Франсиско Хосе Родригес да Кошта попознат како Коштиња (роден на 1 декември 1974 година во Лисабон) — португалски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред.

Коштиња
Лични податоци
Роден на 1 декември 1974(1974-12-01)(50 г.)
Роден во Лисабон, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 26 февруари 2010 (35 години)
Младинска кариера
Ориентал Ориентал Лисабон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994–1995 Ориентал Ориентал Лисабон 26 (3)
1995-1996 Машико Машико 30 (5)
1996–1997 Насионал Насионал 27 (4)
1997-2001 Монако Монако 84 (3)
2001-2005 Порто Порто 108 (13)
2005-2006 Динамо Москва Динамо Москва 10 (0)
2006-2007 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 24 (0)
2007-2010 Аталанта Аталанта 1 (0)
Репрезентација
1998-2006 Португалија Португалија 53 (2)
Раководител на екипите
2013 Беира-Мар Беира-Мар
2013 Пасош де Фереира Пасош де Фереира
2016-2017 Акадеимика Академика
2017-2019 Насионал Насионал
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Играчка кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Роден е во Лисабон како син на татко Анголец кој емигрирал во португалската престолнина во текот на 1960-тите.[1] Својата фудбалска кариера ја започнал во родниот град играјќи најпрво за младинската екипа на фудбалскиот клуб Ориентал, а подоцна го направил и своето професионално деби и настапувал за првиот тим.

По една сезона во Машико и Насионал, во летото 1999 Коштиња бил купен од Монако. Набргу се изборил за место во почетната постава во новиот клуб и со него го освојува првиот трофеј во кариерата, француската Лига 1 во сезоната 1999-2000. После четири години поминати во Монако, се вратил во Португалија каде потпишал за Порто и веднаш станал многу важен играч во средниот ред кај тренерот Жозе Мурињо. Речиси сите негови успеси во кариерата дошле токму со Порто, освојувајќи две национални првенства (2002-2003, 2003-2004), еден Куп на Португалија (2002-2003), еден Суперкуп на Португлија (2003, 2004), Купот на УЕФА (2002-2003) и Лигата на шампионите (2003-2004). На патот до европскиот престол, Коштиња го постигнал одлучувачки гол во осмина финалето против Манчестер Јунајтед, израмнувајќи го резултатот на 1-1 во последните минути од реваншот на Олд Трафорд, со што му помогнал на Порто да продолжи понатаму по победата од 2-1 во Португалија.[2]

Во мај 2005, рускиот клуб Динамо Москва го довел Коштиња во својте редови заедно со уште двајца негови соиграчи од Порто Манише и Сеитаридис, а од претходно таму настапувал уште еден поранешен играч на Порто Дерлеи.[3] Меѓутоа, играчот од средниот ред не се пронашол во Русија па веќе следната сезона бил продаден на Атлетико Мадрид.[4]

Откако бил отшуштен од Атлетико Мадрид, Коштиња како слободен играл потпишал договор со италијанската Аталанта во август 2007.[5] На 2 септември 2007, дебитирал во Серија А, играјќи 54 минути во победата на домашен терен над Парма. Поради бројни повреди, тоа се испоставило неговиот единствен натпревар за клубот. Поради тоа што не бил во можност да игра а и високата годишна плата од 700.000 евра, клубот одлучил да го отпушти Коштиња. Откако неуспеале да се договорат околу раскинувањето на договорот, Аталанта пробала да го поништи договорот преку италијанската фудбалска федерација, но исто така без успех.[6] Коштиња го напуштил клубот тек на 23 февруари 2010 со взаемна согласност. Со напуштањето на Аталанта, Коштиња ја завршил својата играчка кариера.

Репрезентативна кариера

уреди

Коштиња дебитирал за Португалија на 14 октомври 1998 во квалификациски натпревар за Европското првенство 2000 против Словачка. Репрезентацијата изборила пласман на тој турнир, а во натпреварот од групната фаза против Романија, Коштиња постигнал гол во четвртата минута од судиското продолжение за минимална победа од 1-0 и пласман на Португалија во нокаут-фазата.[7]

Со репрезентацијата уште играл и на Европското првенство 2004 и Светското првенство 2006. Последниот натпревар во националниот дрес го одиграл на 11 октомври 2006, против Полска.[8] Вкупно има 53 настапи за португалската репрезентација и два гола.

Спортски директор

уреди

По завршувањето на играчката кариера бил именуван за спортски директор на Спортинг Лисабон, заменувајќи го разрешениот Рикардо Са Пинто. На таа позиција бил до 9 февруари 2011 кога бил отпуштен заради дадено интервју на каналот Sport TV каде го критикувал клупското водство.[9]

Истата работа ја вршел и во швајцарскиот Сервет каде бил отпуштен заради лошите резултати.

Тренерска кариера

уреди

Коштиња бил назначен за тренер на екипата на Беира-Мар на 18 февруари 2013, заменувајќи го Улисеш Мораиш.[10] Тој заминал од клубот на 22 мај по испаѓањето од првата лига.[11]

Исто така ја водел и екипата на Пасош де Фереира, но и таму добил отказ и тоа само четири месеци по назначувањето заради слабите резултатати.

Титули

уреди

  Монако

уреди
1999-2000
1997, 2000.

  Порто

уреди
2002-2003, 2003-2004.
2002-2003.
2003, 2004.
2002-2003
2003–2004
2004

Наводи

уреди
  1. „O pai do nosso Costinha“. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2015-04-02.
  2. Costinha carrying the fight
  3. Porto pair move to Moscow
  4. Costinha aims high with Atlético
  5. Costinha off to Atalanta
  6. Offresi Costinha disperatamente Atalanta stufa dell' amico di Mou
  7. Portugal leave it late to see off Romania
  8. Transfermarkt.de - Costinha
  9. „Sporting sack Costinha“. Архивирано од изворникот на 2013-12-12. Посетено на 2015-04-02.
  10. „Costinha is the new manager of Beira-Mar“ (португалски). Jornal de Notícias. 18 February 2013. Архивирано од изворникот на 2013-12-11. Посетено на 23 August 2013.
  11. "I will not stay with Beira-Mar" – Costinha“ (португалски). A Bola. 22 May 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-07. Посетено на 23 August 2013.

Надворешни врски

уреди