Голема Маала
Голема Маала или Бујук Махале (грчки: Μεγαλοχώρι, Мегалохори; до 1927 г. Μπουγιούκ Μαχαλέ, Бујук Махале[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено речиси исклучиво со Македонци.[3]
Голема Маала Μεγαλοχώρι | |
---|---|
Координати: 41°14.49′N 23°13.30′E / 41.24150° СГШ; 23.22167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Синтика |
Општ. единица | Петрич |
Надм. вис. | 35 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 513 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа на десниот брег на Струма и на северниот брег на Бутковското Езеро.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Голема Маала била чифлик во Серската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Буук (Buuk) било село во Серската каза со 70 домаќинства сочинети од 246 Македонци.[4][5] Во него работела грчката пропаганда.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Голема Маала, чифлик на Акиф-бег на СЗ од Џумаја 2 часа. Почва извонредна која дава најквалитетна пченка. Црква „Св. Богородица“, се служи на грчки; училиште исто така грчко со 15 ученици. 60 куќи македонски[6] и 10 ромски... Рамницата на која се сместени горните четири села[7] се нарекува Прокопанско Поле и една од најплодните. Струма обилно го напојува и често дури си ја менува и матката. На Ј е шумата, густа со вековни врби и тињести блата, така што климата е нездрава и поддржува секакви мијазми. Во шумата има многу диви свињи, јазовец, чакали; по пределите шетаат и питоми свињи.[8] | “ |
Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзарихија и во него проработела бугарската пропаганда.[9] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во селото живееле 420 Македонци и 60 Роми.[4][10]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Голема Маала (Golema-Mahala) живееле 640 Македонци егзархисти. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 30 ученицивц.[4][11]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 250 жители, кои во 1920 г. се покачиле на 356 лица.[3] Во 1924 г. селото го напуштиле 96 лица (30 семејства), а на нивно место властите довеле грчки колонисти. На пописот од 1928 г. ГОлема Маала имала 629 жители,[3] од кои 336 лица (80 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот македонски староседелци.[12]
Во 1930-тите, по извршените мелиорации на Струма и создавањето на вештачкото Бутковско Езеро, во Голема Маала се доселиле и семејства од погодените села Бахтијар и Мантар, кои денес се непостоечки.
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 896 | 944 | 1.156 | 991 | 1.011 | 1.010 | 809 | 658 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 190. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Пурлида, Мрсна, Голема Маала и Бахтијар.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 849.
- ↑ Шалдевъ, Хр (1936). „Екзархъ Йосифъ I за задачата на Екзархията следъ 1887 год“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Илинденска организация. 9 (79): 1. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012