Македонска лична карта
Личната карта е лична исправа во Република Македонија со која се докажува идентитетот, државјанството, живеалиштето и адресата на граѓанинот на државата. Документот го издава Министерството за внатрешни работи (МВР). Секој граѓанин со наполнети 18 години возраст е должен да има лична карта. Лична карта може да му се издаде на граѓанинот со наполнети 15 години живот по лично барање, по претходна согласност од родителите, законскиот застапник или старателот.[1]
Изглед
уредиПо изглед, македонската лична карта личи на кредитна картичка, со тоа што е пластична и правоаголна. Оддесно стои фотографија на сопственикот. На горниот раб стои името Република Македонија на два јазика, македонски (кирилица) и англиски (латиница). Под тоа, со големи букви стои натписот „Лична карта“, исто така на двата јазика. На картата се прикажани и знамето и грбот на државата.
Печатени податоци
уредиОписот на секое поле стои на македонски и англиски.
- Предна страна:
- Презиме
- Име
- Државјанство
- Пол
- Датум на раѓање
- Број на лична карта
- Датум на издавање
- Важи до
- Потпис
- Задна страна:
- Место на раѓање
- Живеалиште и адреса
- Издадена од
- Машински читливи податоци
Историја
уредиКон крајот на 18 и почеток на 20 век , кога Македонија била дел од Отоманското Царство, жителите морале да поседуваат отоманска лична карта. Таквата карта била позната како nüfus tezkeresi (на османски турски јазик),[2] или нофуз (на македонски јазик).[3] За важноста на овие карти зборува на пример барањето на Крсте Мисирков да се впише „Македонци“ внаместо Македонски Словени..[4]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Издавање на лична карта Архивирано на 11 март 2018 г.
- Што е лична карта? Архивирано на 5 декември 2008 г.
- Барање за лична карта Архивирано на 1 мај 2015 г.
Наводи
уреди- ↑ Министерство за внатрешни работи
- ↑ Chris Gratien, Ottoman Identity Card; includes images of the cards
- ↑ Kunchov, Vasil (1900), Makedonii͡a, Sofia: Bulgarskoto Knizhevno Druzhestvo, стр. 135
- ↑ Misirkov, Krste (1903), Za Makedonskite Raboti (On Macedonian Affairs), Sofia, стр. 38 (македонски)