 (Уживо)“. Дневник холдинг. 2 септември 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Voša u drugom poluvremenu pregazila Sinđelić za četvrtfinale Kupa“. mozzartsport.com. 24 октомври 2018. Посетено на 24 октомври 2018.
- ↑ 56,0 56,1 П, А. (31 јануари 2019). „Радован Кривокапић: Најбоље издање од почетка припрема“. Дневник холдинг. Посетено на 1 февруари 2019.
- ↑ „Haskić odveo Radnički posle 13 godina u polufinale Kupa“. mozzartsport.com. 13 март 2019. Посетено на 13 март 2019.
- ↑ Vujičić, Milutin (5 април 2019). „Najlepša utakmica za Vošu: Partizan i samo jedna opcija“. mondo.rs. Архивирано од изворникот на 2019-08-28. Посетено на 6 април 2019.
- ↑ Joković, Goran (26 април 2019). „Mladost-Vojvodina 3:1 (1:0)“. ФК Младост Лучани, званична презентација. Посетено на 28 април 2019.
- ↑ „Spisak Vojvodine za Sloveniju: "Otpala" dvojica!“. mondo.rs. 30 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-02. Посетено на 4 јули 2019.
- ↑ 61,0 61,1 „Убедљива победа Воше против Брежица“. ФК Војводина, званична презентација. 3 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 4 јули 2019.
- ↑ 62,0 62,1 „Nova pobeda Voše - OPET dosta golova, ali...“. mondo.rs. 5 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-07. Посетено на 11 јули 2019.
- ↑ 63,0 63,1 „Победа пред повратак кући“. ФК Војводина, званична презентација. 11 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 11 јули 2019.
- ↑ 64,0 64,1 „Đuričin, Ognjen — sezona 2019/20“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 21 јули 2019.
- ↑ „Још један малер за Војводину: Ђуричину страдао бутни мишић“. Спортски журнал. 14 јули 2019. Посетено на 14 јули 2019.
- ↑ „СУПЕРЛИГА: Војводина савладала Мачву у Бачкој Паланци (3:1)“. Дневник холдинг. 20 јули 2019. Посетено на 21 јули 2019.
- ↑ 67,0 67,1 „Đuričin se kandidovao za gol sezone: Lala vodi Vošu na vrh!“. mozzartsport.com. 28 јули 2019. Посетено на 29 јули 2019.
- ↑ „Lalatović osvojio Bagdalu, Vojvodina stala uz rame Zvezdi i TSC-u (VIDEO)“. Телеграф. 28 јули 2019. Посетено на 29 јули 2019.
- ↑ 69,0 69,1 „Напредак – Војводина 0:2“. ФК Војводина, званична презентација. 28 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 29 јули 2019.
- ↑ Ilić, Aleksandar (3 август 2019). „SLS: Petarda Vojvodine na premijeri na 'Karađorđu', Radnički slavio protiv Javora nakon preokreta“. hotsport.rs. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 19 август 2019.
- ↑ „Lalatović: Igrači idu na kafu, druže se... To volim!“. mondo.rs. 9 август 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-19. Посетено на 19 август 2019.
- ↑ „Лалатовић: Најтежа утакмица до сада“. ФК Војводина, званична презентација. 9 август 2019. Посетено на 19 август 2019.
- ↑ „ВОЈВОДИНА - ТСЦ СУПЕРЛИГАШКИ ДЕРБИ - Ђуричин: Остајемо на сто одсто“. Спортски журнал. 15 август 2019. Посетено на 22 август 2019.
- ↑ „Војводина голом Ђуричина остала на челу, реми Јавора и Напретка“. Спортски журнал. 24 август 2019. Посетено на 25 август 2019.
- ↑ Đurović, Zoran (25 септември 2019). „KUP Srbije: Zlatibor-Vojvodina 1:4 (VIDEO)“. zoomue.rs. Посетено на 5 октомври 2019.
- ↑ „Војводина зауставила Златибор у Купу“. zlatiborpress.rs. zoomue.rs. 26 септември 2019. Посетено на 5 октомври 2019.
- ↑ „Златибор – Војводина 1:4“. ФК Војводина, званична презентација. 25 септември 2019. Архивирано од изворникот на 2021-01-26. Посетено на 5 октомври 2019.
- ↑ „Skandal u Italiji: Albanci provocirali, navijači Vojvodine utrčali u teren, Baloteli odbio da igra“. mozzartsport.com. 12 октомври 2019. Посетено на 12 октомври 2019.
- ↑ „Линглонг супрелига: Војводина – Јавор 2:2 (Уживо)“. Дневник холдинг. 26 октомври 2019. Посетено на 22 февруари 2020.
- ↑ „Војводина (Н. Сад) 1 0 Пролетер (Н. Сад)“. Фудбалски савез Србије. 15 февруари 2020. Посетено на 22 февруари 2020.
- ↑ S, M. (22 февруари 2020). „Stanković o "žustroj izjavi": Emotivan sam i ne volim improvizacije“. Б92. Посетено на 22 февруари 2020.
- ↑ „Проглашено ванредно стање на територији читаве Србије“. Влада Републике Србије. 15 март 2020. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ „Важно обавештење“. Фудбалски савез Србије. 16 март 2020. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ „Ako se prekine prvenstvo: Zvezdi titula, Partizan u Evropu od drugog kola, Voša i TSC u kvalifikacije“. mozzartsport.com. 16 март 2020. Архивирано од изворникот на 17 март 2020. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ „Fudbaleri Vojvodine počeli zajedničke treninge, ali onlajn“. 021.rs. 26 март 2020. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ „Фудбалери Војводине поново тренирају у ФЦ "Вујадин Бошков"“. ФК Војводина, званична презентација. 4 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ „Наставак првенства 30. маја, без плеј-офа и плеј-аута“. ФК Војводина, званична презентација. 6 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ „Oglasio se FSS: 4 kola i KRAJ!“. mondo.rs. 6 мај 2020. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ 89,0 89,1 „Српски Куп је наш!“. ФК Војводина, званична презентација. 24 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ „Војводина – Партизан 2:2(1:0), 6:4 након пенала“. 24 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 25 јуни 2020. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ „Ненад Лалатовић: Збунио сам Вождовац“. Спортски журнал. 11 август 2020. Посетено на 15 август 2020.
- ↑ Joković, Goran (17 август 2020). „Vojvodina-Mladost 3:0 (0:0)“. Посетено на 25 август 2020.
- ↑ „TOK MEČA: Vojvodina poražena od Standarda posle produžetaka“. 021.rs. 24 септември 2020. Посетено на 7 ноември 2020.
- ↑ Предојевић, А. (21 октомври 2020). „Куп Србије: Војводина очекивано иде даље“. Дневник холдинг. Посетено на 7 ноември 2020.
- ↑ Joksić, Aleksandar (6 ноември 2020). „Kraljevi remija i nadoknade: Partizanova deca ukočila Vojvodinu, Gornji Milanovac odoleva 14 meseci“. mozzartsport.com. Посетено на 7 ноември 2020.
- ↑ Предојевић, А. (4 декември 2020). „Војводина у суботу дочекује Мачву: Опоравили се Ковачевић и Ђуричин“. Дневник холдинг. Посетено на 10 декември 2020.
- ↑ „Đuričin dobio zeleno svetlo i prešao u Radnički“. mozzartsport.com. 13 јануари 2021. Посетено на 13 јануари 2021.
- ↑ „Ognjen Đuričin napustio Vojvodinu i karijeru nastavlja u Nišu“. zrenjaninski.com. 14 јануари 2021. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ M, J. C. (14 јануари 2021). „Pet novih igrača u Radničkom, ekipa na pripremama u Turskoj“. Јужне вести. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Пораз од Јагелоније“. 24 февруари 2021. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Пораз од Аланије“. 24 февруари 2021. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Раднички бољи од Инхулеца“. 24 февруари 2021. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Реми против Акрона“. 24 февруари 2021. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Раднички савладао пољски ЛКС“. 24 февруари 2021. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Po bod Metalcu i Radničkom“. 6 февруари 2021. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Раднички Ниш - Црвена звезда 0:1 (0:1)“. 13 февруари 2021. Посетено на 11 јуни 2021.
- ↑ M, N. (29 април 2021). „Pobeda Radničkog protiv Inđije za beg iz opasne zone“. Посетено на 30 април 2021.
- ↑ M, N. (5 мај 2021). „Radničkom bod na Karađorđu“. Јужне вести. Посетено на 11 јуни 2021.
- ↑ Marinković, Bojan (19 мај 2021). „Nišlije, Pazar i Zmajevi opstali, Rad i Javor u drugoj ligi!“. Спорт клуб. Посетено на 11 јуни 2021.
- ↑ „O. Đuričin“. resultados-futbol.com (шпански). Посетено на 11 јуни 2021.
- ↑ „Станковић поново тренер, екипа од данас у Словенији“. 26 јуни 2021. Посетено на 8 јули 2021.
- ↑ „Раднички декласирао Брежице“. 29 јуни 2021. Посетено на 8 јули 2021.
- ↑ Sekulović, Branko (7 јули 2021). „Nišlije ubedljive Radnički tri od tri, Đuričin rešeta“. maxbetsport.rs. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 8 јули 2021.
- ↑ Tomašević, Dalibor (3 септември 2021). „Bombu prelaznog roka u Prvoj ligi aktivirao je IMT! Superligaško pojačanje među "traktoristima"“. maxbetsport.rs. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 5 септември 2021.
- ↑ Vujanović, H. D. (3 септември 2021). „Prva liga Srbije - IMT izgubio od novajlije iz Novog Sada“. srbijasport.net. Посетено на 5 септември 2021.
- ↑ Tomašević, Dalibor (12 септември 2021). „PRVA LIGA "Traktoristi" čudesnim preokretom savladali Budućnost, Inđiji derbi kola, Rad razbio maler“. maxbetsport.rs. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 13 септември 2021.
- ↑ Vujanović, H. D. (15 ноември 2021). „Lagana četvorka Novobeograđana protiv Timoka“. srbijasport.net. Посетено на 18 ноември 2021.
- ↑ „Комбинована, млађа селекција Србије (генерација 1995-2000.) има јаку проверу против селекције Француске (У-20), 15. октобра у СЦ ФСС“. Фудбалски савез Србије. 5 октомври 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 119,0 119,1 Stanković, Dejan (15 август 2015). „Dva komada Vlahovića i lekcije iz Subotice - malo za Francusku sa prvotimcima PSŽ-a, Arsenala, Borusije, Fjorentine...“. mozzartsport.com. Посетено на 15 октомври 2018.
- ↑ 120,0 120,1 „Đuričin, Ognjen“. ФК Спартак Суботица, званична презентација. Посетено на 12 октомври 2018.[мртва врска]
- ↑ 121,0 121,1 Korać, Stefan (7 април 2018). „Ognjen "Bapa" Đuričin #28 - FK Spartak Subotica“. Јутјуб. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Sprint Voše za kraj prelaznog roka - stiže Đuričin“. mondo.rs. 25 август 2020. Посетено на 24 јуни 2020.
- ↑ Het-trik Đuričina. ФК Сента, званична презентација. 13 октомври 2013. Архивирано од изворникот на 2 ноември 2013. Посетено на 24 октомври 2018. Неважечки
|script-title=
: missing prefix (help) - ↑ 124,0 124,1 Јанков, Властимир (26 декември 2017). „Бечејски фудбалер Ђуричин сели се у Спартак“. Дневник холдинг. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Zvezda i Partizan će se otimati za njega: Dao 66 golova za godinu dana, došao iz 3. lige u Spartak i već dominira! (VIDEO)“. Телеграф. 12 март 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 126,0 126,1 Stanković, Dejan (18 март 2018). „Srpski Džejmi Vardi zove se Ognjen Đuričin“. mozzartsport.com. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ 127,0 127,1 Jankov, Vlastimir (29 ноември 2017). „Fudbal: OFK Bečej 1918 najuspešniji srpskoligaš u sve četiri grupe“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Vujičić, Milutin (22 јануари 2018). „Spartak sve mlađi: Neki nisu ni leteli avionom!“. mondo.rs. Архивирано од изворникот на 2018-06-13. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Председник Спартака: Од сутра без динара дуга!“. Sportski žurnal. 9 февруари 2018. Посетено на 11 октомври 2018.
- ↑ Borocki, Mladen (25 август 2018). „U finišu prelaznog roka Vojvodina dovela veliko pojačanje“. millenniumsport.rs. Архивирано од изворникот на 4 февруари 2019. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Maksimalni učinak nakon tri kola plej ofa“. ФК Спартак Суботица, званична презентација. 25 април 2018. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Кривокапић: Наше најбоље издање до сада“. ФК Војводина, званична презентација. 31 јануари 2019. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 1 февруари 2019.
- ↑ „Ђуричин: Сви су тренеру Окуки говорили да ме са крила помери унутра, али узалуд…“. Спортски журнал. 3 февруари 2019. Посетено на 3 февруари 2019.
- ↑ Предојевић, А. (5 јули 2019). „Огњен Ђуричин, фудбалер Војводине: Свака утакмица ново доказивање“. Дневник холдинг. Посетено на 29 јули 2019.
- ↑ „Нова победа Војводине, Ђуричин, Кокир и Зукић у главним улогама“. Спортски журнал. 8 јули 2019. Посетено на 11 јули 2019.
- ↑ „Ненад Лалатовић одговарао на питања војводинаша“. ФК Војводина, званична презентација. 10 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 11 февруари 2019.
- ↑ Noveski, Darko (12 јули 2019). „POČELO: Vojvodina startovala bez trenera sa 34 igrača!“. hotsport.rs. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 29 јули 2019.
- ↑ Lazić, Petar (28 јули 2019). „BOMBA ĐURIČINA ZA TRI BODA Vojvodina porazila Napredak u Kruševcu, Novosađani i pobede dva od dva“. Блиц. Посетено на 30 јули 2019.
- ↑ „ANKETA: Gol vikenda - Đuričin ili Adamović? Glasajte!“. mondo.rs. 29 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-02. Посетено на 30 јули 2019.
- ↑ „Top 5 golova - 2.kolo Linglong Tire Super lige Srbije“. Суперлига Србије у фудбалу, фејсбук страница. 30 јули 2019. Посетено на 31 јули 2019.
- ↑ 141,0 141,1 „ФСС дарови на "Карађорђу" | Никола Дринчић и Огњен Ђуричин лауреати за најлепши гол (Видео)“. Фудбалски савез Србије. 4 октомври 2019. Посетено на 5 октомври 2019.
- ↑ M, J. C. (14 јануари 2021). „Fudbaleri Radničkog otputovali u Tursku sa petoricom novih igrača“. Нишке вести. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Đuričin, Ognjen“. Прва лига Србије у фудбалу, званична презентација. 1 ноември 2015. Посетено на 29 јули 2019.
- ↑ PRETKOLO KUPA: Zemun- Jedinstvo Putevi 1:0. infoera.rs. 2 септември 2015. Архивирано од изворникот на 13 јануари 2017. Посетено на 3 септември 2015. Неважечки
|script-title=
: missing prefix (help) - ↑ „Fudbaleri Spartaka savladali Zemun za prolazak u 1/8 finala Kupa Srbije“. subotica.com. 28 октомври 2015. Архивирано од изворникот на 5 април 2016. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Izmena termina kup utakmice: Sa Potisjem od 15 sati“. mojbecej.rs. 16 октомври 2017. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Tacacho, Fredrik (1 март 2017). „Landslagsspelare klar för IFK Åmål“ [Репрезентативац је спреман за ИФК Амал]. nwt.se (шведски). Архивирано од изворникот на 13 октомври 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „KB Karlskoga FF 2–4 IFK Åmål“. svenskfotboll.se (шведски). 10 јуни 2017. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „IFK Åmål FF 3–0 IFK Eskilstuna“. svenskfotboll.se (шведски). 17 јуни 2017. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „IFK Sunne Fotboll FF 1–3 IFK Åmål FF“. svenskfotboll.se (шведски). 22 јуни 2017. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „IFK Ölme 0–6 IFK Åmål FF“. fogis.se (шведски). 1. 7. 2017. Архивирано од изворникот на 2018-10-13. Посетено на 12. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Vinst mot Eds FF i Dalslands Sparbanks cup, 3-0“ [Победа против Едса у купу Далсланд Спарбанка, 3ː0]. ФК Амал, званична презентација (шведски). 14 јуни 2017. Архивирано од изворникот на 12 октомври 2018. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Đuričin, Ognjen — sezona 2017/18“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Đuričin, Ognjen — sezona 2018/19“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Ognjen Djuricin“. whoscored.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 12. 10. 2018. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Đuričin, Ognjen — sezona 2018/19“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Đuričin, Ognjen — sezona 2020/21“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 8 август 2020.
- ↑ „Đuričin, Ognjen — sezona 2020/21“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 16 април 2021.
- ↑ „Đuričin, Ognjen — sezona 2021/22“. Суперлига Србије у фудбалу, званична презентација. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 27 јули 2021.
- ↑ „Đuričin, Ognjen — sezona 2021/22“. Прва лига Србије у фудбалу, званична презентација. Посетено на 5 септември 2021.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеTM
. - ↑ Jankov, Vlastimir (5 јуни 2018). „Veliki uspeh bečejskog fudbala iz stručnog i rukovodećeg ugla“. mojbecej.rs. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ „Udaljenost Novi Becej Zrenjanin“. mojaavantura.com. Посетено на 12 октомври 2018.
- ↑ Mečkić, Lazar. „Povratak starih asova i napori za konsolidaciju tima“. novibechej.com. Архивирано од изворникот на 2018-08-22. Посетено на 12 октомври 2018.
Надворешни врски
уреди- Огњен Ѓуричин на soccerway
- Огњен Ѓуричин – Профил на сајтот на УЕФА
- Огњен Ѓуричин на веб-страницата на Шведската фудбалска асоцијација (јазик: шведски)
Грешка во наводот: Има ознаки <ref>
за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>
.