Македонија на Евровизија 2013
Македонија учествуваше на Изборот за песна на Евровизија 2013 во Малме, Шведска. Македонскиот влез беше избран преку интерен избор, организиран од македонскиот радиодифузер МРТ. Есма и Лозано ја претставуваа Македонија со песната „Пред да се раздени“, која не успеа да се пласира во второто полуфинале на натпреварувањето, пласирајќи се на 16-тото место со 28 поени.
Евровизија 2013 | ||||
---|---|---|---|---|
Држава | Македонија | |||
Национален избор | ||||
Изборен процес | Интерен избор | |||
Дата на избор | Изведувач: 29 декември 2012 Song: 15 март 2013 | |||
Избран учесник | Есма и Лозано | |||
Избрана песна | "Пред да се раздени" | |||
Избран текстописец |
| |||
Изведба во финале | ||||
Полуфинален резултат | не се квалификувала (16та) | |||
Македонија на Евровизија | ||||
|
Пред Евровизија
уредиВнатрешен избор
уредиНа 29 декември 2012, МРТ објави дека внатрешно ги избрале Есма Реџепова и Влатко Лозаноски да ја претставуваат Македонија во Малме.[1][2] И двајцата претходно во неколку наврати се обидоа да учествуваат на Изборот за песна на Евровизија натпреварувајќи се во неколку македонски национални финални избори низ годините: Реџепова се натпреваруваше во 2006 со песната „Љубов е...“ во дует со Адријан Гаџа и се пласираше втора, додека Лозаноски се натпреваруваше во 2009 со песната „Блиску до мене“, и во 2010 со песната „Летам кон тебе“, и двете беа пласирани четврти.
На 19 февруари 2013, беше објавено дека Реџепова и Лозаноски ќе ја изведат песната „Империја“, напишана од Симеон Атанасов и Борче Нечовски, на Изборот за песна на Евровизија 2013.[3] „Империја“ беше претставена пред јавноста во специјална емисија водена од Димитар Атанасовски, која се одржа на 27 февруари 2013 во студиото на МРТ во Скопје и се емитуваше на МРТ 1 и МРТ Сат.[4] Покрај претставувањето на влезот на Реџепова и Лозаноски за Евровизија 2013, емисијата вклучуваше изведби на песни од нивните соодветни репертоари, како и гостување на македонската евровизиска претставничка во 2012, Калиопи, изведувајќи го нејзиниот запис „Црно и бело“.
Промена на песната
уредиНа 8 март 2013, неколку македонски медиуми објавија дека „Империја“ ќе биде повлечена и заменета со нова песна поради незадоволство од песната и поплаки од македонската јавност.[5][6] Новата песна „Пред да се раздени“, напишана од Дарко Димитров, Лазар Цветкоски, Симеон Атанасов и Магдалена Цветкоска, беше претставена на јавноста на 27 февруари 2013 за време на вечерните вести на МРТ.[7][8]
На Евровизија
уредиМакедонија беше распределена да се натпреварува во второто полуфинале на 16 мај за место во финалето на 18 мај.[9] Во второто полуфинале, продуцентите на шоуто одлучија Македонија да настапи на третото место, по Сан Марино и пред Азербејџан.[10] На сцената, на Есма и Лозано им се придружија двајца придружни вокали: Нина Јанева и Елеонора Мустафовска.[11] Македонската делегација размислуваше за неколку измени на нивниот влез во Малме, што вклучуваше додавање текст на англиски јазик и промена на насловот на песната во „If I Could Change the World“.[12] На крајот, делегацијата одлучи да го изведе записот на неговите оригинални јазици под насловот на песната на македонски јазик.[13] Македонија не успеа да се пласира од второто полуфинале на натпреварувањето, пласирајќи се на 16-тото место и освојувајќи 28 бодови.[14][15]
Гласање
уредиДоделени бодови за Македонија
уредиРезултат | Земја |
---|---|
12 поени | Албанија |
10 поени | |
8 поени | |
7 поени | |
6 поени | |
5 поени | |
4 поени | Швајцарија |
3 поени | |
2 поени | Сан Марино |
1 поен |
Доделени бодови од Македонија
уреди
|
|
Наводи
уреди- ↑ Jiandani, Sanjay (11 December 2012). „FYR Macedonia most likely to have internal selection“. Esctoday.com.
- ↑ Jiandani, Sanjay (29 December 2012). „Esma Redzepova and Vlatko Lozanoski to represent FYR Macedonia“. Esctoday.com.
- ↑ Aleksoska-Nedelkovska, Sonja (19 February 2013). „Со "Империја" на Евросонг“. Dnevnik. Архивирано од изворникот на 1 August 2013.
- ↑ Busa, Alexandru (27 February 2013). „Watch now: Song presentation in FYR Macedonia“.
- ↑ Aleksoska-Nedelkovska, Sonja (8 March 2013). „Дарко Димитров и Лазар Цветковски ангажирани за новата евровизиска песна“. Dnevnik. Архивирано од изворникот на 14 March 2013.
- ↑ Randjelovic, Denis (9 March 2013). „FYR Macedonia: Local press reports claim Imperija will be replaced“. Esctoday.com.
- ↑ Omelyanchuk, Olena (15 March 2013). „New song for Esma & Lozano announced“. Eurovision.tv.
- ↑ Jiandani, Sanjay (Sergio) (15 March 2013). „FYR Macedonia: New song Pred da se razdeni presented“. Esctoday.
- ↑ Siim, Jarmo (17 January 2013). „Draw results: Who's in which Semi-Final?“. Eurovision.tv.
- ↑ Siim, Jarmo (28 March 2013). „Eurovision 2013: Semi-Final running order revealed“. Eurovision.tv.
- ↑ „Македонската евровизиска делегација отпатува за Малме“. Nova Makedonija. 7 May 2013. Архивирано од изворникот на 16 June 2013.
- ↑ Bokholm, Mirja (8 May 2013). „Makedoniens ändringar en fatal miss“ (шведски). Sveriges Television. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 8 May 2013.
- ↑ Brey, Marco (11 May 2013). „Lozano to sing in Macedonian“. Eurovision.tv. Посетено на 11 May 2013.
- ↑ Leon, Jakov (16 May 2013). „We have ten more finalists!“. Eurovision.tv. Посетено на 16 May 2013.
- ↑ „Second Semi-Final of Malmö 2013“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот на 2 May 2021. Посетено на 2 May 2021.
- ↑ 16,0 16,1 „Results of the Second Semi-Final of Malmö 2013“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот на 4 May 2021. Посетено на 4 May 2021.
- ↑ „Results of the Grand Final of Malmö 2013“. European Broadcasting Union. Архивирано од изворникот 4 May 2021. Посетено на 4 May 2021.