Неврокопско
Неврокопско (денес и Гоцеделчевско) — историско-географска област во Пиринска Македонија околу градот Неврокоп (Годе Делчев).
Територијата на областа приближно се совпаѓа со некогашната Неврокопска околија, а денес ги вклучува општините Неврокоп (Гоце Делчев), Грмен и Хаџидимово и речиси целите општини Сатовча (без селото Осина в Девинско) и Банско (без градовите Банско и Добриништа во Разлошко), како и селата Брштен и Црнча во општината Доспат.[1]
Сместена е во Неврокопската Котлина и блиските делови на Родопите и Пирин. Се граничи со Разлошко на север, Девинско на исток, Драмско, Серско и Валовишко (Егејска Македонија) на југ и Санданско на запад.
До Балканските војни областа имала поширок опфат, вклуќувајќи егејски територии кои влегле во Грција со Букурешкиот договор од 1913 г.
Наводи
уреди- ↑ Статистички преглед на Неврокопската околија (бугарски)