Кристијано Дони (роден на 1 април 1973 година во Рим) — италијански поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Кристијано Дони
Лични податоци
Роден на 1 април 1973(1973-04-01)(51 г.)
Роден во Рим, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 30 јуни 2012 (39 години)
Младинска кариера
Модена Модена
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991-1992 Модена Модена 0 (0)
1992-1993Римини Римини 31 (6)
1993-1994Пистоезе Пистоезе 31 (3)
1994-1996 Болоња Болоња 54 (11)
1996-1998 Бреша Бреша 51 (8)
1998-2003 Аталанта Аталанта 145 (55)
2003-2005 Сампдорија Сампдорија 44 (6)
2005-2006 Мајорка Мајорка 24 (2)
2006-2012 Аталанта Аталанта 151 (48)
Репрезентација
2001-2002 Италија Италија 7 (1)
* Ажурирано на: 17 јануари 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Најголемиот дел од кариерата Дони го поминал во екипата на Аталанта за која одиграл повеќе од 300 официјални натпревари и е најдобриот стрелец во историјата на клубот со постигнати 122 гола во сите натпреварувања. Покрај Аталанта, настапувал уште и за Модена, Римини, Пистоезе, Болоња, Бреша, Сампдорија и Мајорка.

За италијанската репрезентација одиграл 7 натпревари и постигнал еден гол, а дебитирал во 2001 година во пријателски натпревар против Јапонија во Саитама. Тој исто така ја претставувал Италија на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја.

Клупска кариера

уреди

Дони е роден во Рим, но израснал во Верона каде што и започнал да се занимава со играње фудбал во малиот клуб Крејзи Коломбо, за набргу потоа да се приклучи на Примавера тимот на Модена. На 18 годишна возраст го потпишал првиот професионален договор, а потоа во следните две сезони бил позајмен на Римини и Пистоезе. Во сезоната 1994-1995 Дони потпишал за Болоња која во тоа време се натпреварувала во Серија Ц1, помагајќи им да изборат промоција во Серија Б за следната сезона постигнувајќи 8 гола во 25 натпревари.

Тој го направил своето деби во Серија А во сезоната 1997-1998 со екипата на Бреша во натпревар против Интер на 31 август 1997. Во текот на летото 1998, Дони пристигнува во Бергамо потпишувајќи договор Аталанта во Серија Б, со цел да му помогне на клубот да се врати во највисокот ниво на италијанскиот фудбал. Тој набрзо станува клучен дел од тимот, благодарение на неговата напорна работа и посветеност. Во сезоната 1999-2000 Аталанта успева да избори промоција во Серија А под водство на тренерот Џовани Вавасори, а Дони дал голем придонес за успехот со 14 постигнати голови на 37 натпревари во Серија Б таа сезона. И во следните три сезони во Серија А, Дони бил референтна точка на Аталанта меѓутоа ниту неговите 10 гола не му помогнале на клубот да опстане во Серија А во сезоната 2002-2003, кога со поразот од Реџина во плејаутот биле осудени на испаѓање.

По испаѓањето на Аталанта, Дони и се приклучил на екипата на Сампдорија за која одиграл 44 натпревари и постигнал 6 гола во две сезони во Серија А. Откако му истекол договорот со блучерати, го имал своето прво искуство во кариерата во странство потпишувајќи за Мајорка на 32-годишна возраст. Тој одиграл само една сезона во клубот запишувајќи 24 натпревари и 2 гола во Примера Дивисион, пред да се врати назад во Аталанта во август 2006.[1] До крајот на својата кариера одиграл уште пет сезони во дресот на Аталанта, станувајќи најдобар клупски стрелец во историјата на клубот со 122 постигнати гола во сите официјални натпреварувања. Исто така станал и почесен грѓанин на градот Бергамо.[2] Сепак, кариерата ја завршува неславно бидејќи на 9 август 2011 бил осуден на 3 и пол годишна забрана од фудбалот поради негова вмешаност во скандал со наместени натпревари, поради што бил приморан да ја заврши својата играчка кариера на возраст од 39 години.[3] На 19 декември, бил уапсен заедно со уште 16 други луѓе вклучени во друга истрага за наместени натпревари, во која и самиот Дони признал дека бил вмешан.[4]

Репрезентативна кариера

уреди

Дони одиграл седум натпревари за Италија, а првиот настап го имал на 7 ноември 2001 година, во пријателски натпревар против Јапонија во Саитама, на кој го постигнал и својот прв репрезентативен погодок.[5] Следната година тој бил избран во од селекторот Џовани Трапатони во составот на репрезентацијата за Светското првенство 2002, каде направил два настапи во првото коло од групната фаза против Еквадор[6] во победата со 2-0 и потоа во поразот со 1-2 од Хрватска во кој асистирал за голот на Кристијан Виери.[7]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
07-11-2001 Саитама Јапонија   1 – 1   Италија Пријателска 1   46'   65'   89'
13-02-2002 Катанија Италија   1 – 0   САД Пријателска -   46'
27-03-2002 Лидс Англија   1 – 2   Италија Пријателска -   75'
03-06-2002 Сапоро Италија   2 – 0   Еквадор СП 2002 - Прва фаза -   65'
08-06-2002 Кашима Италија   1 – 2   Хрватска СП 2002 - Прва фаза -   79'
21-08-2002 Трст Италија   0 – 1   Словенија Пријателска -
12-10-2002 Неапол Италија   1 – 1   Србија и Црна Гора Квал. за Евро 2004 -   46'
Вкупно Настапи 7 Голови 1

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 29 мај 2011.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1991-1992   Модена Б 0 0 КИ 0 0 - - - - - - 0 0
1992-1993   Римини Ц2 31 6 КИ-Ц ? ? - - - - - - 31+ 6+
1993-1994   Пистоезе Ц1 31 3 КИ-Ц ? ? - - - - - - 31+ 3+
1994-1995   Болоња Ц1 25 8 КИ-Ц ? ? - - - - - - 25+ 8+
1995-1996 Б 29 3 КИ ? ? - - - - - - 29+ 3+
Вкупно Болоња 54 11 ? ? - - - - 54+ 11+
1996-1997   Бреша Б 30 7 КИ ? ? - - - - - - 30+ 7+
1997-1998 А 21 1 КИ ? ? - - - - - - 21+ 1+
Вкупно Бреша 51 8 ? ? - - - - 51+ 8+
1998-1999   Аталанта Б 27 8 КИ 7 3 - - - - - - 34 11
1999-2000 Б 35 14 КИ 6 3 - - - - - - 41 17
2000-2001 А 27 7 КИ 7 3 - - - - - - 34 10
2001-2002 А 30 16 КИ 2 0 - - - - - - 32 16
2002-2003 А 26+1[8] 10+0[8] КИ 1 0 - - - - - - 28 10
2003-2004   Сампдорија А 22 5 КИ 2 1 - - - - - - 24 7
2004-2005 А 22 1 КИ 2 3 - - - - - - 24 4
Вкупно Сампдорија 44 6 4 4 - - - - 48 11
2005-2006   Мајорка ПД 24 2 КШ 0 0 - - - - 24 2
авг. 2006 ПД 0 0 КШ 0 0 - - - - - - 0 0
Вкупно Мајорка 24 2 0 0 - - - - - - 24 2
2006-2007   Аталанта А 26 13 КИ 0 0 - - - - - - 26 13
2007-2008 A 30 12 КИ 0 0 - - - - - - 30 12
2008-2009 А 31 9 КИ 1 0 - - - - - - 32 9
2009-2010 А 30 2 КИ 2 0 - - - - - - 32 2
2010-2011 Б 34 12 КИ 0 0 - - - - - - 34 12
2011-2012 А 0 0 КИ 0 0 - - - - - - 0 0
Вкупно Аталанта 296+1 103+0 26 9 - - - - 323 112
Вкупно во кариерата 531+1 139+0 30+ 13+ - - - - 562+ 152+

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Болоња

уреди

  Бреша

уреди

  Аталанта

уреди

Наводи

уреди
  1. Doni looking for Islanders exit; Sky Sports
  2. Atalanta, Doni cittadino benemerito di Bergamo[мртва врска]
  3. „Betting: the decisions of the disciplinary panel“ (италијански). Lega Serie A. 9 August 2011. Архивирано од изворникот на 2012-09-26.
  4. „Ex-Italy player Cristiano Doni arrested over match-fixing“. BBC Sport. 19 December 2011. Посетено на 13 February 2012.
  5. „Japan challenge gives Doni to Trap“ (италијански). La Repubblica. 7 November 2001. Посетено на 3 April 2014.
  6. Massimo Vincenzi (3 June 2002). „Italy starts well – Ecuador defeated 2–0“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 5 January 2016.
  7. Dario Olivero (8 June 2002). „The film: Italy–Croatia match report“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 5 January 2016.
  8. 8,0 8,1 Бараж за опстанок.

Надворешни врски

уреди