Хаџи Бејлик
Хаџи Бејлик (грчки: Βυρώνεια, Вирониja; до 1927 г. Χατζή-Μπεϊλίκ, Хаѕи-Бејлик[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Хаџи Бејлик Βυρώνεια | |
---|---|
Координати: 41°15.55′N 23°15.9′E / 41.25917° СГШ; 23.2650° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | 190 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 762 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа северозападно од Сер и западно од Валовишта во живописно место во јужното подножје на Беласица. Југозападно од него е Бутковското Езеро. Селото првично било во пазувите на Беласица, но подоцна е преместено на југ кај железницата. Старото Горно Маало до 2000-тите се водело како одделно село Горно Хаџи Бејлик (Άνω Βυρώνεια) и во 2001 г. имало 75 жители.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX и почетокот на XX век Хаџи Бејлик било чисто македонско село во Демирхисарската каза. Било чифлик на Акил-бег од Сер. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаџи Бејлик (Hadji-beylik) било село со 80 домаќинства на 270 Македонци.[4][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
„ | Хаџи Бејлик, чифлик на един серски бег, на СЗ од Демир Хисар 7 часа, до пазувите на Беласица. Повеќето се дрводелци и овчари, за кои има пространна шума и секакви дрвја. Црква во која се служи мешано; бугарско училиште со 15 ученици. 60 куќи Македонци.[6][7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 650 жители, сите Македонци христијани.[4][8]
По Илинденското востание во 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 800 Македонци, сите под Егзархијата.[4] Во него работело бугарско основно училиште со еден учител и 25 ученици.[10]
Во Грција
уредиПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција според Букурешкиот договор. Истата година населението броело 306 жители, кои во во 1920 г. се зголемиле на 384 лица.[3] Во 1923-1924 г. под притисок на грчките власти се иселиле 300 лица (70 семејства) во Бугарија,[3] На нивно место власта довела грчки колонисти од Турција. Потомци на иселениците од Хаџи Бејлик денес живеат во Петрич и околината. На пописот од 1928 г. селото е претставено како мешано со 882 жители, од кои 656 лица (185 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[11]
Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Топ Чинар[12] | Τοπτσινάρ | Стронгилопиги | Στρογγυλοπηγή[13] | |
Рамна | Ράμνα | Омалос | Όμαλός[13] | село и врв на Беласица (539 м) на ЗСЗ од Хаџи Бејлик[12] |
Хаџи Аврам | Χατζαβράμ | Строфес | Στροφές[13] | |
Кална Скала | Κάλνα Σκάλα | Скала | Σκάλα[13] | месност на Беласица на ССЗ од Хаџи Бејлик[12] |
Султаница | Σουλτανίτσα | Султана | Σουλτάνα[13] | река[12] и падина СИ од Дервент |
Рамна | Ράμνα | Омалорема | Όμαλόρεμα[13] | река на ЗСЗ од Хаџи Бејлик |
Арнаути[13] или Арничи[14] | Άρναούτη | Арнаути Рема | Άρναούτη Ρέμα[13] | река СИ од Хаџи Бејлик, друго име на Султаница[14] |
Попотливица | Ποποτλίβιτσα | Пападолупа | Παπαδοπούλα[13] | гранична месност ма Беласица С од Хаџи Бејлик[12][15] |
Население
уреди- Долно Хаџибејлик
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 353 | 833 | 1395 | 1289 | 1081 | 1029 | 905 | 762 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
- Горно Хаџибејлик
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1277 | 833 | 1395 | 707 | 279 | 65 | 75 | — | — |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
уреди- Георги Узунов (Дедо Петар, 1852 – 1932) — револуционер, деец на ВМОРО и ВМОК
- Христо Попандреев (1869 – ?) — војвода на ВМОК
- Димитър Илиев (1878 – 1957) — општественик во Бугарија, револуционер и деец на ВМОРО,[16] народен пратеник од БЗНС
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 211. 195-196. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 136–137. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 859.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.
- ↑ Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 13,4 13,5 13,6 13,7 13,8 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 427. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 146): 1044. 1968. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 14,0 14,1 Топографска карта ЈНА 1:100.000.
- ↑ Porróïa GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
- ↑ Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.