Стргач
Стргач (бугарски: Стъргач, грчки: Κουλάτα) — планина на границата меѓу Пиринска и Егејска Македонија, денес во Бугарија и Грција. Претставува најниската планина во Рилско-родопскиот Масив.
Стргач | |
---|---|
Поглед на Стргач | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.270 м |
Географија | |
Географски особености
уредиМестоположба, граници, големина
уредиПланината се протега на југ од Пирин, од кој е одделена со долината на Матница (десна притока на Места). На запад се поврзува со планината Славјанка (Алиботуш) преку седлото Падарчовица или Панаирска Ливада (720 м), а на исток преку седлото Митницата — со Бесленски Рид. На југозапад долината на реката Ватитопу ја двои од планината Црна Гора, а на југоисток долината на реката Милоревма — од планината Драмски Боздаг. На југ, падините Стргач се спуштаат стрмно кон Лиско-зрновската Котлина. Планината е долга околу 15, а широка 10 км. Поголемиот дел од неа се наоѓа на грчка територија. На бугарска страна, зафаќа 37 км2, односно околу 40% од вкупната површина.
Релјеф, геолошка градба
уредиСо заоблените контури и слабо разгрането било, Стргач е смалена копија на соседната планина Славјанка. Највисока точка е истоимениот врв Стргач (1270 м) и се наоѓа на грчка страна (познат и како Кулата или Странгац), на 1 км јужно од границата. На бугарска територија, највисок е Асанов Врв (1217,7 м).
Стргач претставува хорст составен од метаморфни карпи од мермер, гнајс, лискунести шкрилци. По помали повшини се среќаваат и гранитот и кварцот.
Клима, почва, флора и фауна
уредиПоради близината на Егејското Море, климата е преодна средоземна. Најмногу врнежи, претежно од дожд, има во есен и зима. Снежната покривка речиси не се задржува. Почвата е претежно од црвеникавиот шумски вид, а во највисоките делови се среќава и кафеава шумска и ренѕинска почва.
Климатските и почвени услови на планината условиле создавање на специфична субсредоземна флора и фауна. Преовладува пониска растителност како црниот јасен, јоргованот, смрека, леската, белиот габер. На повисоките делови по границата со Грција има букова шума. Од животните се среќаваат дивата мачка, дивања свиња и дивиот зајак.
Населени места
уредиСамата планина не е населена, но на подножјата на бугарска и грчка страна има 1 град и 5 села.
- Во Пиринска Македонија — 2 села: Либјахово (Илинден
) и Нова Ловча;
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- В Стъргач времето е спряло между две села Архивирано на 25 август 2011 г.
- Галерија на Стргач Архивирано на 2 декември 2011 г.