Биометриски пасош

Биометриски пасош (познат како е-пасош, ePassport или дигитален пасош) е традиционален пасош кој има вграден електронски микропроцесор чип кој содржи биометриски информации коишто можат да се користат за автентикација на идентитетот на имателот на пасошот. Ја користи технологијата на бесконтактните паметни картички, заедно со микропроцесорски чип (компјутерски чип) и антена (и за напојување на чипот и за комуникација) вградени во предниот или задниот капак, или на средната страница, на пасошот. Важните информации за имателот на пасошот се отпечатени на страницата за податоци, повторени на машинските линии и врежани во чипот. Инфраструктурата со јавен клуч (PKI) се користи за автентикација на податоците зачувани во чипот, што го прави скап и тежок за фалсификување кога сите безбедносни механизми се целосно и правилно спроведени.

Овој биометриски симбол е вообичаено испечатен на корицата на биометриските пасоши.

Многу земји почнуваат да издаваат биометриски пасоши на своите граѓани. Малезија е првата земја која има издадено биометриски пасоши во 1998 година.[1] Во декември 2008 година, 60 земји издале вакви пасоши,[2] кои се имаат зголемено за на над 150 до средината на 2019 година.[3]

Наводи

уреди

[[Категорија:* Биометриски пасош

  1. Mohd Jamal Kamdi. „THE MALAYSIAN ELECTRONIC PASSPORT“ (PDF). Посетено на 21 February 2018.
  2. „Over 60+ countries now issuing ePassports - FindBiometrics“. FindBiometrics (англиски). 30 December 2008. Архивирано од изворникот на 6 April 2017. Посетено на 5 April 2017.
  3. 2/ „The electronic passport in 2021 and beyond“ Проверете ја вредноста |url= (help) (англиски). Thales Group. Посетено на March 31, 2021.