Грбот на на Малезија се состои од штит кој го придржуваат два тигри. Над штитот се наоѓа жолта полумесечина со четиринаесеткракна ѕвезда. Краковите на ѕведата претставуваат тринаесет малезијски територии (четиринаесетата го претставува Сингапур, бивша територија на Малезија). Под штитот има трака на која што пишува „Единството е Сила“ напишана на малезијски јазик на две писма, романизипваното и јава писмото. Во горниот дел на штитот се наоѓаат пет крисови (вид на мечови), под кои се наоѓаат симболите на Малезија и териториите.

Грб на Малезија
Coat of arms of Malaysia.svg
Подробно
ГрбоносецМалезија Малезија
Усвоен1948

Видете уште иУреди