Матница (река)
Матница (бугарски: Мътница) — река во Неврокопско (Општина Хаџидимово) Пиринска Македонија, десна притока на Места. Долга е 31 км.[1]
Матница Мътница | |
---|---|
Местоположба | |
Место | Неврокопско (Оп. Хаџидимово), Пиринска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | 1 км СИ од врвот Муторок, Јужен Пирин |
• координати | 41°31′12″N 23°39′31″E / 41.52° СГШ; 23.6586° ИГД |
• надм. вис. | 1.685 м |
Устие | |
• место | р. Места, 2,6 км ЈИ од Хаџидимово |
• координати | 41°30′12″N 23°53′22″E / 41.5033° СГШ; 23.8894° ИГД |
• надм. вис. | 457 м |
Должина | 31 км |
Големина на сливот | 176 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Места→ Егејско Море |
Реката извира на надморска височина од 1.685 м, на 1 км североисточно од врвот Муторок (1.971 м) на Јужен Пирин. Во најгорното течение оди во југоисточен правец, во релативно длабока и добро пошумена долина, а потоа до устието долината ѝ е обесшумена и еродирана. Во подрачјето на с. Л’ки прескува широк мермерен појас, каде губи дел од водите. По утоката на најголемата притока Буровица (десна) свртува на исток, а по с. Либјахово (Илинден) — на североисток. Завршува како десна притока на Места, 2,6 км југоисточно од градот Хаџидимово, а на мало растојание од границата со Егејска Македонија.
Сливот на реката зафаќа 176 км2, што претставува 5,11 % од вкупниот слив на Места. Главни притоки се Селска Река, Буровица (најголема), Орешки Дол, Длабоки Дол и Дервенска Река, сите десни.
Матница има мошне променлив режим и повлекува големо количество наноси, поради што го носи своето име. Летно и есенско време во средното и долното течение пресушува.
По течението на реката има населени места: селата Либјахово (Илинден) и Петралик (Петрелик), обете во Општина Хаџидимово.
Мал дел од водите во долното течение се користат за наводнување.[1][2]
Поврзано
уреди- Неврокопска Котлина
- Хаџидимовска Клисура
- Матеница — слично наречена река во Пиринска Македонија
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Енциклопедия „Пирински край“, том 1. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 598. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ Мичев, Н и Ц. Михайлов, И. Вапцаров и Св. Кираджиев, Географски речник на България, София 1980 г., стр. 330.