Малачки Проток

Малачки Проток (малајски: Selat Melaka, индонезиски: Selat Malaka) — тесна водна површина долга 805 км која се протега Малајскиот Полуостров и индонезискиот остров Суматра. Наречен е по Малачкиот Султанат кој заповедал со архипелагот од 1414 до 1511 г.

Малачки Проток
Selat Melaka
Selat Malaka.png
Малачкиот Проток го поврзува Тихиот Океан на исток со Индискиот Океан на запад
ПодрачјеАндаманско Море - Каримата
Координати4° N; 100° E / 4° N; 100° E / 4; 100 (Малачки Проток)Координати: 4° N; 100° E / 4° N; 100° E / 4; 100 (Малачки Проток)
Видпроток
Сливни земји Тајланд
 Малезија
 Сингапур
 Индонезија
Прос. длабочина25 м
Населени места

ГранициУреди

Според Меѓународната хидрографска организација границите на Малачкиот Проток се следниве:[1]

На запад. Линија од Педропунт (најсеверната точка на Суматра, 5°40′ N; 95°26′ E / 5.66° N; 95.43° E / 5.66; 95.43) и Лем Воалан (јужниот крај на островот Пукет во Сијам [Тајланд], 7°45′ N; 98°18′ E / 7.75° N; 98.3° E / 7.75; 98.3).

На исток. Линија од ’ртот Танџинг Пиај (Булус) (јужниот крај на Малајскиот Полуостров, 1°16′ N; 103°31′ E / 1.26° N; 103.51° E / 1.26; 103.51) и Браќата (1°11′ N; 103°21′ E / 1.19° N; 103.35° E / 1.19; 103.35), а оттаму до Клајн Каримун (1°10′ N; 103°23′ E / 1.16° N; 103.39° E / 1.16; 103.39).

На север. Југозападниот брег на Малајскиот Полуостров.

На југ. Североисточниот брег на Суматра на исток сè до Танџонг Кедабу (1°06′ N; 102°58′ E / 1.1° N; 102.96° E / 1.1; 102.96), а оттаму до Клајн Каримун.

Стопанска важностУреди

Од стопанска и стратешка гледна точка, Малачкиот Проток претставува еден од најважните водни патишта во светот.

Протокот е главен премин за бродскиот сообраќај помеѓу Индискиот и Тихиот Океан, поврзувајќи ги најголемите стопанства во Азија како Индија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Годишно низ протокот поминуваат по 94.000[2] бродови,[3] и превезуваат една четвртина од трговската стока во светот како нафта, кинески производи и индонезиско кафе.[4]

Нив Малачкиот Проток минува и една четвртина од нафтените танкери во светот, главно од земјите во Персискиот Залив кон големите азиски пазари како Кина, Јапонија и Јужна Кореја. Во 2006 низ теснецот се превезувале 15 милиони барели дневно (2.400.000 м3/ден).[5]

Најголемите бродови што можат да поминат низ протокот се нарекуваат „малакамакс“. Протокот е длабок само 25 м, па затоа најголемите бродови (претежно нафтени танкери) не можат да поминуваат низ него. Бродовите што се поголеми од ова мораат да одат преку Ломбочкиот и Макасарскиот Проток, преминот Сибуту и Миндорскиот Проток.

Во Филипсовиот Канал во подрачјето јужно од Сингапур, Малачкиот Проток се стеснува до 2,8 км (1,5 морски милји), што претставува едно од најзначајните геостратешки тесни грла на светот.[6]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. "Граници на океаните и морињата, III издание" (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
  2. Aljazeera.net (англиски)
  3. Малачки Проток - Тесни грла во светската нафтена трговија - Управа за енергетско информирање на САД (англиски)
  4. Freeman, Donald B. (2003). The Straits of Malacca: Gateway or Gauntlet?. McGill-Queen's University Press. ISBN 0-7735-2515-7.. A book review citing this information can be found at University of Toronto Quarterly, Volume 74, Number 1, Winter 2004/5, стр. 528-530
  5. Малачки Проток - Тесни грла во светската нафтена трговија - Управа за енергетско информирање на САД (англиски)
  6. Тесни грла во светскиот превоз на нафта (англиски)

Надворешни врскиУреди