Канина (река)

река во Пиринска Македонија

Канина или Канина Рекарека во Грменско, Пиринска Македонија, лева притока на Места. Долга е 36 км и одводнува дел од југозападните падини на Доспат Планина во Западните Родопи.[1]

Канина
Долината на Канина
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоДоспат Пл., Западни Родопи
 • координати41°43′39″N 23°57′49″E / 41.7275° СГШ; 23.9636° ИГД / 41.7275; 23.9636
 • надм. вис.1.726 м
Устие 
 • место
Места, 2 км источно од Неврокоп
 • координати
41°35′08″N 23°46′04″E / 41.5856° СГШ; 23.7678° ИГД / 41.5856; 23.7678
 • надм. вис.
503 м
Должина36 км
Големина на сливот234  км2
Проток 
 • просечен2,95 м3
Особености на сливот
ТечениеМестаЕгејско Море

Реката извира на 1.726 м.н.в. од јужното подножје на врвот Свети Петар (1.745 м) на Доспат Планина (Дабраш), Западни Родопи. Отпрвин тече кон запад во слабо наклонета и густо пошумена долина. Откако оддесно ќе ја прими Виштерица, свртува на југ и долината ѝ станува многу длабока, со стрмни голи страни. Во овој дел коритото е многу стрмно и Канина образува бројни слапови и водопади. По с. Марчево навлегува во Неврокопската Котлина, образува голем наносен конус и се влева во левиот брег на Места (на 503 м.н.в.), 2 км источно од градот Неврокоп (Гоце Делчев).[2]

Сливот зафаќа 234 км2, што претставува 6,79 % од вкупниот слив на Места. Неговата средна надморска височина изнесува 1.400 м.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • ← Чукурска Река
  • ← Ранча
  • ← Ајдучка Река
  • → Чарково Дере
  • ← Банкова Ливада
  • → Грмодско Дере
  • Виштерица (најголема)
  • ← Големо Коњско Дере
  • → Дреновска Река

Средниот годишен истек кај с. Фотовишта изнесува 2,95 м3. Канина се напојува од дожд и снег; најполноводна е во април, а најслабоводна во септември.

По течението има две села: Фотовишта (Огњаново) и Марчево, обете во Општина Грмен.

Дел од водите на Канина и нејзината притока Виштерица се насочуваат кон горното течение на реката Доспат и кон вештачкото езеро Доспат со помош на 7 водозафатни постројки и тунел под планината Доспат. Во најдолното течение водите се користат за наводнување.

Карти

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 213.
  2. Енциклопедия „Пирински край“, Том 1, Благоевград, 1995, стр. 418