Марко Пантани

велосипедист

Марко Пантани ( италијански: Marco Pantani ; 13 јануари 1970 година - 14 февруари 2004 година) — поранешен италијански професионален велосипедист, еден од најдобрите во историјата на професионалниот велосипедизам. Тој го достигнал врвот на својата кариера во 1998 година со освојување на Тур де Франс и Џиро д’Италија. Со тие победи, тој станал вториот Италијанец што триумфирал на двете најважни трки во истата година. Пред него, во тоа успеал само Фаусто Копи.

Марко Пантани
Пантани во 1997
Лични податоци
Цело имеМарко Пантани
ПрекарIl Pirata (пират), Elefantino (мал слон)[1]
Роден13 јануари 1970(1970-01-13)
Чезена, Италија
Починал14 февруари 2004(2004-02-14) (возр. 34)
Римини, Италија
Висина&100000000000001720000001,72 м
Маса57 kg (126 lb; 9 st 0 lb)
Податоци за клубот
Улогавелосипедист
Вид на возачпланинар
Марко Пантани на Џиро д’Италија

Завојот што Пантани го носел на главата бил причина за неговиот прекар Гусар ( италијански: Il Pirato) по што бил познат во светот. Во 1999 година тој паднал на антидопинг тестот на крвта и бил отстранет од Џира. Поради тоа, тој бил под голем притисок од неговиот клуб и медиумите. Во 2004 година тој се самоубил со голема доза кокаин.

Кариера

уреди

Почеток на кариерата

уреди

Пантани му се придружил на тимот на Фауст Копи на 11-годишна возраст, а во 1990 година го освоил третото место во трката Бејби Џиро, аматерска верзија на трката Џиро д’Италија. Во 1991 година го освоил второто место, а во 1992 година, го освои Бејби Џиро. Во истата година, тој станал професионалец.

1992—1996 година

уреди

Во 1992 година, тој потпишал договор со италијанскиот тим Карера, со минимална плата. Пантани побарал промена на договорот ако победи на Џиро или Тур де Франс. На својата прва професионална трка, големата награда Камајоре (италијански: Gran Premio Città di Camaiore), завршил на 12-то место.

Во 1993 година, тој завршил на петтото место во квалификациите на трката Џиро дел Трентино и го направил своето деби на Џиро д'Италија, како асистент на Клаудио Кјапучи, но не успеа да ја заврши трката, напуштајќи ја за време на 18-та фаза.

Во 1994 година, пред второто учество на Џиро д’Италија, тој го освоил четвртото место на трката Џиро дел Трентино и на Џиро Тоскана. На Џиро д’Италија, Пантани повторно дошол како асистент на Клаудио Кјапучи и победил на две планински етапи, запишувајќи ги првите победи како професионалец. Добрите возења му донеле второ место на крајот, пред Мигел Индураин, кој претходните две години го освои Џиро. Пантани дебитирал во 1994 година на Тур де Франс, каде го освои третото место и пласман за најдобар млад возач.

Во 1995 година, тој бил удрен од автомобил за време на тренинг, но без сериозни последици. Пантани се подготвувал за Џиро, но решил да не го вози, фокусирајќи се на Тур де Франс. Пред Тур, тој освоил етапа на трката околу Швајцарија. На Тур де Франс завршил на 13-тото место, но освоил две етапи и пласман за најдобар млад возач втора година по ред. На Светскиот куп, Пантани го освоил третото место, зад Шпанците Абрахам Олан и Мигел Индураин. После враќањето во Италија, тој бил удрен од автомобил за време на трката Милан - Торино, поради што тој пропуштил голем дел од сезоната 1996 година.

1997 година

уреди

На крајот на 1996 година, Карера тимот бил затворен, а Пантани и десет други возачи се преместиле во нов италијански тим, Меркатоне, каде Пантани бил водач. На почетокот на сезоната, тој го освоил третото место на Тур Баскиски земји, четвртото место на Критериум Интернационал, петтото на Флеш Валон и осмото на Лиеж-Бастоњ-Лиеж.

Тој се вратил на Џиро по двегодишна пауза, но претрпел повреда кога црна мачка предизвикала инцидент пред него на една од првите етапи. Пантани ја завршил етапата, а потоа го одвеле во болница и не можел да го продолжи Џиро.

Тој успеал навреме да се опорави за Тур де Франс, каде победил во две етапи, поставувајќи рекордно време на „Алп ду Езу“. Пантани на Тур завршил на третото место, зад Јан Улрих и Ричард Виренко.

1998 година

уреди

Во 1998 година, Пантани бил еден од најголемите фаворити за победа на Џиро, заедно со Швајцарецот Алекс Цуле и победниците на претходните два Џира, Павел Тонков и Иван Готи. Цуле го освоил прологот на отворањето, а подоцна и шестата етапа. По искачувањето на етапата 15, Пантани заостанал четири минути зад Цуле, а тек требало се вози хронометар на последната етапа, што не му одговарало на Пантани. Во етапата 17, Пантани го нападнал Цуле и му зел преку четири минути, Цуле паднал на четвртото место. Во следните етапи, Пантани го одземла времето на Тонков и хронометарот чекал со минута и пол предност. На првиот хронометар, Тонков му земал една минута на Пантанија и бил самоуверен, но Пантани возел дури и подобар од Тонков, тој завршил на третото место, одземајќи му уште 5 секунди. Пантани го освоил Џиро, како и планинската класификација, а завршил на второто место во класификацијата по бодови.

Пантани исто така дошол на Тур де Франс како еден од фаворитите, но тој веќе изгубил многу време во првата етапа, завршил 181 од 189 возачи, четири минути зад Јан Улрих. Во следните етапи, тој го намалувал заостатокот, сè до Алпите, каде завршил девет минути пред Улрих и не ја изгубил таа предност. Пантани станал првиот италијанец што освоил Тур по Фелилеа Џимонди во 1965 година. До денес, Пантани е последниот возач кој освоил Џиро и Тур во истата година.

1999 година

уреди

Во 1999 година, Пантани победил во трката на Вуелта Мурсија со една етапа. Тој бил водач на Џиро, а во претпоследната етапа бил позитивен на тестот за допинг, бил дисквалификуван од Џиро и добил двонеделна забрана за возење. Пред дисквалификацијата, Пантани бил водач со над пет минути предност, тој освоил четири етапи и бил водач во планинската класификација по бодови.

2000—2003 година

уреди

Во 2000 година Пантани се вратил на Џиро, но не бил конкурентен, завршувајќи само на 28-то место. По Џиро, тој исто така го возел Тур де Франс, каде се борел со Ленс Армстронг. Во етапата 12, Армстронг му ја оставил победата, а Пантани изјавил дека е навреден од тој гест. Лошата врска меѓу двајцата возачи започнала кога Амстронг го нарекол Пантани слон. Пантани победил и на етапата 15, а тоа била неговата последна победа во неговата професионална кариера. Во следната фаза, тој го напуштил Тур поради стомачен вирус и никогаш не се вратил да вози на Тур.

Во 2001 и 2002 година не постигнал добри резултати. Возел на Џиро, но бил дисквалификуван затоа што во неговата соба бил пронајден инсулин и тој бил суспендиран осум месеци. Неговата суспензија подоцна била намалена поради недостаток на докази. Во 2002 година повторно не успеа да го заврши Џиро.

Тој се вратил на Џиро во 2003 година и заврши на 14-то место. Тоа била последната трка во неговата кариера. Тој ја заврши кариерата во јуни, а потоа отишол на клиниката за нервни болести.

Алп д'Уез

уреди
 
Пантани бил погребан во Чезенатико.

Марко Пантани во 1997 година поставил рекорд на планинскиот премин Алп Д’Уез, забележувајќи време од 37 минути и 35 секунди во етапата Тур де Франс (според некои извори, реалното време е 37 минути и 34 секунди). Победникот на Тур де Франс во 2008 година, Карлос Састре, на тој премин поставил време од 39 минути и 31 секунда.

Допинг

уреди

Откако бил дисквалификуван од Џиро д’Италија, во 1999 година, заради покачено ниво на хематокрит (тој имал 52%, дозволено е 50), Пантани се соочил со постојани обвинувања за допинг до крајот на неговата кариера. Во јуни 1999 година, судот го осудил градот Торино да му надомести на Пантани за инцидентот на трката Милан-Торино во 1995 година, во кој Пантани завршил со неколку повреди и му требало долго време да се опорави и да се врати на патот. Неколку дена подоцна, италијанскиот обвинител го обвинил Пантани за спортски навреда, бидејќи неговото ниво на хематокрит по таа трка било 60 проценти. Во 1997 година, Светската унија за велосипедизам (УЦИ) вовела ограничување на хематокрит од 50%, а на возачите кои преминале малку повеќе, им била одредена двонеделна суспензија.

Во 1999 година, италијанскиот весник „Република“ објавил статија во која се поврзува Пантани со Франческо Конкони, кој давал ЕПО на италијанските велосипедисти во периодот од 1993 до 1998 година. За време на март 1994 година, неговото ниво на хематокрит било 40,7%, а во мај, за време на етапа на Џиро, неговото ниво на хематокрит било 54%, а во јуни достигнало 58%. Во октомври 1995 година, неговото ниво на хематокрит на трката Милан-Торино било 60%.

За време на Џира во 2001 година, бил пронајден инсулин во неговата соба. Пантани тврдел дека неговиот инсулин е подметнат и дека тој не поминал таа ноќ во собата.

Во 2002 година тој бил суспендиран на осум месеци, но неговата жалба била прифатена и неговата суспензија се намалила поради недостаток на докази.

Во 2013 година, францускиот сенат потврдил дека Пантани бил позитивен на ЕПО за време на тестовите во 1998 година, кои беа повторени во 2004 година.

Смрт

уреди

На 14 февруари 2004 година, Пантани бил пронајден мртов во хотел во Римини. Причината е кокаинот. Пантани последниот ден го поминал далеку од семејството и пријателите, заклучен во хотелска соба. Неговата поранешна девојка рекла дека Пантани започнал да зема кокаин во 1999 година кога бил дисквалификуван од Џиро.

По неговата смрт, Пантани станал предмет на неколку книги, песни и филмови.

Наводи

уреди
  1. Vergne, Laurent (22 July 2015). „Cannibale, Chéri-pipi, Wookie, Andy torticolis… le Top 20 des surnoms mythiques du cyclisme“ [Cannibal, Chéri-pipi, Wookie, Andy Torticollis... the Top 20 mythical nicknames of cycling]. Eurosport (француски). Посетено на 11 April 2016.

Надворешни врски

уреди