Бахтијар
Бахтијар (грчки: Δενδρόφυτο, Дендрофито; до 1927 г. Μπαχτιάρ, Бахтијар[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Било населено со Македонци.[2]
Бахтијар Δενδρόφυτο | |
---|---|
Координати: 41°14.43′N 23°10.24′E / 41.24050° СГШ; 23.17067° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски |
Општина | Долна Џумаја |
Општ. единица | Долна Џумаја |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓало на североисточниот брег на тогашното Бутковско Езеро, подоцна потопено од водите кога е направено вештачко.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бахтијар (Bahtiar) било село во Серската каза со 70 домаќинства сочинети од 246 жители Македонци.[3][4]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Бахтиаро, село на З од Џумаја 21⁄2 часа; до езерото има едвај 1⁄2 час. Струма често се поплавува, носи талог и ја прави земјата една од најплодните. Покрај езерото и Струма има густа шума. Се занимаваат со риболов и земјоделство. Црква „Св. Илијалия“; се служи на грчки. Има само училишна зграда. 60 куќи чисти Македонци...[5] Рамницат на која се сместени четири села[6] се нарекува Прокопанско Поле и е една од најплодните. Струма изобилно го напојува и често си ја менува дури и матката. На Ј е орманот, густ со вековни грби и тињести блата, така што климата е нездрава и поддржува секакви мијазми. Во орманот има многу диви свињи, јазовец, чакали; по пределите шетаат и питоми свињи.[7] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Бахтияръ Махала брои 380 жители, сите Македонци христијани.[3][8]
Сите христијани во Бахтијар биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бахтијар (Bahtiar) живееле 480 Македонци патријаршисти.[3] Во селото работело грчко основно училиште со 1 учител и 10 ученици.[9]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Изгледа дека Бахтијар настрадал во војните бидејќи во 1913 г. населението се намалило на само 14 жители. Подоцна еден дел од жителите се вратиле, бидејќи во 1920 г. во него е попишано 121 лице.[2] Во 1924 г. под притисок на грчките власти добар дел од населението се иселило во Бугарија (76 лица). Во 1928 г. Бахтијар имал 47 жители.[2]
Со изградбата на хидроакумулацијата на Бутковското Езеро во 1930-тите селото е поплавено и уништено.[10]
Личности
уреди- Гого Стојанов — револуционер, деец на Македонскиот комитет, четник на Алексо Поројлијата, загинатт заедно со неговиот војвода на 26 јули 1903 г. на месноста Аџиица меѓу Стиник и Игуменец, Петричко.[11]
Наводи
уреди- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 186–187. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 120–121. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Пурлида, Мрсна, Голема Маала и Бахтијар.
- ↑ Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 849.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 177. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
- ↑ „Φύλλο της Εφημερίδας της Κυβερνήσεως (ΦΕΚ) 130Β΄/28-10-1930 (άρθρο 13)“. Αθήνα: Εθνικό Τυπογραφείο. стр. 553. Посетено на 18 декември 2022.
- ↑ „Революционната борба в Гевгелийско по спомените на Илия Костадинов Докторов“, Съставител: Кирил Григоров Пърличев, „Македония прес“, София, 2004, стр.154.