Неврокопска Котлина

котлина во Неврокопско, Пиринска Македонија

Неврокопска Котлина, служб. Гоцеделчевска Котлина (бугарски: Гоцеделчевска котловина; до 1950 г. Неврокопска котловина) — котлина во Пиринска Македонија, денес во Благоевградската област западна Бугарија. Се наоѓа во Неврокопско, во поречието на реката Места.

Неврок. Котл. во рамките на Пиринска Македонија
Неврок. Котл.
Местоположба на Неврокопската Котлина во рамките на Пиринска Македонија
Поглед на Неврокопската Котлина од Делчево.
Поглед на Неврокопската Котлина од Хаџидимово.
Поглед на Неврокопската Котлина од Лештен.

Географски особености

уреди

Котлината е сместена од обете страни на средниот тек на река Места, како на запад досега до стрмните падини на Пирин, а на исток до падините на ридот Дабраш, дел од Западните Родопи. На југ котлината се простира до северните падини на планината Стргач, на границата со Егејска Македонија На север преку Момината Клисура на Места се поврзува со Разлошката Котлина.[1] Има издолжен облик, во правец од север-северозапад кон југ-југоисток во должина од 21 км, а средната ширина изнесува 6 км. Зафаќа вкупна од 122 км2. Средната надморска височина на котлинското дно е 530 м.[1]

Потонувањето на котлината се случило во текот на плиоценот, кога раседите станале поизразени, а потоа исполнети наслаги, кои во квартарот биле припокриени со нанос. За разлика од источните падини, кои се поблаги, западните, насочени кон Пирин се многу стрмни. Раседите денес имаат мноштво минерални извори, и тоа во подрачјата на селата Грмен, Фотовишта и Мусомишта. Има мали наоѓалишта на железна руда и лигнитни јаглени.

Климата е изменетосредоземноморска. Средната годишна температура (станица Неврокоп) изнесува 11,3 °C, средната јануарска е 0 °C, а средната јулска — 21,6 °C. Средните годишни врнежи изнесуваат 646 мм. Се одводнува од реката Места и нејзините притоки (Канина, Матница и др.). Почвите и се наносни, водотечни и исцедни циметници, кои заедно со поволните климатски услови овозможуваат одгледување на интензивни култури, средоземни видови, овошје, зеленчук и тутун. Развиено е и сточарството.

Растителноста е претставена од македонско-тракиски балкански ендемити како благун, чинар, други дабови, црвена и обична смрека. Од животинскиот свет преовладуваат средоземни видови и ендемити.[1]

Населени места

уреди

Најзначајно населено место во котлината е градот Неврокоп (Гоце Делчев), сместен во западниот дел.[2] Покрај него има уште еден град — Хаџидимово (во јужниот дел) и 16 села: Балдево, Баничан, Блатска, Нов Чифлик (Борово), Цирополе (Господинци), Грмен, Дебрен, Дабница, Копривлен, Марчево, Мусомишта (Мосомиште), Лески (Ново Лески), Фотовишта (Огњаново), Петралик (Петрелик), Садово и Фустане (Хвостјане).

Сообраќај

уреди

Надолжно и напречно низ котлината поминуваат делници на два пата од Државната патна мрежа:

  • Од север кон југ, меѓу селата Цирополе (Господинци) и Садово, во должина од 20,4 км — делница од второкласниот пат бр. 19 Симитли — БанскоНеврокоп — ГП „Илинден“.
  • Од запад кон исток, од Неврокоп до с. Дабница, во должина од 7 км — потег од третокласниот пат бр. 197 Неврокоп — Доспат — Девин.

Литература

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Голяма енциклопедия България“, БАН, том 4 (БЪЛ-ГЪР), ИК "Труд", София 2011, ISBN 978-954-8104-26-5, стр. 1602.
  2. Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 230.

Надворешни врски

уреди

41°34′2″N 23°47′21″E / 41.56722° СГШ; 23.78917° ИГД / 41.56722; 23.78917