Мрсна (грчки: Γόνιμο, Гонимо, до 1927 Μρίσνα, Мрисна[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во рамките на општината Синтика, Грција. Населението брои 455 жители (2011).

Мрсна
Γόνιμο
Мрсна is located in Грција
Мрсна
Мрсна
Местоположба во округот
Мрсна во рамките на Синтика (општина)
Мрсна
Местоположба на Мрсна во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°14.20′N 23°15.11′E / 41.23667° СГШ; 23.25183° ИГД / 41.23667; 23.25183
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСер
ОпштинаСинтика
Надм. вис.&1000000000000003500000035 м
Население (2001)[1]
 • Општ. един.455
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Рег. таб.ΕΡ

Познато е како родно место на истакнатиот македонски глумец Ристо Шишков (1940-1986).

Географија

уреди

Селото е сместено северозападно од градот Сер и 15 км западно од Валовишта (Сидирокастро) во Серското Поле, на десниот брег на реката Струма. На растојание од 3 км од другата страна на реката е селото Хаџи Бејлик, а на 7 км е Ветрен. Лежи на надморска височина од 35 м.[3]

Историја

уреди

Османлиско време

уреди

Во XIX век Мрсна е чифлиг во Серската каза. Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мрсла (Mrsla) има 25 домаќинства кои се состојат од 80 Македонци.[4]

В 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Мрсна е помалку од 12 час на исток од Голема Маала. Чифлиг на Исмаил-бег од Сер. Има иста земја со околните села. 70 македонски[5] и 20 ромски куќи... Рамницата на која се сместени горните четири села[6] се нарекува Прокопанско Поле и е една од најплодните. Струма обилно го пои и често дури си го менува коритото. На југ е орманот [шумата], густ со многувековни врби и тињести блата, па така климата е нездрава и поддржува секакви мијазми. Во орманаот има многу диви свињи, јазовец, шакали; по краиштата се одгледуваат и питоми свињи.[7]


Помеѓу 1896 и 1900 г. селото потпаѓа под врховенството на Бугарската егзархија[8]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Марсна Маала живеат 420 Македонци[5] и 120 Роми.[9] Според статистиката на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Мрсена се состои од 480 Македонци.[5][10]

Припојување кон Грција

уреди

По Втората балканска војна 1913 г. Мрсна влегува во состав на Грција. По Грчко-турската војна во селото се доселени Грци-бегалци, па така пописот од 1928 г. го прикажува населението како мешано староседелско (македонско) и бегалско (грчко) население, со 34 доселенички семејства со вкупно 178 луѓе.[11]

Во 1927 г. селото е преименувано во Гонимо, со значење „плодно“.[12]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 885 778 962 810 725 805 605 455
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Селото припаѓа на општинската единица Петрич со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мрсна, каде тоа е еднственото населено место.

Стопанство

уреди

Личности

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μρίσνα -- Γόνιμον
  3. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 202.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 120-121.
  5. 5,0 5,1 5,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Пурлида, Мрсна, Голема Маала и Бахтијар.
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVI, 1891, стр. 849.
  8. Илюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1
  9. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 177
  10. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.198-199.
  11. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  12. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски

уреди